ENMON MK
Енмон дооел - Светот на керамиката ја проширува својата малопродажна и дистрибутивна мрежа и за таа цел
има потреба од следниве работни позиции
Позиција 1 - координатор на центар - 1
Позиција 2 - магационер - 1
Позиција 3 - референти за продажба - 4
Позиција 4 - магацински работници - 4
Позиција 5 - возач - 1
Сите заинтересирани да достават кратка биографија на наведената е-маил адреса, без телефонски јавувања, избраните кандидати ќе бидат контактирани.
За сите позиции се бараат комуникативни личности, амбициозни и со сериозен пристап кон работата, секој со својот коректен однос и стручност учествува во успехот на компанијата. Да поседува тимски дух, физички способни за работа. Претходно искуство во трговија со плочки и санитарија е предност. Висока/Средна стручна спрема, говорење на дополнителен јазик (англиски, албански и др) се смета за предност, основно познавање на работа со компјутери и комуникација по електронски пат.
Позиција 1 - координатор за центар Струмица - 1
Висока стручна спрема, предност економски насоки, мин. 2 години работно искуство во комерција и комерцијално
работење, возачка дозвола Б категорија е задожителна.
Позиција 2 - магационер во магацин Струмица - 1
Висока/Средна стручна спрема, мин. 2 години работно искуство во комерција - магацинско работење и манипулација со роба,
возачка дозвола Б категорија е задожителна. Основно познавање на работа со компјутери и комуникација по електронски пат.
Позиција 3 - референти во продажба - 4
Висока/Средна стручна спрема, со и без работно искуство (претходно работно искуство во продажба,
говорење на дополнителен јазик /англиски, албански и др/ се смета за предност), основно познавање на работа
со компјутери и комуникација по електронски пат.
Позиција 4 - магацински работник - 4
Висока/Средна стручна спрема, со и без работно искуство (претходно работно искуство во магацинско работење е предност).
За голема предност се смета можноста за управување со виљушкар, поседување на Ц категорија и картица за дигитален тахограф. Б категорија задолжителна.
Позиција 5 - возач - 1
Висока/Средна стручна спрема, работно искуство мин. 2 години како возач.
За голема предност се смета можноста за управување со виљушкар.
Поседување на Б и Ц категорија, како и картица за дигитален тахограф е задолжителна.