Глупава споредба. Храната што ја јадам тука ќе ја јадам таму, додека јадам нутела од 460 денари, ќе јадам таму од 300 ден. Цената за рент по човек на страницата е 1200€, во реалност е упола (тука ти е грешна пресметката 1980-1120 бидејќи го делиме двајца). Food expenses се пишани повеќе од дупло, не е точно.
Живеевме 1 година 4 члено семејство со две плати пониски од 2000€ во Олимпиапарк, па знам како си поминував.
Да не споредам дека цените во грчкиот лидл се слични со цените на германскиот лидл (имаш плус rewe, aldi и слични кои не ми текнуваат во моментов). Баш споредив цени на производите додека бев на одмор летово. Потполно исти, само сувомеснатото беше поскапо од кај нас.
Најпресен пример ми е другарка која чисти во хотел за околу 1500€ плата (некогаш и кратат саати бидејќи е преку наши замината стандард е тоа јебига), седи кај постар брат и него му плаќа околу 400€. Ако додадеме храна таа е во минус, но ете останала, а оваа понуда е доста подобра од таа.
Едит: Ќе го цитирам членот бидејќи добро напишал:
Зависи на минималец самец или фамилијарен со еден вработен.Минималец во Де е околу 1500-1600е,стан со сметки за самец од 450 до 750е + јадење/пиење 300-400е се доаѓа до 750-1100е месечно,така да на самец ќе му остане мин. една минимална македонска плата,другар имам самец тука во Де,стан плаќа 400е и 300е за јадење пиење,више од 600-700е му остануваат.За двајца едно 1400-1600е месечно се потребни за да се покрие се,ова од лично искуство,со еден минималец се поминува месецот,другата плата останува.
Во конкретниов пример 4000+€ нето за 178 часа, има и трета смена да бираш ако ти се работи така (во друга класа спаѓа другиот што би живеел со мене и поради тоа ќе зема повеќе и сметам на 4000€). 4000-1120=2880-храна 400=2480/2=1240€. И да додадеме транспорт и слично пак ќе дојдеме над 1000€.
Ајде сега да почнеме со наша плата. 28000 денари почетна во позната странска фирма (нема да именувам), се оди само една смена фиксна (нема храна, нема превоз до работа, друг избор нема во градов освен ако сакаш тепка физичка работа). 28000х2=56000 денари или 900€ (правиме муабет без кирија и слично, без финансии за стан, паднале од небо) 400 евра да одземеме за храна, остануваат 500? По 250 за двајца? Сметките каде се, барем 100€? По 200 на човек, хм забавно. После се чудиме зошто се возат 25+ годишни коли. Со 200€ месечно (ако имаш кола одземи и трошоци по одржување и гориво, претходниов месец сум дал 100+€ по гориво) ако се купува нова кола би купил уште утре, екологисти многу имаме тука...