Никој не рече дека го признаваат, ама затоа си постои нострификација на диплома. Сега сите наши факултети се по кредит трансфер систем така да мала е веројатноста дека ќе ти фалат предмети, значи само ќе треба да полагаш некаков испит (конкретно за моја струка писмено и практично пред комисија на нивен јазик). Се се може само треба пари и труд. И очекувам цел тој процес да трае мин. 2 години. Мене лично тоа не ми смета. За тоа време ќе работам во своја фирма (на мајка ми) за некоја просечна македонска плата (ама битно нема да изгубам контакт со струката и ќе можам да се надоградувам)