Овие само над океан ги пуштаат го*ната од авион или може и над копно?
Само над океан, и тоа постарите авиони. Говната и мочките смрзнуваат инстантно кога ќе се испуштат во стратосферата на -50 степени амбиентална температура и всушност можат да бидат опасни проектили ако паднат на земја такви смрзнати (иако, типично се одмрзнуваат и распаѓаат во фина емулзија во пониските, потопли слоеви на атмосферата).
При летовите над копно отпадните води идат во специјален резервоар кој се празни со специјално возило тнр. говнаруша кога авионот ќе слета. Најновите авиони говната ги чуваат у контејнер дури и кога се лета над океан.
Trivia: првото документирано џиткање говна од авион го извел Чарлс Линдберг при неговиот прочуен прв лет преку Атлантикот. Мочал и кењал во мала алуминиумска кутија сместена веднаш под седиштето. Кутијата можел да ја испразни кога сака низ посебен отвор на дното од авионот. Меѓутоа, Линдберг не ги сакал многу Франција и Французите, па затоа гомната грижливо ги чувал за време на целиот лет само за да може да ги џитне врз Франција откако ќе го прелета океанот. Точно тоа и го сторил, а таквата постапка наишла на отворено одобрување од англискиот крал Џорџ петти. :-)