И твоето мислење е погрешно.
Процедурата е следна. Те застанува џандарот и ти дава казна - 300 евра и забрана. Парите можеш да си ги платиш веднаш или да чекаш да одиш на суд. На суд секако ќе одиш (ако не потпишеш) а ако потпишеш или ќе одиш, или по службена должност ќе добиеш пресуда. Судот ти ја одзема возачката, не џандарот, а забраната е од денот кога ќе отидеш во МВР да се сликаш за нова возачка во која ќе биде впишано времетраењето на забраната.
Е сега, со оглед на експедитивноста на нашиот систем (да се прати предметот од МВР во соодветниот суд во општината/градот во кој си казнет, па судот да го разгледа предметот, да ти достави покана за рочиште, па да одиш на суд, па да ти стигне по пошта пресудата, па да ти стигне по пошта поканата од МВР за сликање), процедурата може да трае година дена, па и повеќе. Три години е екстрем, ама не е непознато во Македонија. Мииииииииислам дека (ама не сум 100% сигурен, не сум правник) дека делото застарува после 3 години од прекршокот.
Еве јас имам една казна од пред 3 години за одземање на возачка дозвола, над 60 км/х на автопат. Казната ја платив одма, а на суд не ме викнаа сеуште.
Возачката ми е валидна до 2031 година и ако отидам да вадам меѓународна може да имам забрана, а да не знам, и да ми ја земат и ова. Ризик јак, мила душа....
Скоро сум сигурен дека не може. Мора да те викнат во МВР на пресликување за да добиеш нова возачка со впишан период на забрана.
Да го споделам моето изкуство бидејќи е доста пресно
Од пишувањето на казната до поканата за суд кај мене поминаа околу 15 месеци (Феб 2022 - Мај 2023).
Судското рочиште беше крај на Мај, почеток на Јуни, а поканата за сликање ја примив на почеток од Ноември 2023.
После ова, за да се води дека имаш забрана за управување, мораш да отидеш и да се сликаш за нова возачка во која ќе биде впишан периодот на забрана.
Кај мене не беше случај, но имам слушнато дека во периодот од стигната покана за сликање додека да отидеш да се сликаш, при сообраќајна контрола веднаш ќе ти биде одземена возачката бидејќи кај нив во систем стои дека имаш забрана за управување.
Јас се сликав дури во Февруари и тоа на моја иницијатива. Немаше никаква реакција во МВР зошто сум дошол толку касно.
Во случајот со
@AUUU мислам дека службеникот од шалтерот на МВР (кој проверува дали постои забрана или не) нема овластување да ја одземе возачката.
Плус таа проверка на местото каде јас вадев меѓународна ја правеа по ЕМБГ и тоа запишан на ливче. Потврдата од МВР беше усна, не видов никаков документ (барем не стигна до мене).
Така да ако
@AUUU проба да извади, голема веројатност е дека само ќе му кажат дали може или не може да добие меѓународна.
Ризикот да му ја одземат би го споредил со истото тоа да се случи на пасошка контрола на излез од држава.