Се погоди кога наплаќав на каса и едната и викаше на другата дека има плата и оваа ја праша колку и таа и кажа 19.000
Сега со ова кризата земаат и повеќе до кај 22.000 со се празник ако фати.
19к и е максимум сосе празнично максимум. Ако нема празник не е ни толку. Ниту еден маркет не е платата над 20к сосе секакви бонуси и што ти е знам.
Имај го во предвид дека секаков минус што се случува дневно, го покриваат од џеб.
Пописи на неделно или месечно ниво, се тоа се прави надвор од редовното работно време.
А тоа дека си мислеле којзнае колку треба да се платени, па треба да се платени.
Таков обрт на промет како што прави маркети, прави ли друга фирма ? Бензиска можеби.
Да работиш викендашки, да рмбачиш и на празници, да имаш само по 1 ден неделно слободен и тоа во некој рандом ден од пон-петок, па годишен одмор едвај летно време ќе ти даде и во тоа ти ги рачуна викендите иако законски само пон-петок се рачуна за годишен одмор, викендите се екстра, а преостатокот од годишниот одмор да не зборам, нема да го добиеш, па итекако заслужува да е платено работењето во маркети.
Исто е и по магацини, фабрики, конфекции. Прават фирмите огромни пари, имаат пари за фрлање за курчење, за новогодишни забави, а кога треба на работникот 1000 ден да му дадеш зашто си го натерал екстра ден да дојде, е тогаш филозофирањето настапува или сатарот, ако не ти чини оди си.
Ме радува што младите не го трпат тоа, си одат, даваат откази.
Кај и да е таа генерација на работници растена во Југославија со менталитетот ќути си, има полошо, барем дава плата до 5ти ќе отидат во пензии и ќе немаат газдите тогаш такви работници што ја злоупотребуваат нивната добрина и тоа што молчат и рмбачат понижувајќи се за нашите газди.