Пред 2 години имавме случка во Грција со другар кај се паркиравме "непрописно"(на пат за накај дома застанавме да купиме гиро) и во рок од 5 минути ни ги извадија таблиците и потоа следеше голгота од 2 дена каде што грчките џандари на одма платена казна не дупеа и не праќаа по полициски станици во 3 различни градови за да ни ги вратат таблиците под изговор дека локалните сообраќајни полицајци таблиците ги праќале во некоја општинска станица или не знам што, за на крај да кулминира све тоа со грчки инспектор "патриот" да ни се заканува да му ја предадеме сообраќајна дозвола(или меѓународна или обична) и дека не смееме да ја напуштиме Грција две недели се додека не се испроцесирала казната и таблиците да стигнеле за да ни ги дадат. Другарот тогаш немаше меѓународна, после 20 минути молење со инспекторот дека мора да се вратиме у Македонија и негово непопуштање, му направивме филм на инспекторот демек идеме до паркинг да ја земеме дозволата и фатифме штрафта за накај Македонија. Да имаше другаров меѓународна, ќе му ја оставевме таа и немаше цел пат за накај дома да паничиме дали инспекторов ќе не пријавува на патроли или ќе не приведат на граница и да ѕвониме по амбасади и МВР да прашуваме дали ќе ни направат проблем што возиме кола без таблици на наша или на грчка граница. На крај се испадна океј, грчка граница ништо не спомнаа, на наша граница ни се изнасмеаа и стигнавме дома здрави и живи.
Другаров после месец дена отиде у Грција да си ги земе и уште го дупеа дека не му се таму таблиците, среќа била некоја жена на смена па успеал да ја убеди да му ги даде.
Иначе, во нашата амбасада у Солун кога се јавивме ни кренаа и ни рекоа "дечки, 2 август е, не работиме денес"