И повторно, не е битно КОЛКУ се дужи, колку што е битно ЗА ШТО се трошат парите.
Замисли некој тип зима на заем 10.000 евра. Треба за година дена да врати 15.000. Парите ги инвестира паметно, на крајот на годината прави вкупно 20.000 евра. Враќа 15.000, 5.000 у џеб. Значи, дужел 15.000, уредно си ги вратил и нема должничка криза.
Некој друг ашљак зима 100 евра. Треба за година дена да врати 150. Парите ги пичка на глупости, на крајот на годината прави вкупно 0 евра. Нема да врати 150. Значи, дужел само 150 евра, но има должничка криза.
Ти говориш ова со позајмицава за глупавите македончиња...
Паметните играат овака:
Зима на заем 100 евра...И ти вика ке ти ги вратам за два месеца...
Му даваш...
По два месеца ти ги враќа... После две недели ти доаѓа и ти вика, брат ми требаат 200 евра, ке ти ги вратам за месец дена...
Му даваш...Ти ги враќа тачно за месец дена, може и побрзо...
И така...Пријатели сте си, ништо спец...ОК е човекот...Поштен...
После два месеца ти доаѓа и си правите муабет, ти се фали купил кола, нова, стакло, децата незнам што како, итн итн, и после саат време муабетење, кафе нормално, сокче ово оно, ти вика...А бе ке ми требаат пак едно 200 евра, нешто заглавив, а знаеш, од тебе можам да побарам, не ми е срам, нешто ми искрсна, некој непланиран трошок, од плата следна ти враќам на први...Бев кај (некој си трет не го познаваш), му побарав и него, немаше да ми даде а хитно ми е овој пат...
И нормално, два пути ти вратил, си викаш, ок е ке ми врати...
И му даваш кеш, он заминува, ти бркаш работа...
И поминува месец дена, поминува први, поминува 15-ти....Го нема...Си викаш, да му се јавам или ај ако не, се извини човекот, можда заглавил, ај ке го барам после први...
И доаѓа пак први, па 10-ти, а него го нема да се јави...А тебе срам ти е да го бараш...
И се пресрамуваш и му вртиш...
А бе како е што има, арни ли сте, ново старо...И општ муабет кој на крајот завршува со следнава реченица:
Леле брат извини, резил сум знам, ти реков, ама не се комплет 200, 100-тче собрав, ама сакам одеднаш да ти ги вратам, ако не ти е нож до коска, за 10-тина дена ке ги имам и доаѓам да се видиме и да регулираме тоа...Извини стварно...
И ти му викаш, ОК нема проблем се гледаме за 10 дена, така? Да да, ајде поздрав дома, фамилија и тако даље...
Поминуваат 10 дена, 15 дена, и те фаќа нервоза...
Вртиш пак на телефон, крева, у гужва некоја, неможе да збори, по болници, судови, бла бла, бабини деветини, мижи ја сам да ти баем...Се слушаме утре задутре, обавезно, чекај ме...
Поминува недела дена, изнервиран до коске, му вртиш не ти дига...
Вртиш вечерта, не ти дига...Нареден ден не дига...Му пишуваш смс, не враќа. Правиш пауза од три четири дена, вртиш, и слушаш: Претплатникот не е достапен, ве молиме бирајте подоцна... И тоа го слушаш уште месец дена.
Се решаваш и му идеш кај што живеел...Уствари он и не живее више таму, можда година дена...
И така...
Пцуеш све по список и молиш бога да не ти се појави пред очи...
И на крај коа ке се смириш, си викаш....Нек се ебе и он и 200 евра, очи да не му видам више никад...
После пола година или година се среќавате сосема случајно...И ти одма се сипуеш како гепард на антилопа, а он сиротиот како маче...А бе се разболев, ми умре (некоја измислена тетка), детето ова, она, бла бла бла, не сум те заборавил, те имам на ум, срам ми е да ти се јавам, ми иде у земја да пропаднам итн итн...
И тераш све у пичку матерну, пошто нема ни што да му земеш...Она првичното претставување му било само една добра маска...
И на крајот се среќаваш со еден куп заеднички пријатели на кои им го направил истото...Кој за 100, кој за 200, кој за 300+ евра и тоа е...Али не поише од 500...До кај 200 најлесно се губи пријателство и се забораваат парите...
Е тоа е памтен македонец....Не работи, живее убаво со туѓи пари, вози убави автомобили, и на крајот не должи

Што се вика ги фатил на ситно...
Може некој васпитен шамар да попие, ама ке го преболи.
Не верувам некој за такво говедо да оди во затвор и да затвори фамилија...
А суд нема никакви ингеренции...Нема документ за 200 евра...нели

И така кругот си се врти
