Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Еве најдов некој бугарски сајт со калкулатор за автоодговорност, цената на полиса за возила до 1800ццм, за возач со поголем возачки стаж од 2 години и 3 години без пријава на штета (значи најефтино со сите можни попусти), е 180 лева. Или 90 евра, или 5600 денари по нашки. Тоа е без зелен картон. Со зелен картон за сите земји 210 лева. Значи, автоодговорноста е издвоена од зелениот картон и таму. Автоодговорноста им е колку и кај нас (отприлика). Зелениот картон им е со доплата од 30лева. 15е, 1000 денари. За цела година.
Цитат: Simo - Carrier159 на 25 Јуни 2015, 12:03:03 pmЕве најдов некој бугарски сајт со калкулатор за автоодговорност, цената на полиса за возила до 1800ццм, за возач со поголем возачки стаж од 2 години и 3 години без пријава на штета (значи најефтино со сите можни попусти), е 180 лева. Или 90 евра, или 5600 денари по нашки. Тоа е без зелен картон. Со зелен картон за сите земји 210 лева. Значи, автоодговорноста е издвоена од зелениот картон и таму. Автоодговорноста им е колку и кај нас (отприлика). Зелениот картон им е со доплата од 30лева. 15е, 1000 денари. За цела година. Во Бугарија за 100 евра се минува технички, полиса + зелен картон. (Имаат најчесто пакети за технички со осигурување, или осигурувње со вињета). Се доплаќа 67 лева за годишна винетка (ако возиш само низ град не ти треба), и се плаќа данок зависно од кубикажата, киловатите, и дали има катализатор. Но во секој случај, поевтино е отколку кај нас.
симо... алфата твоја. пријателче едно ја вози на бугарски таблици веке 2 години.. дизел додуша јтд. 130 евра му е комплет се што треба... осигурање, технички, зелен картон, вињетки дрн дрн дрн...
За старата алфа, 166-ката, Осигурување, технички, и сите оние давачки, без зелен картон чинеа околу 12.000. За новава, технички, осигурување и сите давачки без зелен картон, околу 14.500.
јас се извинувам, но ненамерно сум излажал... значи зелен картон, осигурање и технички му е 130 евра... вињетката не, затоа што како што вика, идам 2-3 пати годишно во бугарија, 5 еура е 7-дневна... по потреба си ја купувам, поевтино ми е...
Ја потесното раководство на карклаб ќе го частам кафана ако воведат вињетка
Пријателски совет: да му кажеш на другар ти да ја пријави за данок во општина каде што е регистриран. Ги даваат на извршители и тече непријатна камата + казна за неплаќачите. Дури и да не го фатат, ако реши еден ден да ја продава, или да ја одјавува, нема да може додека не го плати данокот.
Супер, сега дупло боље знаеш да возиш низ странство