некои работи не се купуваат со пари.
-носталгија кон дома
-рамноправност
-дружба со пријатели
-опуштеност.
за првото можам да го пребродам (така барем мислев), иако е многу тешко. не е проблем. за третото и четвртото ке се најде замена и таму, можеби не иста но нешто слично има. е второто. второто е проблем. иако тоа е емигрантска земја, т.е. земја која поседува и издала 5 пати повеке пасоши одошто има население (баш така), рамноправноста е на ниско ниво. истото е и во австралија. се додека не добиеш пасош нивни, ти си граќанин од втор ред. не го компарирајте сега со ова тука кај нас... ова кај нас кој е граќанин од прв а кој од втор, е друга тема и нема врска со тоа таму.
после поминатиот период, иако релативно брзо се снајдов, дојде моментот кога ми препукна од се. толку посакуваното “странство“ и нов живот ми излегоа на нос. сите се љубезни кон тебе, но тоа е вештачко. сите се насмеани, ама на сила. вистината е голема депресија, дека те гледаат т.е. се опонашаат премеа тебе како измеќар, зашто си ти таму со раб. виза.
значи ми препукна. се што имав купено, огласив на интернет. за неполни 20 дена се распродадов.. намештај, апарати, уреди, покуќнина, возила (едно ми остана и ден денес стои таму, го гледам на google earth)... отидов и закаѓав авионски карти, собрав парите и се прибрав тука назад, дома, ги потрошив парите до последен динар во лични добра тука, т.е. си ги набавив оние работи што цел живот ми фалеле, и со тоа официјално се запишав во книгата на печалбари-гастербајтери, вратени дома.
е сега... јас сам себеси си викам вол. во пракса ја осетив старата српска изрека, што је јужније то је тужније. во еден момент се покајав што се вратив. неможев да си поверувам колку сме назад во однос на другите... но надвладеа чуството за патриотизам и љубов кон земјата сопствена. плус на кантар ги ставив и следниве работи:
-децата таму немаат никаква дружба и разонода. ама никаква. единствено нешто како разонода им е компјутерот.
-дружбата таму и на машко и на женско во пост тинејџ години се сведува да се излезе во град во петок и сабота и да се изопијат како магариња. така си ја лечат депресијата.
-нема таму кооперација. нема таму локално маалско дружење. нема таму “во кафанчето зад зграда“... нема таму многу работи што тука ги има... секако и тука нема мноогу работи што таму ги има, но според мене и мојот избор на вредности, тука животот е МНОГУ ПОДОБАР од тој таму. само да имаме малку повеке финансии, да може и на тоа поле да се опуштиме, тогаш кај ке ни биде крајот. но јас сум оптимист, ваљда ке се реши и тоа во брзо време...
ако ме прашате дали би идел пак... да, би идел, но на шетање, а не на преселување, иако на многу луге тука им советувам да фата џенем од државава за да видат живот. но пред се, тоа е за да ја осетат разликата. има уште една стара поговорка која вели вака: многу работи не ги вреднуваме, не ги цениме и не ги перцепцираме се додека не ги изгубиме, тогаш ке ја дознаеме нивната права вредност и колку многу коштаат и тешко се добиваат. јас, сеуште имам валидна виза и документи и за нов зеланд и за уса. за уса ми важи уште 5,5 години гледано од сега. за нов зеланд ми истекува 7-ми месец следнава година.
а од америка се откажав уште 3-тиот ден кога стапнав таму.... тоа па тоа па... неможам да го опишам со зборови. дива лига, раскол на сите страни... на филмови и телевизиски шоуа, се прикажува луксузот и јаките неонски светла на лас вегас, чикаго или мичиген. реалноста е друга. многу поинаква. единствено вистинито е за редот и урбанизацијата што го гледаме, другото е кур се тресе во ладна вода.
нов зеланд...
ми фалат прошетките поред океан, тоа тука не го доживуваш. ми фали чистота на воздухот и водата. ми фали едноставноста на секојдневието. ми фали спориот живот наспроти динамичниот тука. ми фали здравиот живот. поради тие причини престанав да гледам слики од таму, зашто само заради тие неколку моменти почнувам да размислувам дали да се вратам, овој пат таму. ке се стрпам уште 7 месеци, кога ке ми истечат документите, тогаш веке знам дека ке нема идење. тогаш веројатно ке се поздравам онака цврсто и машки со самиот себеси дека тоа е тоа и како и досега така и одсега ке грабам и целам во животот машки, машки и цврсто, но тука, во мојата матична држава, која што ме исшколувала и инвестирала во мене...
уффф... немам појма дали некој воопшто ке прочита олкав текст... ама ете, тоа е тоа...
Пиша пред некоја година, носталгија и потреба да биде ебан у здрав мозок ..
на крајот се сведува на тоа...