Само за ФилипВ
Дури сега го гледам ова. Данке!
Да го објаснам видеото: големите комерцијални авиони имаат
не-нор-мал-на резерва на снага. Тоа е така затоа што при полетување на интерконтинентален лет, тежината на самиот авион е едвај 30% од вкупната тежина. Околу пола (да, пола) е само горивото, 30% авионот и само 20% патници, куфери, кокаколи итн. На пример, кога џамбо џет полетува од европа за карибите, тежи околу 400 тона. Кога ќе стигне, тежи едвај 150 тона.
Згора на тоа, за да добие ETOPS сертификат (дозвола за летање над океан, каде што нема аеродром во близина за имрџенси лендинг), мора да може комотно да лета на еден мотор - во случај другот да откаже, што се дешава. Всушност, резервата на снага е толкава што при полетување (таков натоварен со многу тони гориво) може да му откаже еден мотор и полетувањето ќе продолжи најнормално.
Тоа значи дека ако полетува празен и со полупразни резервоари (како на аеромитинг) може буквално да се ракетира во речиси вертикала.
Аналогијата е возење на шлепер без приколка, само она камиончето напред. Е, така е и со празен патнички авион.
Ова да се случи со стар клипен авион значи сигурна смрт. Но со 777? Никому ништо: