Немам намера да развлекувам, пишано е неколку пати. Не се спинови и затоа не врти тези.
Се знае скоро во сите закони за безбедност, кој мава тој е крив. И пешак да ви излезе на пат каде нема означен пешачки премин, не смеете да го удрите. Ниту еден закон не го дозволува тоа во ниту една земја! Нека вози поспоро и ќе види со време кога некој сака да се престрои.
Никој со сила не го терал да вози 300 на саат, самиот решил, не? Епа ако сака да ги види тие што се престројуваат и да има време за успори, ќе вози 130, а не 300!
Пишуваш за едни, а не знам дали некој ќе се осмели меѓу сообраќај да вози 300 на саат. Сигурно сите сте свесни дека секој може да ви го пресече патот и дека нема да имате време да реагирате. И вие можете да пресечете пат на некого, не само некој на вас. Кога двајца се движат со помала брзина полесно и помалку стресно ќе поминете и далеку подобро ќе се разберете да се разминете. И на крајот на краиштата, ако останат само остатоци од вас по патот, веќе е џабе муабетот кој кого не видел?

Ова е совет за беспари ама џабе ако не разбирате колку е важно времето за реакција за успорување.
