Автор Тема: Вработување  (Прочитано 664248 пати)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Вработување
« Одговори #4020 на: 09 Мај 2021, 15:49:57 pm »
Газдиве полека почнуваат да ги почитуваат оние вработени на чии места е потребно некое знаење, квалификација итн.

Додека на работни места каде што треба да носиш самар и да те маваат со стап, таму сеуште е моментот, ако не ти чини оди си.

Така беше во фирмата од каде што заминав, за пола фирма мајка, за половина маќеа. А на состаноци филозофирање како тоа сите му биле битни, не ги двоел.
А во пракса очигледна беше разликата во односот негов према еден дел од вработените и према преостанатите.
така е, само што пишав за касиеркиве.

Отсутен AlexAl1en

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 447
Одг: Вработување
« Одговори #4021 на: 09 Мај 2021, 16:13:18 pm »
Земаат и повеќе го Кам и тие сами редат роба, примаат и на каса. За нив немам зборови. Три низ цел маркет.

Се погоди кога наплаќав на каса и едната и викаше на другата дека има плата и оваа ја праша колку и таа и кажа 19.000
Сега со ова кризата земаат и повеќе до кај 22.000 со се празник ако фати.

Жена ми сега работи како мерчендајзер и што оди по маркети ми кажува дека воопшто не се работи во останатите.
 Досадно и било на продавачките се жалеле дека не и поминува времето. Ми вика само се собираат на групи и си прават муабет, а рафтови до нив несредени, прашина секаде и немаат цени на сите производи.

На каса да точно се работи кога има гужва брзаат, ама нема нон стоп работа за сите на каса.

Сега има маркети секаде и друго е кога сите купувачи  се распоредени.

Проблем е што работат и за празник и недела и мислат дека треба да бидат којзнае колку многу платени.

Во Рамстор во Сити Мол вака се чисти.

Разбирам не се мотивирани и колку пари толку музика, ама на некои и тоа им е многу.
Во фабрика или магацин за тие пари некој се утепува од работа.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Вработување
« Одговори #4022 на: 09 Мај 2021, 16:29:35 pm »
„Во фабрика или магацин за тие пари некој се утепува од работ.“
Нека си дат отлказ ако не им чини или нека се пртефрлат во маркет.

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 902
Одг: Вработување
« Одговори #4023 на: 09 Мај 2021, 17:02:27 pm »
Земаат и повеќе го Кам и тие сами редат роба, примаат и на каса. За нив немам зборови. Три низ цел маркет.

Се погоди кога наплаќав на каса и едната и викаше на другата дека има плата и оваа ја праша колку и таа и кажа 19.000
Сега со ова кризата земаат и повеќе до кај 22.000 со се празник ако фати.

Жена ми сега работи како мерчендајзер и што оди по маркети ми кажува дека воопшто не се работи во останатите.
 Досадно и било на продавачките се жалеле дека не и поминува времето. Ми вика само се собираат на групи и си прават муабет, а рафтови до нив несредени, прашина секаде и немаат цени на сите производи.

На каса да точно се работи кога има гужва брзаат, ама нема нон стоп работа за сите на каса.

Сега има маркети секаде и друго е кога сите купувачи  се распоредени.

Проблем е што работат и за празник и недела и мислат дека треба да бидат којзнае колку многу платени.

Во Рамстор во Сити Мол вака се чисти.

Разбирам не се мотивирани и колку пари толку музика, ама на некои и тоа им е многу.
Во фабрика или магацин за тие пари некој се утепува од работа.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Штом е лесно, запосли се во маркет како втора работа, ќе си седиш и 20к на сметка ќе си идат
Не сте живееле со 20к месечно, затоа вака мудрувате

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: Вработување
« Одговори #4024 на: 09 Мај 2021, 17:07:56 pm »
Се погоди кога наплаќав на каса и едната и викаше на другата дека има плата и оваа ја праша колку и таа и кажа 19.000
Сега со ова кризата земаат и повеќе до кај 22.000 со се празник ако фати.

19к и е максимум сосе празнично максимум. Ако нема празник не е ни толку. Ниту еден маркет не е платата над 20к сосе секакви бонуси и што ти е знам.
Имај го во предвид дека секаков минус што се случува дневно, го покриваат од џеб.
Пописи на неделно или месечно ниво, се тоа се прави надвор од редовното работно време.

А тоа дека си мислеле којзнае колку треба да се платени, па треба да се платени.
Таков обрт на промет како што прави маркети, прави ли друга фирма ? Бензиска можеби.
Да работиш викендашки, да рмбачиш и на празници, да имаш само по 1 ден неделно слободен и тоа во некој рандом ден од пон-петок, па годишен одмор едвај летно време ќе ти даде и во тоа ти ги рачуна викендите иако законски само пон-петок се рачуна за годишен одмор, викендите се екстра, а преостатокот од годишниот одмор да не зборам, нема да го добиеш, па итекако заслужува да е платено работењето во маркети.

Исто е и по магацини, фабрики, конфекции. Прават фирмите огромни пари, имаат пари за фрлање за курчење, за новогодишни забави, а кога треба на работникот 1000 ден да му дадеш зашто си го натерал екстра ден да дојде, е тогаш филозофирањето настапува или сатарот, ако не ти чини оди си.

Ме радува што младите не го трпат тоа, си одат, даваат откази.
Кај и да е таа генерација на работници растена во Југославија со менталитетот ќути си, има полошо, барем дава плата до 5ти ќе отидат во пензии и ќе немаат газдите тогаш такви работници што ја злоупотребуваат нивната добрина и тоа што молчат и рмбачат понижувајќи се за нашите газди.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44369
  • Il Moderatore
Одг: Вработување
« Одговори #4025 на: 09 Мај 2021, 17:19:08 pm »
Капитализам е заебана работа...Ни газди ни работници среќни, дајте назаТ кУмУнизмот!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: Вработување
« Одговори #4026 на: 09 Мај 2021, 17:29:55 pm »
Не треба комунизам, треба човечност, морални вредности. Чувство да имаш, да бидеш човек пред се, да знаеш дека од тие што ги малтретираш го живееш тој живот.

Барем нека ги почитуваат работничките права работодавачите, а не кога треба нешто да му се даде на работникот што му следува со закон да се паламуди и да се наоѓа секаков изговор за да не го исполнат тоа.
А од друга страна кога некои права што законот му ги дава на работодавачот ги почитува, дури едвај чека такви моменти.

Прмер, болен си, отвораш боловање, ти кратат од платата. Ок законски е така.
Ама работиш прекувремено, законски ти следува плакање за 35% по час поголема дневница од регуларната или 50% за работа во недела или празник.
Е ова не се почитува.

Кога ова го отворив како тема на состанок со газдата во прошлата фирма, ми беше покажана излезната врата ако не сум задоволен од условите.
На крајот си заминав.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Вработување
« Одговори #4027 на: 09 Мај 2021, 17:45:41 pm »
На крај уште ќе ти речит „биди и ти паметен, биди газда“,  а татка му пола фирма ја покрал и на крај ја приватизирал.
„Не сте живееле со 20к месечно, затоа вака мудрувате“ за некои 20к се премија, некој ќе речит оди работи, ама во време на приватизацијата многумина останааа без работа на 50+ год, што ќе работи, кој ќе го прими на 50+ години.
„Штом е лесно, запосли се во маркет како втора работа, ќе си седиш и 20к на сметка ќе си идат“ - или па оди на скеле денеска цел ден.
Башка физички работник на 45 год изгледат ко 70 и нема бенифициран стаж, ама затоа џандар на 55 оди в пензија, чунки многу измачен.
Него секкао на форумов нема да ја опрајме работава.

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 902
Одг: Вработување
« Одговори #4028 на: 09 Мај 2021, 17:56:22 pm »
Нема да ги заборавам изразите на лицата на вработените во една голема градежна фирма..кога дојде директорката со својот шофер, и им соопшти дека и овој викенд нема да си одат дома во Паланка, зошто морало ова да се заврши побрзо. Го уби господ во нив. Работеле 3 недели секој ден, за 15000 месечно, секој ден по 10 саати на терен на сонце, за да платат сметки дома,и му го зимаш единственото задоволство-да си ја види фамилијата.
За среќа,со иселувањето, се подобри тука состојбата, нема работна сила,и газдите неможат да се изживуваат,има повеќе избор за вработените

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44369
  • Il Moderatore
Одг: Вработување
« Одговори #4029 на: 09 Мај 2021, 18:29:18 pm »

Кога ова го отворив како тема на состанок со газдата во прошлата фирма, ми беше покажана излезната врата ако не сум задоволен од условите.
На крајот си заминав.
Паметно си напраил, се дур може да бираш газди, добро е!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Вработување
« Одговори #4030 на: 09 Мај 2021, 18:39:32 pm »
Нема да ги заборавам изразите на лицата на вработените во една голема градежна фирма..кога дојде директорката со својот шофер, и им соопшти дека и овој викенд нема да си одат дома во Паланка, зошто морало ова да се заврши побрзо. Го уби господ во нив. Работеле 3 недели секој ден, за 15000 месечно, секој ден по 10 саати на терен на сонце, за да платат сметки дома,и му го зимаш единственото задоволство-да си ја види фамилијата.
За среќа,со иселувањето, се подобри тука состојбата, нема работна сила,и газдите неможат да се изживуваат,има повеќе избор за вработените
Пичка и мајчина ( Извинете што пцуја, морално* беше )
*од морални причини, не обавезно

А и обрзовниов ситем со осакатија за да можат полесно да не управуваат, за стварно да не мојш д анајш работа .

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Вработување
« Одговори #4031 на: 09 Мај 2021, 19:09:51 pm »

Кога веќе спомна, поинтересно беше кога учевме која држава колку овци, крави, кози, итн. имаат :)
Денес учат за општини и колку советници имаат градоначалниците :'( Гето шема

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Вработување
« Одговори #4032 на: 09 Мај 2021, 19:21:17 pm »
 Битно ссо ќе учат. Ништо не учат, се заебаваат онлајн.
Капак продавање лажен патриотизам, како тија ( газдите) биле патриоти, за да не му заминиш странство да работиш да му рмбаш кај него за 15.000.

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2735
  • Шалабајзер
Вработување
« Одговори #4033 на: 09 Мај 2021, 20:20:04 pm »
А па мислите у странство е сјајно? Од друштво 30тина души, во Мк останавме пред некое време 5-6ца, во последниов период(максимум пола година) се вратија бар 10тина души, сите со европски папири и со “асални” работи горе… Останаа во туѓина само тие што заминаа прекуокеански или оние што имаа учено IT.

Така да седете и ќутете, шала на страна, ако ви се пружи прилика за боље мењајте, уште не е ни почнато да се осеќа загубата ради коронава, тек доаѓа

Sent from my iPhone using Tapatalk
No turbo, no fun :)

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1880
Одг: Вработување
« Одговори #4034 на: 09 Мај 2021, 20:29:28 pm »
Земаат и повеќе го Кам и тие сами редат роба, примаат и на каса. За нив немам зборови. Три низ цел маркет.

Се погоди кога наплаќав на каса и едната и викаше на другата дека има плата и оваа ја праша колку и таа и кажа 19.000
Сега со ова кризата земаат и повеќе до кај 22.000 со се празник ако фати.

Жена ми сега работи како мерчендајзер и што оди по маркети ми кажува дека воопшто не се работи во останатите.
 Досадно и било на продавачките се жалеле дека не и поминува времето. Ми вика само се собираат на групи и си прават муабет, а рафтови до нив несредени, прашина секаде и немаат цени на сите производи.

На каса да точно се работи кога има гужва брзаат, ама нема нон стоп работа за сите на каса.

Сега има маркети секаде и друго е кога сите купувачи  се распоредени.

Проблем е што работат и за празник и недела и мислат дека треба да бидат којзнае колку многу платени.

Во Рамстор во Сити Мол вака се чисти.

Разбирам не се мотивирани и колку пари толку музика, ама на некои и тоа им е многу.
Во фабрика или магацин за тие пари некој се утепува од работа.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

wow, 22k плата, па уште се жалат. Морееее да земеш стапот и да тепаш, кај им даваш плата, па уште 22к, им даваш да работат за сите празници кога другите си одмараат со фамилиите дома, и они ќе се жалат.

Иронично беше кажано ова ако некој не го сфати, а верувам дека некој што пишува вака за работничката класа, нема да го сфати па да си напишам.