Автор Тема: Вработување  (Прочитано 784492 пати)

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2525
Одг: Вработување
« Одговори #3120 на: 21 Февруари 2017, 12:12:21 pm »
Јас имам спроведувано истражувања од тој тип и можам да кажам дека се мошне ефикасни.
Организираме луѓе со однапред подготвено сценарио, со цел да се добијат одредени податоци. Најнормална алатка за подобрување на достапност на производ, услуга и сл. Препорачувам за тие од вас кои имаат свој бизнис, да ја употребат.
И не, нема ништо шпионско или неморално во целиот тој процес.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7212
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Вработување
« Одговори #3121 на: 22 Февруари 2017, 10:26:27 am »
особено ме живцира односот на продавачите од коперациите за компјутери и компјутерска опрема (Сетек на пример, јас во салон, продавачите надвор на цигара...)... мамата ќе му ја испоебев, па нека колнат ;D
Најголемите копуци во сетек работат, не ми се ни влегува таму, арно анхоч отворија да имаме уште една алтернатива.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15308
Одг: Вработување
« Одговори #3122 на: 22 Февруари 2017, 11:30:00 am »
Ја отворија Анхоч во Битола? Последно пред 2 месеци бев, видов дека се спремаја.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2360
Одг:
« Одговори #3123 на: 22 Февруари 2017, 12:53:21 pm »
Да да отворено е веќе....
И за чудо персоналот е услужлив и културен, за разлика од дегените во Сет.Е сега не се сите технички подготвени на исто ниво.Ама има еден кој е поупатен.Конкретно купував лаптоп и сакав ссд да му додадам и плус 4гига рам, тој што ме услужваше не беше компетентен да одговори на моите прашања и одма дојде негов колега со кој си направивме муабет како што треба.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8347
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Вработување
« Одговори #3124 на: 22 Февруари 2017, 15:39:54 pm »

ENMON MK

Енмон дооел - Светот на керамиката ја проширува својата малопродажна и дистрибутивна мрежа и за таа цел
има потреба од следниве работни позиции
Позиција 1 - координатор на центар - 1
Позиција 2 - магационер - 1
Позиција 3 - референти за продажба - 4
Позиција 4 - магацински работници - 4
Позиција 5 - возач - 1
Сите заинтересирани да достават кратка биографија на наведената е-маил адреса, без телефонски јавувања, избраните кандидати ќе бидат контактирани.
За сите позиции се бараат комуникативни личности, амбициозни и со сериозен пристап кон работата, секој со својот коректен однос и стручност учествува во успехот на компанијата. Да поседува тимски дух, физички способни за работа. Претходно искуство во трговија со плочки и санитарија е предност. Висока/Средна стручна спрема, говорење на дополнителен јазик (англиски, албански и др) се смета за предност, основно познавање на работа со компјутери и комуникација по електронски пат.
Позиција 1 - координатор за центар Струмица - 1
Висока стручна спрема, предност економски насоки, мин. 2 години работно искуство во комерција и комерцијално
работење, возачка дозвола Б категорија е задожителна.
Позиција 2 - магационер во магацин Струмица - 1
Висока/Средна стручна спрема, мин. 2 години работно искуство во комерција - магацинско работење и манипулација со роба,
возачка дозвола Б категорија е задожителна. Основно познавање на работа со компјутери и комуникација по електронски пат.
Позиција 3 - референти во продажба - 4
Висока/Средна стручна спрема, со и без работно искуство (претходно работно искуство во продажба,
говорење на дополнителен јазик /англиски, албански и др/ се смета за предност), основно познавање на работа
со компјутери и комуникација по електронски пат.
Позиција 4 - магацински работник - 4
Висока/Средна стручна спрема, со и без работно искуство (претходно работно искуство во магацинско работење е предност).
За голема предност се смета можноста за управување со виљушкар, поседување на Ц категорија и картица за дигитален тахограф. Б категорија задолжителна.
Позиција 5 - возач - 1
Висока/Средна стручна спрема, работно искуство мин. 2 години како возач.
За голема предност се смета можноста за управување со виљушкар.
Поседување на Б и Ц категорија, како и картица за дигитален тахограф е задолжителна.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11156
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Вработување
« Одговори #3125 на: 22 Февруари 2017, 16:20:00 pm »
Макпетрол

  • Систем софтвер програмер – јуниор
  • Софтвер девелопер – јуниор

Цитат
- Завршено високо стручно образование – од областа на информатичката технологија;
- Потребно е познавање на програмски јазици VB.net, ASP.NET, SQL Server програмирање;
- Познавање на англиски јазик;
- Работно искуство од најмалку 1 (една) година.

Дневното работно време за горенаведеното работно место е од 08:00 часот до 16:00 часот.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.
Висината на основната плата за горнаведеното работно место изнесува 24.000 денари.
Прекувремената работа, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно законските и подзаконските одредби.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3415
  • Хюндай Тюсон
Одг: Вработување
« Одговори #3126 на: 22 Февруари 2017, 16:30:27 pm »
Минимум уште 200 евра треба да покачат. Има премногу конкуренција во IT за да бараш искуство и плата од 24 000. 

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг:
« Одговори #3127 на: 22 Февруари 2017, 16:33:36 pm »
1 година само, така да.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3415
  • Хюндай Тюсон
Одг: Вработување
« Одговори #3128 на: 22 Февруари 2017, 16:35:47 pm »
После една година се зема околу 600 евра. Почетна плата е 24 000. Нормално треба да не си црпка.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4290
Одг: Вработување
« Одговори #3129 на: 22 Февруари 2017, 17:54:21 pm »
Има фирми кај шо се зема, ама во многу фирми тешко тоа дека толку ќе земаш по само една година стаж.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5383
Одг:
« Одговори #3130 на: 22 Февруари 2017, 18:09:20 pm »
Malce e i 600evra

Sent from my COOLPAD 8297W using Tapatalk


Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11156
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Вработување
« Одговори #3131 на: 22 Февруари 2017, 18:21:14 pm »
испод 1000-че не станувам од кревет

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Одг: Вработување
« Одговори #3132 на: 22 Февруари 2017, 18:24:24 pm »
2000 евра ми дава тато на месец, што ќе се замарам за помалце.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15308
Одг: Вработување
« Одговори #3133 на: 22 Февруари 2017, 19:02:15 pm »
Макпетрол

Програмер 24000 денари.

Пумпаџија 23000 денари.

Фак лоџик!

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7610
Одг: Вработување
« Одговори #3134 на: 22 Февруари 2017, 19:24:58 pm »
Карпатче, така е да, ама...

програмер - дреме на столче пред монитор 10 часа, летно време клима, зимно време парно.

пумпаџија - дреме 12 часа дневно надвор, летно време 40+, зимно време -10, ветер, дише хемикалии и слично..  (мислам дека имаат и бенифициран стаж)

Мајстор ѕидар, 1000че дневница, со основно школо иначе. ;D :D

Со тоа што програмерот, поради тоа што се образувал и му фаќа црпката, за 5-6 години може да лапа 2-3000 евра, а пумпаџијата и ѕидарот ќе си останат на гореспоменатите цифри.

Секоја професија со своjaтa тежина.