Автор Тема: Videos  (Прочитано 853710 пати)

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44369
  • Il Moderatore
Одг: Videos
« Одговори #7335 на: 03 Август 2020, 16:07:00 pm »
Тоа е тоа што не успеваш да го разбереш. Греши тој што непромислено се престројува.  Тој прави „нешто“, во случајов некаков маневар, кој што го попречува нормалното движење на сообраќајот. Исто е и со 130. Ако некој се движи 20 и проба да претица со 30. Исто може да викаш дека е крив овој што возел со 130. Уствари не е.
И вртиш тези. Јасно и гласно прашав кој според тебе е крив? После некое време успеавме да разбереме дека мислиш дека е крив тој со 300 што вози. Пробуваме 3-4ца да ти кажеме дека без разлика на брзината - таа во суштина е и во дозволените граници, крив е тој што невнимателно постапува. Во случајов тој што претекнува. Постои и член во законот и доста го користат на аутобан џандарите. Прилично се ригорозни за такви работи. Небезбедно претекнување, мала разлика у брзина при претекнување (тој вози 130, ти со 135 саат време го претицаш), претекнување од десна страна, преспоро возење во средна лента (недајбоже во лева) итн... Затоа мојот совет беше најдобронамерен. Уште еднаш, кога ќе возиш на Аутобан, два пати во ретровизор. Може живот да ти спаси, а и на некој ни крив ни дужен...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Videos
« Одговори #7336 на: 03 Август 2020, 16:09:12 pm »
Ако ги бројам сите тие што ми се престројувале а не погледнале во ретровизор, притоа сум возел скромни 133...

И 100 да возиш, ако некој безглаво и наеднаш му текне да се престрои оде кола низ кукуруз.

Едит
Веќе Симо го објаснил истото :)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Videos
« Одговори #7337 на: 03 Август 2020, 16:19:15 pm »
Возење на аутобан (иако сум возел еднаш од Хановер до полска граница) е господска работа пошто 99% се почитуваат правилата за претекнување. Обожавам таков стил на возење каде што си пичиш 150-180 а не осеќаш. Трета лента обично е преполна со камионџии, втора лента си возиш констатно и по потреба се престројуваш на лево и пак назад. И нормално со усул, ако некој е залетан со 250 + тоа е негово право и користете логика и пресметајте дали е безбедно да преткнете или па намалете брзина и почекајте го да помине.

Сум рекол многу пати, освен зборење на телефон многу возачи не се сконцентрирани на пат поради други причини како на пример правење муабет во кола, летање со мислите некаде итн. и тогаш може да дојде со ситуации како на видеото особено каде што брзините се големи и концентрација на пат е важна работа.

Само што влегов во Полска иако и таму е автопат сфаќаш колку се сите позади германците. Левата лента не се користи за претекнување и престојување туку голем дел се понашаат како да се во америка со 6 ленти.

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Videos
« Одговори #7338 на: 03 Август 2020, 16:38:53 pm »
Тоа е тоа што не успеваш да го разбереш. Греши тој што непромислено се престројува.  Тој прави „нешто“, во случајов некаков маневар, кој што го попречува нормалното движење на сообраќајот. Исто е и со 130. Ако некој се движи 20 и проба да претица со 30. Исто може да викаш дека е крив овој што возел со 130. Уствари не е.
Ова е доказ колку само не ги знаете правилата, а имате возачки дозволи!
Ако не сте знаеле постои едно правило кое означува МИНИМАЛНА брзина на автопат. Го има и кај нас, а сигурно го има и на аутобанот бидејќи таму не постои максимално ограничување. ;)

И вртиш тези. Јасно и гласно прашав кој според тебе е крив?
Немам намера да развлекувам, пишано е неколку пати. Не се спинови и затоа не врти тези.
Се знае скоро во сите закони за безбедност, кој мава тој е крив. И пешак да ви излезе на пат каде нема означен пешачки премин, не смеете да го удрите. Ниту еден закон не го дозволува тоа во ниту една земја! Нека вози поспоро и ќе види со време кога некој сака да се престрои.
Никој со сила не го терал да вози 300 на саат, самиот решил, не? Епа ако сака да ги види тие што се престројуваат и да има време за успори, ќе вози 130, а не 300!
Сум ти одговорил на ова, не знам зошто се вртиш теза дека не сум пишал. Гледајте малку подобро.  :-[

После некое време успеавме да разбереме дека мислиш дека е крив тој со 300 што вози. Пробуваме 3-4ца да ти кажеме дека без разлика на брзината - таа во суштина е и во дозволените граници, крив е тој што невнимателно постапува. Во случајов тој што претекнува. Постои и член во законот и доста го користат на аутобан џандарите. Прилично се ригорозни за такви работи. Небезбедно претекнување, мала разлика у брзина при претекнување (тој вози 130, ти со 135 саат време го претицаш), претекнување од десна страна, преспоро возење во средна лента (недајбоже во лева) итн...
Не е крив што вози тој со 300 туку тој што мава!
Можеш да удриш и со помалку.
Ако удриш некого со 300 во задниот дел на друга кола, кој е крив? Другата кола? Да не одат на аутобан ондак другите пошто возеле 130.  :-[
Башка не познавам ниту еден закон за безбедност каде тој што мава од позади не е виновен, туку тој што е пред него.

Затоа мојот совет беше најдобронамерен. Уште еднаш, кога ќе возиш на Аутобан, два пати во ретровизор. Може живот да ти спаси, а и на некој ни крив ни дужен...
Како ќе докажеш дека тој што вози 300 на саат дека гледа некој пред себе или е неиспувано детиште во главата? Уште зелен во мозокот или слеп! Според твојата логика треба да ја забранат таа лента за коли што возат до 250 на саат? Зошто е оставена слободна за престројување/претекнување? Се клањате на швабите и мислите дека ако нема ограничување дека се исправни, а во суштина колку несреќи се случувале? Нека возат сите до 130 и помалку се замараш на таа брзина. И што мислите колкава сила носите со 130 на саат, а колку голема со 300? Дали е само три пати поголема? ЗОшто во светот е тоа ограничување од 120-130 на саат? Германците од секогаш сакале да бидат уникатни, во секој поглед. Исто како и енглезите. И успеале во тоа. Уникатни се, со тапија за сега ама ај да се надеваме дека ќе сменат правила.
https://www.thelocal.de/20200214/fines-and-speed-limits-germany-votes-on-new-traffic-rules

Уште една статија што не е пување од германците туку реално гледиште за безбедноста на аутобанот без ограничување!
https://www.thelocal.de/20190201/are-germanys-autobahns-really-the-safest-highways-in-the-world

Со просечно спасување од 140 човечки животи во годината.
https://etsc.eu/autobahn-speed-limit-would-save-140-lives/
« Последно менување: 03 Август 2020, 16:45:22 pm vandex »

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4002
Одг: Videos
« Одговори #7339 на: 03 Август 2020, 16:45:30 pm »

Таква е изгледа атмосферата тука.  :-[

Изгледа, но малкумина имаат приметено.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Videos
« Одговори #7340 на: 03 Август 2020, 16:55:56 pm »
Тоа е тоа што не успеваш да го разбереш. Греши тој што непромислено се престројува.  Тој прави „нешто“, во случајов некаков маневар, кој што го попречува нормалното движење на сообраќајот. Исто е и со 130. Ако некој се движи 20 и проба да претица со 30. Исто може да викаш дека е крив овој што возел со 130. Уствари не е.
Ова е доказ колку само не ги знаете правилата, а имате возачки дозволи!
Ако не сте знаеле постои едно правило кое означува МИНИМАЛНА брзина на автопат. Го има и кај нас, а сигурно го има и на аутобанот бидејќи таму не постои максимално ограничување. ;)
Класичен спин.

Не е битно што се сака да се објасни преку паушален пример за да се долови поентата, битно е дека имало закон за минимална брзина.

Поради тоа примерот со 20км не е аргументирано заснован.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44369
  • Il Moderatore
Одг: Videos
« Одговори #7341 на: 03 Август 2020, 16:59:58 pm »

Дали јас ги знам правилата или не, нема да го спречи чичицата со Југо да ми излезе со 30 на автопат у трета лента.

Цитат
И вртиш тези. Јасно и гласно прашав кој според тебе е крив?
Немам намера да развлекувам, пишано е неколку пати. Не се спинови и затоа не врти тези.
Се знае скоро во сите закони за безбедност, кој мава тој е крив. И пешак да ви излезе на пат каде нема означен пешачки премин, не смеете да го удрите. Ниту еден закон не го дозволува тоа во ниту една земја! Нека вози поспоро и ќе види со време кога некој сака да се престрои.
Никој со сила не го терал да вози 300 на саат, самиот решил, не? Епа ако сака да ги види тие што се престројуваат и да има време за успори, ќе вози 130, а не 300!
Сум ти одговорил на ова, не знам зошто се вртиш теза дека не сум пишал. Гледајте малку подобро.  :-[
Не вртам теза, дур да стигневме до твојава одлука кој е крив, поминаа 4 страни тука.

Цитат
После некое време успеавме да разбереме дека мислиш дека е крив тој со 300 што вози. Пробуваме 3-4ца да ти кажеме дека без разлика на брзината - таа во суштина е и во дозволените граници, крив е тој што невнимателно постапува. Во случајов тој што претекнува. Постои и член во законот и доста го користат на аутобан џандарите. Прилично се ригорозни за такви работи. Небезбедно претекнување, мала разлика у брзина при претекнување (тој вози 130, ти со 135 саат време го претицаш), претекнување од десна страна, преспоро возење во средна лента (недајбоже во лева) итн...

Не е крив што вози тој со 300 туку тој што мава!
Можеш да удриш и со помалку.
Ако удриш некого со 300 во задниот дел на друга кола, кој е крив? Другата кола? Да не одат на аутобан ондак другите пошто возеле 130.  :-[
Башка не познавам ниту еден закон за безбедност каде тој што мава од позади не е виновен, туку тој што е пред него.
Така е, меѓутоа размисли дали е единствен исход удар од позади кога некој ќе ти излета така. Уствари, најредок исход е удар од позади во тој што излетал, најчесто тој во левата лента, ни крив ни дужен поради тој непромислен претицувач завршува во ендек. Затоа е и предвидена казната за непромислено претекнување (без да се осигураш дека е безбедно).

Цитат
Затоа мојот совет беше најдобронамерен. Уште еднаш, кога ќе возиш на Аутобан, два пати во ретровизор. Може живот да ти спаси, а и на некој ни крив ни дужен...
Како ќе докажеш дека тој што вози 300 на саат дека гледа некој пред себе или е неиспувано детиште во главата? Уште зелен во мозокот или слеп! Според твојата логика треба да ја забранат таа лента за коли што возат до 250 на саат? Зошто е оставена слободна за престројување/претекнување? Се клањате на швабите и мислите дека ако нема ограничување дека се исправни, а во суштина колку несреќи се случувале? Нека возат сите до 130 и помалку се замараш на таа брзина. И што мислите колкава сила носите со 130 на саат, а колку голема со 300? Дали е само три пати поголема? ЗОшто во светот е тоа ограничување од 120-130 на саат? Германците од секогаш сакале да бидат уникатни, во секој поглед. Исто како и енглезите. И успеале во тоа. Уникатни се, со тапија за сега ама ај да се надеваме дека ќе сменат правила.
https://www.thelocal.de/20200214/fines-and-speed-limits-germany-votes-on-new-traffic-rules

Воопшто не е битно дали е детиште неиспувано. Битно е дека почитува закон. Лентата е оставена слободна за престројување за да не се завлечкаш позади камион, да можеш да си возиш како што треба. Никој не кажа дали се исправни или не швабите, ниту е тоа битно во случајов (повторно вртење тези). Имаш конкретна ситуација:
Дозволено бесконечно брзо да возиш. Возиш така, во 3-та лента, пред тебе се престројува некој кој е далеку поспор, без воопшто да погледне во ретровизор (докажавме дека и со диф. разлика во брзина од 180, има барем 5 здрави секунди да примети кола на 250 метри позади). Наеднаш испаѓа крив тој што си возел нормално. Ако секој мисли дека може да праи у сообраќајот како ќе му прдне, ќе биде како Македонија, ама среќа не е Македонија туку Германија е.

Ти надевај се дека ќе мењаат правила во Германија, али дур не ги сменат, почитувај ги сегашните и погледни два пати во ретровизор кога претекнуваш на Аутобан. И не само во Германија, и кај нас, и секаде.

Седи ми поздравен сега за сега. Се надевам ќе имаш прилика да возиш на неограничен аутобан у скоро време, барем пред да му воведат ограничувања (дококлу се деси тоа некад), да видиш што е вистинска култура во сообраќај. Многу работи ќе ти се разјаснат.
« Последно менување: 03 Август 2020, 17:11:30 pm Simo - Carrier159 »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Videos
« Одговори #7342 на: 03 Август 2020, 17:13:19 pm »
И не е крив секогаш тој што мава. :)

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44369
  • Il Moderatore
Одг: Videos
« Одговори #7343 на: 03 Август 2020, 17:15:06 pm »
И не е крив секогаш тој што мава. :)
А и тоа башка, ама да не се расплинуваме сеа :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Videos
« Одговори #7344 на: 03 Август 2020, 17:32:15 pm »
Класичен спин.

Не е битно што се сака да се објасни преку паушален пример за да се долови поентата, битно е дека имало закон за минимална брзина.

Поради тоа примерот со 20км не е аргументирано заснован.

Не е класичен спин. Или правиме муабет за аутобан/автопат или не? Решете се, не важат секаде исти правила.  :-[

Дали јас ги знам правилата или не, нема да го спречи чичицата со Југо да ми излезе со 30 на автопат у трета лента.
Решете се сега за што правите муабет. Или за аутобан или за возење во град со зони 20-30km/h или за возење југо.  :-[

Така е, меѓутоа размисли дали е единствен исход удар од позади кога некој ќе ти излета така. Уствари, најредок исход е удар од позади во тој што излетал, најчесто тој во левата лента, ни крив ни дужен поради тој непромислен претицувач завршува во ендек. Затоа е и предвидена казната за непромислено претекнување (без да се осигураш дека е безбедно).
Конечно се согласивме после не знам колку вртење или „киша око крагујевца“?  :-[
Маваш некого од позади, како очекуваш да бидеш исправен кога ќе одиш на суд? Не знам во која земја овој закон е обратен како што пишувате. Ова извини ама нема врска! Возете и пишувајте како сакате, никој не ве тера со сила да возите 130. Тоа си е ваш избор.  ;)

Воопшто не е битно дали е детиште неиспувано.
И тоа како е важно ако треба да патувам со некого накај Германија и таму да му се спојат жичките, го гледам зелен во умот сака да се пува!  >:(
Може да ги има 50 години, а да биде во умот токму како „неиспувано детиште“. Не сакам да пишувам јавно какви искуства сум имал со возрасни возачи кои можеле скоро татко да ми бидат. 

Битно е дека почитува закон.
Нема закон, кој закон? Нема ограничување нели. Летаме со 300 на саат сега. Хаос, нели тоа се стремиме. „Ко бије тај добије“. :-\

Лентата е оставена слободна за престројување за да не се завлечкаш позади камион, да можеш да си возиш како што треба. Никој не кажа дали се исправни или не швабите, ниту е тоа битно во случајов (повторно вртење тези). Имаш конкретна ситуација:
Дозволено бесконечно брзо да возиш. Возиш така, во 3-та лента, пред тебе се престројува некој кој е далеку поспор, без воопшто да погледне во ретровизор (докажавме дека и со диф. разлика во брзина од 180, има барем 5 здрави секунди да примети кола на 250 метри позади). Наеднаш испаѓа крив тој што си возел нормално. Ако секој мисли дека може да праи у сообраќајот како ќе му прдне, ќе биде како Македонија, ама среќа не е Македонија туку Германија е.
Да возам на аутобан јас си ја знам мојата максимална брзина на мојата кола. Немам намера да се тестирам на автопат ниту колата која ја возам. Немам таква намера, сакам да бидам господин додека возам. Сакам другите што ги возам со мене да уживаат во возењето, а не да бидат исплашени. Едноставно е.  ;)

Чисто информативно, тука во Македонија ми го пресекле патот и знаеш што совет добив? Остави намали малку брзина пошто и 130 е голема кај нас кога возиш накај Табановце.  :-[ Ако удрев крив сум, толку од муабетот.  ;) Но многу полесно се успорува на таа брзина отколку со 300 на саат. Не ве сфаќам како не го разбирате тој момент?  :-[ Затоа немаме такви несреќи на автопатиштата на Балканов колку што е голема Германија. Толку е голем Балкан. 140 животи во годината е голема бројка и таа треба да биде НУЛА!. Ама кој сум јас да кажам.   :-\

Ти надевај се дека ќе мењаат правила во Германија, али дур не ги сменат, почитувај ги сегашните и погледни два пати во ретровизор кога претекнуваш на Аутобан. И не само во Германија, и кај нас, и секаде.

Седи ми поздравен сега за сега. Се надевам ќе имаш прилика да возиш на неограничен аутобан у скоро време, барем пред да му воведат ограничувања (дококлу се деси тоа некад), да видиш што е вистинска култура во сообраќај. Многу работи ќе ти се разјаснат.
Ниту знаеш колку години имам и колку време возам.  :-\
Имам нешто повеќе поминато и сосема друго искуство имам од она што го имаш како впечаток на форумов затоа овие совети чувај ги пред се за себе. За мене не бери гајле и гледај некого да не удриш од позади. Да си жив и здрав и да внимаваме сите пред себе!  ;)
« Последно менување: 03 Август 2020, 17:37:27 pm vandex »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Videos
« Одговори #7345 на: 03 Август 2020, 17:37:04 pm »

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Videos
« Одговори #7346 на: 03 Август 2020, 17:45:23 pm »
А ова не го гледате?  :-[
Чисто информативно ова дел од закон за безбедност кај нас, што сигурно ова правило не важи на аутобанот. Ама тие биле германци и затоа ќе му простиме.

« Последно менување: 03 Август 2020, 17:50:46 pm vandex »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Videos
« Одговори #7347 на: 03 Август 2020, 17:46:32 pm »
А тоа горе не го гледаш?

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Videos
« Одговори #7348 на: 03 Август 2020, 17:55:37 pm »
@Deni слаб е скриншотот, мора да го прочитам членот во pdf. Го гледам го читам и на него убаво пишува следново:

Цитат
(1) Возачот не смее со возило да започне престигнување или обиколување:
- колона на возила,
- ако возачот кој се движи зад него започнал престигнување,
- ако возачот кој е пред него на истата сообраќајна лента дал знак дека има намера да го престигне или обиколи возилото што е пред неговото возило или да обиколи друга пречка на патот,
Според ова значи дека ако некој престигнува пред нас не смееме да го удриме!
А на аутобан тој добива казна што го започнал претекнувањето пред другиов што лета со 300 на саат.  :-[

Треба да разберете следно, ако Шумахер знаеше да изјави дека не ги гледа другите што сакаат да го претекнат на ретровизор, како очекувате некој со 130 да гледа некој како прелетува со 300 на саат? Не возат еден зад друг па да се следат еден со друг.  :-\

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Videos
« Одговори #7349 на: 03 Август 2020, 18:26:09 pm »
Одлично. Драго ми е што разјаснивме дека не смее да се почне престигнување додека не се осигураш дека е слободна лентата.

Сега може да продолжиме со други дискусии.