Автор Тема: Меѓународна Возачка Дозвола  (Прочитано 84129 пати)

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5540
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #465 на: 22 Јуни 2024, 14:08:10 pm »
Цитат
Реципрочно признавање и замена на возачки дозволи врз основа на потпишан билатерален договор нашата држава има со:

Албанија
Србија
Црна Гора
Босна и Херцеговина
Германија
Словенија
Италија
Шпанија
Бугарија
Романија

Меѓународна возачка дозвола во земјава се вади во АМСМ. Овој документ има важност 3 години, со тоа што ако пред тој рок истече важноста на националната возачка дозвола, автоматски престанува да важи и меѓународната.

Од земјите во регионот, освен за во Грција, на Македонците им треба меѓународна возачка и за во Хрватска.

Ако вашата возачка дозвола е издадена од земја-членка на ЕУ, таа е препознаена низ цела ЕУ.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7224
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #466 на: 22 Јуни 2024, 14:32:36 pm »
Што ќе ви е меѓународна возачка дозвола? Идиотска работа само станициве да кешираат. Осем паниката створена за Грција, (и таму е упитно дали бараат) никаде низ европа и екс-ју не ти бараат.

Во комплет со овој идиоотизам е и овластување на патување со туѓо мотороно возило, кое го бараат САМО на излез од наша граница. Како да не можат (ако сакаат нели од МВР) да проверат по шасија дали возилото е украдено. Украдените секако можат да излезат од МК.

Логикава ми е дека не сакам да ме боли глава за 15E, едноставно, не сакам да се донесам во ситуација да мора да се убедувам со странски полицаец дали ми е потребна или не, зашто сигурно нема да земам да гуглам на плус 40 дали е потребна или не, со деца во кола. Ако може да купам мир при патување за 15Е, сметам дека е мала цена. Сум тргнал на одмор, сакам да одмарам, не да мислам по пат дали ке ме малтретира некој. Јес дека ке има 2-3 саати ебавање дур да ја земеш, ама па наредните 3 години си мирен.

Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6322
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #467 на: 22 Јуни 2024, 14:33:23 pm »
Ако те чукнат некаде или ти чукниш тогаш ќе му ја мислеш кој да те вади од апсана :D

Нели за тоа служи зелениот картон?

Зелениот е осигурување, меѓународната е документ дека ти имаш возачка.
Тоа иди ако направиш сообраќајка во мк без валидна возачка, џабе осигурувањето.

Барем така се правеше муабет порано, колку е вистина нека кажат лицата вработени во осигурителните.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5540
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #468 на: 22 Јуни 2024, 14:35:51 pm »
Точно како што опиша. Без валиден документ - крив си.

Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6322
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #469 на: 22 Јуни 2024, 14:49:58 pm »
An International Driving Permit is a translation of your national driving license.
...на македонски.

Не дупат во здрав мозок.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5540
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #470 на: 22 Јуни 2024, 14:59:21 pm »
FYROM  :-[

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29559
    • CARclub.mk
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #471 на: 22 Јуни 2024, 16:18:40 pm »
Секоја година истиов муабет. :)

Јас имам меѓународна и си ја носам со мене. Моето размислување е следно:

- Законски е потребна. Во некои земји не е, во повеќето е.
- Ако се случи да ме застане џандар, зошто да му дадам дополнитена причина да ме гњави или да ме казни?
- Ако (скраја да е) се случи некој удес, зошто да се ставам во ситуација ради некоја технички пропуст, да го извлечам подебелиот крај?

Причите со „мене не ми побарале“ се океј - ама тоа вас не ви побарале. На некој друг можеби ќе му побараат. Ако ве застане џандар и ви побара меѓународна (која да се потсетиме, е обврска да ја имате и џандарот има право да ви ја побара) ќе му кажете „ама на форум ми рекоа дека не ми треба“?

Мене до сега 2-3 пати ми побарале. На интернационални возења на коли скоро редовно. Еднаш кога прашав зошто ми одговорија „така ни кажа локалната полиција“. И тоа е тоа.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7042
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #472 на: 22 Јуни 2024, 16:41:36 pm »
Еве јас имам една казна од пред 3 години за одземање на возачка дозвола, над 60 км/х на автопат. Казната ја платив одма, а на суд не ме викнаа сеуште. 
Возачката ми е валидна до 2031 година и ако отидам да вадам меѓународна може да имам забрана, а да не знам, и да ми ја земат и ова. Ризик јак, мила душа....

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8512
  • Малерозен дрводарец
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #473 на: 22 Јуни 2024, 16:49:06 pm »
Забраната стапува на сила после судска одлука.
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5540
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #474 на: 22 Јуни 2024, 17:11:58 pm »
Мене малку ми нема смисла ова.
Законот гласи вака:
Цитат
Мандатен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 50 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 50 до 70 km/h над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од три до 12 месеци, под услови и постапка утврдени со закон.

*Знам дека нема повеќе негативни поени, ама забраната си е таа.*

Е сега моето мислење е следно - Си возел брзо пред 3 години, ти дале забрана од 1 година (пример), тоа значи дека забраната истекла пред 2 години. Зошто не би можел да извадиш нова возачка после забраната и да извадиш успат и меѓународна возачка дозвола?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29559
    • CARclub.mk
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #475 на: 22 Јуни 2024, 17:17:01 pm »
И твоето мислење е погрешно.

Процедурата е следна. Те застанува џандарот и ти дава казна - 300 евра и забрана. Парите можеш да си ги платиш веднаш или да чекаш да одиш на суд. На суд секако ќе одиш (ако не потпишеш) а ако потпишеш или ќе одиш, или по службена должност ќе добиеш пресуда. Судот ти ја одзема возачката, не џандарот, а забраната е од денот кога ќе отидеш во МВР да се сликаш за нова возачка во која ќе биде впишано времетраењето на забраната.

Е сега, со оглед на експедитивноста на нашиот систем (да се прати предметот од МВР во соодветниот суд во општината/градот во кој си казнет, па судот да го разгледа предметот, да ти достави покана за рочиште, па да одиш на суд, па да ти стигне по пошта пресудата, па да ти стигне по пошта поканата од МВР за сликање), процедурата може да трае година дена, па и повеќе. Три години е екстрем, ама не е непознато во Македонија. Мииииииииислам дека (ама не сум 100% сигурен, не сум правник) дека делото застарува после 3 години од прекршокот.

Еве јас имам една казна од пред 3 години за одземање на возачка дозвола, над 60 км/х на автопат. Казната ја платив одма, а на суд не ме викнаа сеуште. 
Возачката ми е валидна до 2031 година и ако отидам да вадам меѓународна може да имам забрана, а да не знам, и да ми ја земат и ова. Ризик јак, мила душа....

Скоро сум сигурен дека не може. Мора да те викнат во МВР на пресликување за да добиеш нова возачка со впишан период на забрана.

Отсутен savage

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 605
  • Сузуки Витариче
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #476 на: 22 Јуни 2024, 21:16:01 pm »

Да го споделам моето изкуство бидејќи е доста пресно :D
Од пишувањето на казната до поканата за суд кај мене поминаа околу 15 месеци (Феб 2022 - Мај 2023).
Судското рочиште беше крај на Мај, почеток на Јуни, а поканата за сликање ја примив на почеток од Ноември 2023.

После ова, за да се води дека имаш забрана за управување, мораш да отидеш и да се сликаш за нова возачка во која ќе биде впишан периодот на забрана.
Кај мене не беше случај, но имам слушнато дека во периодот од стигната покана за сликање додека да отидеш да се сликаш, при сообраќајна контрола веднаш ќе ти биде одземена возачката бидејќи кај нив во систем стои дека имаш забрана за управување.

Јас се сликав дури во Февруари и тоа на моја иницијатива. Немаше никаква реакција во МВР зошто сум дошол толку касно.

Во случајот со @AUUU мислам дека службеникот од шалтерот на МВР (кој проверува дали постои забрана или не) нема овластување да ја одземе возачката.
Плус таа проверка на местото каде јас вадев меѓународна ја правеа по ЕМБГ и тоа запишан на ливче. Потврдата од МВР беше усна, не видов никаков документ (барем не стигна до мене).
Така да ако @AUUU проба да извади, голема веројатност е дека само ќе му кажат дали може или не може да добие меѓународна.
Ризикот да му ја одземат би го споредил со истото тоа да се случи на пасошка контрола на излез од држава.
Потпис.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #477 на: 22 Јуни 2024, 21:45:19 pm »
Што ќе ви е меѓународна возачка дозвола? Идиотска работа само станициве да кешираат. Осем паниката створена за Грција, (и таму е упитно дали бараат) никаде низ европа и екс-ју не ти бараат.

Во комплет со овој идиоотизам е и овластување на патување со туѓо мотороно возило, кое го бараат САМО на излез од наша граница. Како да не можат (ако сакаат нели од МВР) да проверат по шасија дали возилото е украдено. Украдените секако можат да излезат од МК.

Логикава ми е дека не сакам да ме боли глава за 15E, едноставно, не сакам да се донесам во ситуација да мора да се убедувам со странски полицаец дали ми е потребна или не, зашто сигурно нема да земам да гуглам на плус 40 дали е потребна или не, со деца во кола. Ако може да купам мир при патување за 15Е, сметам дека е мала цена. Сум тргнал на одмор, сакам да одмарам, не да мислам по пат дали ке ме малтретира некој. Јес дека ке има 2-3 саати ебавање дур да ја земеш, ама па наредните 3 години си мирен.

Логиката е ок, прифаќам. Да се редуцираат можности за можни (а сепак недокажани) зафрканции. До ланската година немаше некоја паника за меѓународни дозволи, од оваа година ред се чека. На сите глупости и идиотски трошоци, милионери ги направивме станиците за регистрација. Почнаа и на ТВ да се рекламираат дека сликале у ходник за меѓународна. Убеден сум дека ако направиш прекршок во Грција на пример дека ќе те казнат и со стандардната возачка без да ти бараат меѓународна. Насумице дека ќе те сопре џандар у Грција без прекршок само да те провери и да ти пише казна за немање меѓународна е непознато дури и во најголемите трачарски кругови.

@zeroSignal
Судот не ја одзема дозволата, судот одредува казна, во случајот одземање дозвола за одреден период. Спровеувањето секако го прави МВР. Плус тебе ти побарале на твоите интернационални возења. Домаќинот понекогаш запазува таква процедура ако му е наложено. Ние, обичните учесници во сообраќајот не можеме да се споредиме со тоа.

Инаку.
Ме сопреле во Србија, Хрватска (со мито пројдов за брзина), Словенија (проверка ради СК табли), Австрија на граница на влез од Чешка, Германија едно 3-4 пати секогаш кај Минхен, Италија кај Венеција, Бугарија најмалку 3 пати, Романија на граница влез од Унгарија. Секаде била само мојата стандардна возачка дозвола.

Поентата ми е за створената фама а не знаеме што како и каде се бара. А фамата ги полни џебовите на дерикожите од станиците за технички преглед. Кои редовно се прават мутави и на нови возила (секоја втора нели) па напраќаат технички секоја година ако не свикаш.
Од друга страна ако стравот е од грчката полиција, па и тие се луѓе од крв и месо. Не постои негативно искуство со нив ако се придржуваш на сообраќајните правила кои се тековни во земјата. Ем знаат дека си дојден да спичкаш пари кај нив.   

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3713
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #478 на: 22 Јуни 2024, 22:09:19 pm »
Грција не ја признаваа старата возачка, на оваа кај што пишува северна немате гајле... 15 години сум шофер и никад немам извадено меѓународна а ме имаат застанато многу пати.Еднаш имам поминато со мито во Албанија на излез од тунел со 170 ме измерија(70 мислам дека беше дозволено) и толку.
За забрана ке си одиш во мртв кабина 25 и си завршуваш работа за 5 минути,  и забраната ти почнува откако ке ти ја дадат новата возачка (ако имаш човек можеш и старата да си ја задржиш со таа да си возиш додека ти трае забраната на новата)

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14200
  • Пудингот на шоферството
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #479 на: 23 Јуни 2024, 00:25:27 am »
Ај ќе си премолчам. :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D