Оцени за административците: За петка бонус плата, за единица бркање од работа!Административните службеници, еднаш годишно, ќе добиваат оценки од кои ќе им зависи работното место, но и тоа дали ќе бидат наградени или казнети, анализира Фактор.
Оценките ќе бидат од 1 до 5, а ќе ги делат претпоставените и колегите. Оние со највисоки оценки ќе добијат бонус, оние со најниски оценки ќе бидат избркани од работа. Ова се предлага со новиот закон за административни службеници што е во собраниска процедура. Во зависност од просекот од сите добиени оценки, годишната оценка на административниот службеник може да биде оценет како:
„особено се истакнува”, доколку има вредност од 4.51 до 5.00;
„се истакнува”, доколку има вредност од 3.51 до 4.50;
„задоволува”, доколку има вредност од 2.51 до 3.50;
„делумно задоволува”, доколку има вредност од 1.51 до 2.50; и
„не задоволува”, доколку има вредност од 1.00 до 1.50.
Оние кои ќе добијат годишната оценка „особено се истакнува”, ќе бидат наградени со бонус односно најмногу една платата, а оние кои ќе добијат оценка „не задоволува”, ќе им престане работниот однос. Административниот службеник кој ќе добие оценка „делумно задоволува”, ќе му биде намалена платата најмногу во износ од 30% во период од една година, а доколку во две последователни оценувања истиот административен службеник добие оценка „делумно задоволува”, ќе му престане работниот однос.
Кој ќе го врши оценувањето ?
Административниот службеник ќе има еден главен „оценувач“ чија оценка ќе биде од особено значење во конечната оценка и уште четири други „оценувачи“. Главниот оценувач ќе биде претпоставениот административен службеник, т.е секретарот или раководното лице на институцијата, а другите оценувачи ги бира административниот службеник во договор со неговиот оценувач.
„Годишната оценка на административниот службеник се добива врз основа на оценката на оценувачот, со тежински фактор од 75%, како и од просечната оценка од четири други административни службеници со кои административниот службеник непосредно соработувал и тоа двајца на пониско и двајца на исто ниво, како и двајца оценувачи кои не се вработени во институцијата, а со кои административниот службеник има непосредна соработка, со тежински фактор од 25%. “
http://www.skopjeinfo.mk/gradot/1131208681/oceni-za-administrativcite-za-petka-bonus-plata-za-edinica-brkanje-od-rabota