Автор Тема: Вработување  (Прочитано 706895 пати)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7195
Одг: Вработување
« Одговори #360 на: 30 Август 2013, 11:17:26 am »
Глупости, каков долг кон ММФ од 6.7 милјарди долари во 2010, дај ми го изворот баш ме интересира кој тресел вакви глупости.
Ако ова е вистина ние во тој момент ќе сме имале долг во износ од ~100% од БДП САМО кон ММФ, што мислам дека сега појасно на сите ќе ви стане.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55153
  • Махер
Одг: Вработување
« Одговори #361 на: 30 Август 2013, 11:20:09 am »
Gross external debt: $6.807 billion (31 December 2012)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Вработување
« Одговори #362 на: 30 Август 2013, 19:01:19 pm »
Пак ќе прашам - ОД КАДЕ ТОЛКУ ПАРИ? Како ја објаснуваш ти вредноста на парата, во тоа време?

јас ке ти појаснам вака:

комшијата до мене е вработен во една скопска фирма... вработен е од 2006-та година, мајсторска работа. тогаш примањата му беа околу 15.500 месечно... денес, 7 години покасно, сеуште работи во таа фирма и платата му е пак околу 15.500... мајсторска работа, без шанси за напредок, тоа е тоа...

е сега.. пред 7 години цените на храната, комуналиите (вода, струја, парно, телевизија), понатака горивата и буквално се беше околу пола од она што денес кошта за истото...

тоа значи, парата (денарот) тогаш имал поголема вредност, а денес помала...

јас сум и постар од дадената година на нуме.. знам како се живееше тогаш... немој те молам сега со изрежираите муабети дека тито тогаш зимал кредити и ја однел југославија во долгови... овие сега што прават? што прават и тие пред нив? цело време у оваа јебана транзиција откако сме “осамосталени“ се зимаат само кредити и упорно сите брујат околу нас дека народот тоа го плаќа..

да продолжам, дека јас сум го фатил тоа време кога прата имаше вредност, мнооооогу поголема од ова сега. во тоа време кога беа динари со една плата мајка ми купила стан и покуќнина на кредит (самохрана мајка да нагласам).

ај ти сега објасни ми која самохрана мајка може денес да си дозволи да купи стан на кредит и да чува деца во меѓувреме? ќе мора да има минимум 1000 евра месечна плата а такви на прсти се бројат во државава. во тоа време такви имало многу. знам и еден куп примери што го покажуваат и тврдат следново: “дедо ми и баба ми со работничка плата куќа изградиле од 150 квадрати, и ден денес јас живеам во нејзе“... ај да те видам тебе сега стави темели на куќа ако можеш а не куќа да изградиш цела со 2 работнички плати... нека биде 12.000 платата, не минималец... тоа се 400 евра примања од двајца вработени... изгради куќа, и во меѓувреме живеј и храни се со тие пари, вклучително и децата.. пази да не,мало сутра...

и уште нешто...пошто е автомобилски форум... се сеќавам дека стариот мој идеше на бензинска, ке дадеше чек еден (1200 динари) ке натанкаше резервоарот со бензин на лада специјал ДО КАПАЧЕ и ке му вратеа кусур... денес за тој подвиг на таа кола ке ти треба кредит...

Прва работа - за трошоците, платите и цените. Точно е дека се е поскапено и дека не достигаат, пустите. Ама, тука има и еден друг битен момент - парите во тоа време се ваделе многу полесно, имале првенствено затоа што немале каде да ги потрошат, па тек трето е поевтините цени на се живо и диво.

Пример - немале интернет, кабловски, сателитски, мобилни - по 16 во фамилија, немале по 4 коли во фамилија (за секој член по една), и така натаму. Парата имала поголема вредност тогаш, за разлика од сега, ама не до толку колку што вие ја терате во крајности. Незначително.

Друг пример - најбанален и што ми е врежан во меморијата. Влегувам во продавница, тогашна "самопослуга", рафтови по 50 метри, и на секои 2 метра по 3-4 пакувања од еден производ. Освен "Кристал" маргарин, друго немаше. Денес - имаш минимум 20 врсти маргарин во секој момент - со волкава масленост, диетален, куров, пичков, газов.. Па ти јадеш обичен, ќерка ти - диетален, па наместо еден (тогаш "Кристал") ти треба да купиш две. Ете каде ти одат парите денес - купуваш сто варијации на еден производ.

Втора работа - за тие што живееле или фатиле малку од тоа време. Јас сум еден од нив, фатив многу малку, ама видов. Искрено, веќе преку к*ров од плачењето и кукањето "а бе тогаш вака, така".. Гледајте денес да си го направиме животот подобар, не да плачеме за нешто што поминало и нема да се врати.

Кредитите (она што ти го нарекуваш изрежирано) е многу точно. Знаеш како е - зимаш 10.000 плата, ја поебуваш за три дена, и 27 дена немаш ништо. Некој ти дава пари да живееш (луксузно, морам да кажам) и останатите 27 дена, но не го заборава тоа - и кога тогаш, ќе си ги побара. Исто и со Југославија - финансиерите си ги бараат парите назад, и тоа со огромни камати, само што 27-те дена се веќе 27 години, а платата твоја си ја сјебал ти за 3 години - пари кои требало да те држат, многу, многу повеќе време. Никогаш не сум рекол дека Тито ги земал кредитите, ама фала Богу - не ги ни одбивал. Овие сега - тие пред нив? Никој не кажа дека се посаглам, во ниеден муабет. Ама, што правиме ако вистина тие (а со тоа и ние) уште плаќаме за тие кредити, кога моите дома живееа како кралеви, а не работеа ни 1/4 од тоа денес што го работат, за помалку пари?

Значи, не тврдам дека е така - 100%, ама што ако е така? Титови Леви Сили организираа групно бесење во моментов.

Тоа што денес мизеруваме - виновна е директно генерацијата пред нас, односно моите и ваши родители. Наместо на таа пара што ја ваделе, да вложувале, да заштеделе, или (барем) да краделе како 10-20 луѓе кои сега се богови благодарение на тоа време - тие мислеле дека Господ милион години ќе оди по земјата, и дека секогаш ќе биде така - ќе живеат како бубрези во лој.

Е па, драги мои, нема.

Спомнуваш дека твој близок купил стан и покуќнина. На кредит. Фала - пријатно, сам си го донесе муабетот. Сите знаеме како можеше да НЕ се плаќа кредит во тоа време, односно да се "замиже". Е па, денес нема замижување, а луѓето се навикнати на таков режим, и само плачат.

И денес е многу тешко да се изгради/купи куќа/стан без кредит. Да не се лажеме. Само условите за добивање, плаќање и на крај - исплаќање на тој кредит се различни.

И за горивото потпишувам - така беше. Запрашај се - зошто, кој давал и кој плаќал? Во еден таков хаотичен систем, нормално е да се појави крајот и некој да каже "СТОП", и да си бара тоа што е купено/потрошено, да му се плати. Нема логика - тогаш, сигурен сум, дека самото вадење и рафинирање на нафтата бил многу потежок, а со тоа и многу поскап процес. Неможе засекогаш да биде евтино тоа. Немој само да ми кажеш дека со "радни акции" ваделе нафта.

Сфатете веќе еднаш - таа Југославија, и тој Тито, се ентитет и субјект формирани "ад хок". "Ад хок" значи - по потреба. Некој имал потреба од тоа, ја формира, ја финансира, завршува потребата од неа (циклусот "интереси" завршува) и ја растура.

Југославија - и позиционо и "тактички", претставува своевидна "тампон-зона" помеѓу Западниот и Источниот блок, односно помеѓу Америка и Русија. Сите знаеме каков бил односот нивен во тоа време, ако некој не му е познато - има литература, нека чита. За да не доаѓа до контакт (политички и воен) помеѓу нив, тука е формирана Југославија, која е финансирана и од двете супер-сили, за некои трети, поголеми цели. Целите (не) се остварени, Југославија е насилно растурена, не се распадна "сама од себе". Убаво им било тогаш - цицале од две мајки. Е па, нема веќе. Сега - ќе удриме на вода, затоа што оние пред нас го испиле млекото за 3 генерации после нив.

Тито - било кој друг да бил, исто ќе било. Само сега наместо да се крстите во Тито, ќе сте се крстеле во Петко.

Како може бе, запрашајте се - 5% од луѓето работеле, 103,2% од нив имале. И тоа не за скромен живот - туку за луксузен. Немојте да ми кажете дека тие 5% толку добро си ја вршеле работата, што било доволно за цела нација.

Знам како беше тука - Млаз. Знаете сите кој и што беше Млаз пред 20-тина години (иако денес се за потсмев). Млаз вработувал околу 2.000 луѓе. Сите примале огромни плати, кога објективно имало работа за не повеќе од 500 луѓе. Како?

Татко ми самиот си кажува - две недели одев на работа, две не. И тогаш беше возач на камион, и денес е. Зошто во денешно време не оди на работа он кога сака, а работи за двојно помала плата? Пресушил изворот, I guess..

Администрацијата во Млаз - реално, можеле да ја работат 20-тина добри правници, економисти и шпедитери, вкупно. На секој вработен-возач, имало по три администрација. Иделе во 10 часот на работа, пиеле кафе, и во 11 веќе биле по нивите, работеле земјоделие. И ќе имаат пари - па ќе имаат, како ќе немаат. Им се давани незаработени плати.

13-та плата? Што е тоа? Со што сте ја заслужиле? Пресметајте колку такви плати се дадени, па ондак пресметајте колку месеци не сте земале плата. Ќе видите дека сте земале плата, само ви е потрошена - пред 15-тина години.

Тоа е тоа, "накратко".

ЕДИТ:

Заслепени сте, ве разбирам. Ви било толку убаво, што сега некој да ви пререче за тоа, исто како деца да ви испоубил. Тоа е тоа, помирете се.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34364
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вработување
« Одговори #363 на: 30 Август 2013, 19:07:06 pm »
13-та плата?
Хаха, 99,99% не можат да извадат НОРМАЛНА месечна плата а камо ли 13-та.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Вработување
« Одговори #364 на: 30 Август 2013, 19:30:48 pm »
Друже дизел во времето на Тито скоро сите работеле, Југославија немала или имала минимална потреба од увоз, значи имало што да работат сите тие вработени. Фушерајски, не фушерајски се праело Кристал, Застава, Треска и Мебло мебел и се што ќе ти текне дека ти е потребно. Така да самата си произведувала што и треба. Денес само увезуваме, па друг ни диктира цени и квалитет.

Ти денес и да сакаш да живееш со жена и две деца, со еден одмор во годината, подмирени сметки, скромна нова кола, два мобилни, не за секого по два, и најефтини продукти од супермаркет пак нема да ти стигнат парите затоа што тешко е двајцата да сте вработени, а и да сте вкупните примања најчесто стигаат за сметки и толку.

Тој систем имал фалинки, али во глобала се живеело по релаксирано и по сигурно, не си мислел од денес за вечер, туку си можел да  планираш години унапред. Како и што беше во капиталистичка европа пред да ги здрми кризава, која реално и почна да има влијание кај нив.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Вработување
« Одговори #365 на: 30 Август 2013, 20:02:30 pm »
^

Ќе те корегирам - не работеле сите, сите биле вработени. Има разлика.

Другото во глобала, се согалсувам со тебе.

Ама не ми е тоа поентата на муабетот. Ти го носиш во сосема трета насока. Мојата поента е - се било така како што кажуваат или кажувале, а јас само сакам да објаснам зошто тоа било така (кои биле причините, а богами и последиците од тоа), како и да потенцирам дека тоа не било добро (читај: здраво) од денешен аспект, односно од аспект на нашата, а богами и идните 2-3 генерации.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Вработување
« Одговори #366 на: 30 Август 2013, 20:04:26 pm »
Не би било ама како и да е, да останеа тие фабрики што работеле во тоа време (или барем половина од нив) воопшто немаше лошо да ни дојде.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Вработување
« Одговори #367 на: 30 Август 2013, 20:06:02 pm »
А бе неможе да останале, пошто во старт не биле наши. Како не сфаќате?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34364
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вработување
« Одговори #368 на: 30 Август 2013, 20:24:03 pm »
Како тоа не биле наши? Кога нас ни национализирале земја и имот со кои се изградени тие фабрики. Како не биле наши?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Вработување
« Одговори #369 на: 30 Август 2013, 20:28:32 pm »
Кој финансирал? Каде се сега? Зошто ги нема?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55153
  • Махер
Одг: Вработување
« Одговори #370 на: 30 Август 2013, 20:28:59 pm »
Затоа и јас сметам дека Норвешка е 40 години поназад од нас. Кај нив уште е све супер.


Банзаи долови многу сликовито. А еве уште еднаш ќе го подобјаснам на мој начин. Се се правело тука, или барем повеќето работи. Сега има избор зошто влезе капитализмот (економското ропство) кај нас. Точно дека ќе го бараме претходниот систем и ќе го добиеме. Но за 30-40 години кога ќе запне капитализмот насекаде. Тој нема да е вечен. Прошетај низ Македонија. Велешко. Одиме по патот и ни објаснува дедото како се било ниви до недоглед. Гледаме слики од тоа време, ниви ли ниви. Тетовско ниви, Гостивар ниви, Битола ниви... Сега ги нема. Не само што ги нема, туку ништо нема на местото од нивите. Веќе и оградите паднале. На местото од 100 ниви сега само 1 опстојува. Огражден ден денес си има ниви и сите супер си живеат. Coincidence? I think not. Во меѓувреме ние УВЕЗУВАМЕ вода флаширана. Непотребно. Купувајте Македонско? Кога има, купувам. Но веќе има дуќанчиња кај што нема Македонска вода само увозна. Практикувам наша да барам.
Еве баш пред кратко време во еден Македонски град, побара девојче вода во дуќан. Продавачката и даде увозна... „Нема некоја наша?“ -Има девојче, како не. Ама све странскиве ги бараат другите па затоа ти дадов.

Вода. А камо ли друго нешто. Ај ќе речеш наше ќе купувам. Ете купував Здравје-Радово кашкавал... Ги фатија во Хрватска дека 70% од кашкавалот (сирењето) не е од млечни масти, и согласно тоа несмее да го има називот „млечен“ производ. Ем твои, ем те дупат. Не купувам веќе, си купувам сега друг. А ете баш мислев дека сум нашол пристојна Македонска фирма.

Дека тогаш работеле? Работеле да. Тие ниви не растеле сами што ги спомнав прееска. Тие фабрики не произведувале сами. Исто како и во Норвешка сега. Исто.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Вработување
« Одговори #371 на: 30 Август 2013, 20:29:00 pm »
А чиви биле? На Европа? На светска банка? На Русија?

Како можеше скоро се во Словенија да остане и тоа државно, и се и ден денес да функционира? Фабриките во Словенија беа нивни, а во другиве држави не беа? Кај нас се некој друг ни е крив, само ние да не сме :)

Америка иначе исто е задолжена држава.

И не може да се вадиме дека ЈУ функционирала непрофитабилно само од задолжувања имало ок живот, а Македонија денес се задолжува многу повеќе а ништо не се создало за нормален живот. Задолжувања за споменици, за пензии и гратис возења, за увоз на разно разна стока и деривати, за државна администрација, за реклами и сл. нормално дека ќе не носат само надоле. Не знам дали сме се задолжиле да направиме бар нешто што ќе носи профит во иднина, што ќе ја раздвижи државава. Зборам за последниве 20 години, не само за оваа влада.

За жал државава од почеток до денес фатија да ни ја водат неспособни лица кои гледаат само личен интерес. Друга мислам дека не ни знаат да работат. Се согласувам дека ние со кукање и гледање назад ништо нема да направиме, мора да се прилагодиме на ова лудо време и да егзистираме кој како знае и умее.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Вработување
« Одговори #372 на: 30 Август 2013, 20:34:51 pm »
А бе кажете - зошто ги нема? Каде се сега?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34364
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вработување
« Одговори #373 на: 30 Август 2013, 20:52:58 pm »
Гледаш Мерцедеси и аудија еден куп низ град? Гледаш џипови и палати? Гледаш фирми криминално приватизирани? Ете ги каде се. Мерцедес од плата не се купува

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Вработување
« Одговори #374 на: 30 Август 2013, 20:59:12 pm »
Објаснето во еден ред, свака част.