Проблемот е 99% во работниците со македонски синдром. Не си ги знае правата, не се цени и не се бори за да му се промени нешто. Ќе биде незадоволен од газдата, ќе му работи зад грб против него, но во лице ќе му се смешка и ќе си поќутува за сите свои незадоволства! Газдите пак немаат друг избор, додека стрижат овци, произведуваат и џемпери.
Инаку јас знам многу случаи за направен мобинг каде работникот го добил спорот и уште многу каде бил избркан од работа па му било надоместувано + можност да се врати на старо работно место ако сака (а нормално дека не сака).
На крајот, бидете квалитетни и тешко заменливи и ценете се себе си и своите квалитети. Така фирмата, т.е. работодавецот нема да може без вас нормално да продолжи да функционира, па ќе сака да ве задржи, а тоа се прави со напредок во кариера (позиција, плата, бенефиции и сл.). Но ако не се цените самите себе, нема ни да си дадете дозвола да напредувате во кариерата и истото да го побарате од работодавците кои пак самоиницијативно нема да го одработат тоа за вас.