@princOT: Споредбата не ми се допаѓа. Не сакам кога ме споредуваат ниту изедначуваат со ниеден политичар.
Сметам дека цигарите се одвратна работа. Можеби најодвратната работа што постои, и пушачите се крајно себични луѓе. Не произлегува една еднинствена корисна работа од цигарите. Смрдат рацете, смрди здивот, смрди косата, смрди облеката. На крају краева, буквално горење пари. Пушачите не само што си го упропастуваат своето здравје, него и здравјето на тие околу нив. Порано не можеше да се седне во ресторан без да се излезе умирисан на пепељара.
За секој што ќе му каже „немам друг начин да си ја намалам нервозата“, јас викам „булшит, грицкај семки.“
Па уште кога ќе почне некој да кенка како е зависен - негов проблем, сам одбрал да пуши. Ако некад фатам мое дете со запалена цигара, ќе го натерам пред мене да испуши две кутии за следниот пат кога ќе помисли на цигара да му се згади и да поврати.
Одвратна, смрдлива, гнасна навика.