Класичен спин.
Не е битно што се сака да се објасни преку паушален пример за да се долови поентата, битно е дека имало закон за минимална брзина.
Поради тоа примерот со 20км не е аргументирано заснован.
Не е класичен спин. Или правиме муабет за аутобан/автопат или не? Решете се, не важат секаде исти правила.

Дали јас ги знам правилата или не, нема да го спречи чичицата со Југо да ми излезе со 30 на автопат у трета лента.
Решете се сега за што правите муабет. Или за аутобан или за возење во град со зони 20-30km/h или за возење југо.

Така е, меѓутоа размисли дали е единствен исход удар од позади кога некој ќе ти излета така. Уствари, најредок исход е удар од позади во тој што излетал, најчесто тој во левата лента, ни крив ни дужен поради тој непромислен претицувач завршува во ендек. Затоа е и предвидена казната за непромислено претекнување (без да се осигураш дека е безбедно).
Конечно се согласивме после не знам колку вртење или „киша око крагујевца“?

Маваш некого од позади, како очекуваш да бидеш исправен кога ќе одиш на суд? Не знам во која земја овој закон е обратен како што пишувате. Ова извини ама нема врска! Возете и пишувајте како сакате, никој не ве тера со сила да возите 130. Тоа си е ваш избор.
Воопшто не е битно дали е детиште неиспувано.
И тоа како е важно ако треба да патувам со некого накај Германија и таму да му се спојат жичките, го гледам зелен во умот сака да се пува!

Може да ги има 50 години, а да биде во умот токму како „неиспувано детиште“. Не сакам да пишувам јавно какви искуства сум имал со возрасни возачи кои можеле скоро татко да ми бидат.
Битно е дека почитува закон.
Нема закон, кој закон? Нема ограничување нели. Летаме со 300 на саат сега. Хаос, нели тоа се стремиме. „Ко бије тај добије“.

Лентата е оставена слободна за престројување за да не се завлечкаш позади камион, да можеш да си возиш како што треба. Никој не кажа дали се исправни или не швабите, ниту е тоа битно во случајов (повторно вртење тези). Имаш конкретна ситуација:
Дозволено бесконечно брзо да возиш. Возиш така, во 3-та лента, пред тебе се престројува некој кој е далеку поспор, без воопшто да погледне во ретровизор (докажавме дека и со диф. разлика во брзина од 180, има барем 5 здрави секунди да примети кола на 250 метри позади). Наеднаш испаѓа крив тој што си возел нормално. Ако секој мисли дека може да праи у сообраќајот како ќе му прдне, ќе биде како Македонија, ама среќа не е Македонија туку Германија е.
Да возам на аутобан јас си ја знам мојата максимална брзина на мојата кола. Немам намера да се тестирам на автопат ниту колата која ја возам. Немам таква намера, сакам да бидам господин додека возам. Сакам другите што ги возам со мене да уживаат во возењето, а не да бидат исплашени. Едноставно е.
Чисто информативно, тука во Македонија ми го пресекле патот и знаеш што совет добив? Остави намали малку брзина пошто и 130 е голема кај нас кога возиш накај Табановце.

Ако удрев крив сум, толку од муабетот.

Но многу полесно се успорува на таа брзина отколку со 300 на саат. Не ве сфаќам како не го разбирате тој момент?

Затоа немаме такви несреќи на автопатиштата на Балканов колку што е голема Германија. Толку е голем Балкан. 140 животи во годината е голема бројка и таа треба да биде
НУЛА!. Ама кој сум јас да кажам.

Ти надевај се дека ќе мењаат правила во Германија, али дур не ги сменат, почитувај ги сегашните и погледни два пати во ретровизор кога претекнуваш на Аутобан. И не само во Германија, и кај нас, и секаде.
Седи ми поздравен сега за сега. Се надевам ќе имаш прилика да возиш на неограничен аутобан у скоро време, барем пред да му воведат ограничувања (дококлу се деси тоа некад), да видиш што е вистинска култура во сообраќај. Многу работи ќе ти се разјаснат.
Ниту знаеш колку години имам и колку време возам.

Имам нешто повеќе поминато и сосема друго искуство имам од она што го имаш како впечаток на форумов затоа овие совети чувај ги пред се за себе. За мене не бери гајле и гледај некого да не удриш од позади. Да си жив и здрав и да внимаваме сите пред себе!
