Не ми е тоа поенатата. Поентата е дека сите ние треба да се цениме прво самите себе за да не ценат другите. Секаде во Европа има закони за работни односи кои се почитуваат, само кај нас не се почитуваат и апсолутно е погрешно ние да си седиме со рацете во џеб и да викаме дека ако не ни се допаѓа платата треба да си одиме. Ама тоа повлекува цела низа проблеми во државава кои треба да се решат.
Не може да се почитуваат.
Едноставно, ова е држава која има работна сила во изобилие. Не можеш ти да се цениш себе си, дур ти се собираат сметки за струја, вода, парно, комуналии.
Приморан си да работиш за тоа што ке ти го понуди.
Генерално зборам за 85% од професиите во Македонија. Има луѓе кои се експерти во тоа што го работат, и може да поставуваат услови кои се вработуваат.
Ја кога работев во еден голем супермаркет, и барав повеќе одговорности, со цел да ми качат плата, директорот отворено ми викаше, ако не ти се свиѓа каде работиш, има уште 2500 апликации за твоето работно место.
Кога работев надвор од ова банана државиче, и сфатив, почувствував како работник колку сум заштитен, сфатив колку сме, закрепостени, во тој поглед.
Треба да се поведат неколку судски процеси, каде што работникот ке го добие газдата за многу пари ради мобинг, непочитување на работничка права, неправилно отпуштање од работа, па да почнат да се освестуваат.