Автор Тема: Вработување  (Прочитано 662624 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14711
Одг: Вработување
« Одговори #3990 на: 25 Март 2021, 09:45:58 am »
Дрекселмаер моментало отвора погон во Куманово и истата вработува работници од тој дел,целото производство на Ц205 модел ке оди таму.Голем дел од вработените патуваат во Куманово за обука на нововработените,а и во Кавадарци има вработени од Куманово на обука.Во Кавадарци се спрема простор за производство за С или Е класа кое треба да започне некаде август месец.Мал дел од работниците кои се со договор на определено време и кои се со неодобрени отсуства,работници кои се неодговорни им се прекинува договорот.Но тоа се мал дел,неколку стотина работници,далеку од 4000 како што е наведено од некој. Крајот на летово се очекуваат нови вработувања.

Е? CKD ќе правиме Mercedes-и?

Ептен лоша ситуацијата со оние кои соработуваат со фирми од Германија. Отпуштање работници, немање работа, намалување плати.
До кога ќе трае чудото не знам.

Истото беше со Англија лани.

Отсутен AlexAl1en

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 447
Одг: Вработување
« Одговори #3991 на: 25 Март 2021, 17:03:51 pm »
Искуство ваше или со некој во блиска фамилија за Алма М поточно Унапредувач на продажба?

Работно време и слободни денови?

Платата знам дека е ококу 20.000 и е ок за женско кое аплицира и нема искуство.
Дали има покачување или останува на таа плата?

Друго дали огласите онака им се пуштени или навистина без врски избираат соодветен кандидат?



Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2241
Одг: Вработување
« Одговори #3992 на: 25 Март 2021, 18:47:39 pm »
Дрекселмаер моментало отвора погон во Куманово и истата вработува работници од тој дел,целото производство на Ц205 модел ке оди таму.Голем дел од вработените патуваат во Куманово за обука на нововработените,а и во Кавадарци има вработени од Куманово на обука.Во Кавадарци се спрема простор за производство за С или Е класа кое треба да започне некаде август месец.Мал дел од работниците кои се со договор на определено време и кои се со неодобрени отсуства,работници кои се неодговорни им се прекинува договорот.Но тоа се мал дел,неколку стотина работници,далеку од 4000 како што е наведено од некој. Крајот на летово се очекуваат нови вработувања.




Е? CKD ќе правиме Mercedes-и?

.



Се спрема за производство на инсталација на Е класа,такво инфо имам,некаде август треба да се почне со профаза 1.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2735
  • Шалабајзер
Вработување
« Одговори #3993 на: 25 Март 2021, 22:06:06 pm »
Искуство ваше или со некој во блиска фамилија за Алма М поточно Унапредувач на продажба?

Работно време и слободни денови?

Платата знам дека е ококу 20.000 и е ок за женско кое аплицира и нема искуство.
Дали има покачување или останува на таа плата?

Друго дали огласите онака им се пуштени или навистина без врски избираат соодветен кандидат?
Слушав муабети дека “дриблале” за плата па затоа нон стоп има активни огласи од кај нив, колку е точно незнам, а мислам дека и тие што немаат искуство не ни ги зимаат у предвид, имам пуштано CV-ња кај нив пошто у таа бранша сум, никад не се јавиле


Sent from my iPhone using Tapatalk
No turbo, no fun :)

Отсутен AlexAl1en

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 447
Одг: Вработување
« Одговори #3994 на: 25 Март 2021, 22:42:13 pm »
Искуство ваше или со некој во блиска фамилија за Алма М поточно Унапредувач на продажба?

Работно време и слободни денови?

Платата знам дека е ококу 20.000 и е ок за женско кое аплицира и нема искуство.
Дали има покачување или останува на таа плата?

Друго дали огласите онака им се пуштени или навистина без врски избираат соодветен кандидат?
Слушав муабети дека “дриблале” за плата па затоа нон стоп има активни огласи од кај нив, колку е точно незнам, а мислам дека и тие што немаат искуство не ни ги зимаат у предвид, имам пуштано CV-ња кај нив пошто у таа бранша сум, никад не се јавиле


Sent from my iPhone using Tapatalk
Позицијата и не којзнае па да се бара искуство и личноста е повикана на интервју без иксуство, па викам да се распрашам што како услови.

 И некогаш мора некој да почне и без тоа и не знам што се научиле, само со искуство та искуство.

Кој со искуство ќе им прифати за плата за почетник?
Па нека има и обука од старт и не се  работи за вработување во Наса.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2469
Одг: Вработување
« Одговори #3995 на: 08 Мај 2021, 11:05:58 am »
Клабери, некој да ме вработи?  :-\

Мислењево е напишано на 04.02.2019. Се сетив дека барав работа и на форумов. Очаен бев финансиски, реално.
Се вработив после некој месец од постот, во една голема компанија во МКД. Терав две години со договор преку агенција за привремено вработување.

Епа дечки - пред некој ден зедов договор на неопределено. Инженер (во ИТ сферата), мојата факултетска струка.
Добра плата за македонски услови, интересни привилегии од компанијата и одлични колеги.

Не сум горделив и уште поретко се фалам, сега сакав да си ги најдам постовите на темава, за да се потсетам каде сум бил.
« Последно менување: 08 Мај 2021, 11:14:58 am balanar »

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14711
Одг: Вработување
« Одговори #3996 на: 08 Мај 2021, 11:53:07 am »
Сите сме врвеле низ истото, трудот се исплаќа на крај посекако. Со среќа друже и само напред.

Дали е точно тоа дека имаат дадено откази во врска со кризата?

Тек сега го гледам ова.

Доста лошо заврши приказната со Symphony Solutions, доста bad blood, со тужби со сите работи.

Не би сакал да навлегувам многу во детали, ама широко би ја заобиколил таа фирма, иако за волја на вистината беше прекрасно место за работа.

Луѓе, канцеларии, имавме доста бенефиции, платите беа ОК.

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17781
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Вработување
« Одговори #3997 на: 08 Мај 2021, 15:07:44 pm »
Клабери, некој да ме вработи?  :-\

Мислењево е напишано на 04.02.2019. Се сетив дека барав работа и на форумов. Очаен бев финансиски, реално.
Се вработив после некој месец од постот, во една голема компанија во МКД. Терав две години со договор преку агенција за привремено вработување.

Епа дечки - пред некој ден зедов договор на неопределено. Инженер (во ИТ сферата), мојата факултетска струка.
Добра плата за македонски услови, интересни привилегии од компанијата и одлични колеги.

Не сум горделив и уште поретко се фалам, сега сакав да си ги најдам постовите на темава, за да се потсетам каде сум бил.

Во исти лања сме биле на само неколку месеци разлика. :) Честитки за кариерниот напредок, така нека ти продолжи само во нагорна линија се додека не решиш да се пензионираш на 50 години на некоја егзотична локација. :)

Со денови избегнувам да го напишам овој пост зошто никогаш не сум го сметал форумов како место за барање услуги. Арно ама, сега ми треба, па ќе побарам со надеж дека ќе добијам некаква информација за работа од вас.

Поради Х и Y причини, дојде време да се селам од дома, и сум во активна потрага по поволно живеалиште во Скопје.

Потрагата по работа не ми оди баш најдобро, за некои позиции немам искуство, додека за други сум преквалификуван. Услугата би била да ме известите доколку слушнете за работна позиција која носи достоинствени примања, со цел да не се задолжувам по легалниве лихварници за преживување. :)

Завршен економски факултет, имам неколкумесечно искуство во дигитален маркетинг, одржување социјални мрежи и креирање кампањи на истите, такви работи сум работел до сега. Би било пожелно позицијата да има опција за напредок, за да се задржи мотивираноста.

Пуштете ми ПП со линк од оглас, имејл адреса или некаков пост што можеби сум го промашил изминативе 2 недели.

П.С. Прашан е Бушав за огласот над мојов пост - местата се пополнети. :)

Поднесов околу 15 апликации, кои резултираа со понуди за работа од 15к, 24к и 37к. Последнава ја добив откако ги одбив првите две, верував дека имам шанса и ризикував да останам без ништо, но еве, 2 години и 3 месеци подоцна ја напуштив компанијата како Сениор Маркетинг Егзекјутив и продолжив кон подобри и поголеми работи :)

За разлика од многу луѓе на моја возраст имав доста океј почетна точка за која се изборив лично јас без мама, тато или било какви буткачи, и се надевам дека ќе имам доста добра кариера зад себе до 35 години.

Иначе компанијата кај што сум сега активно бара Partnerships Managers, Customer Success (Sales) Managers, Account Managers (овие неам везе што би работеле) и Head of Digital Marketing кој директно ќе ме менаџира мене. Во моментов јас сум на трајал дали ќе можам да исполнам дел од капацитетите на Head-от но позицијата е отворена за правиот човек со правото искуство во Enterprise B2B.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Вработување
« Одговори #3998 на: 08 Мај 2021, 15:16:18 pm »
Гледајте на форумот како место за вмрежување. Секаде секогаш се бара нешто, некогаш информацијата е доволна за некое раб место.

Инаку, во приватен сектор, најчесто, квалитетот доаѓа на израз, тука нема вујко владика. За тие што дипломата има е дадена од небо, работа го чека, тука е секогаш администрацијата и некои квази приватни фирми како Телеком, ЕВН....

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Вработување
« Одговори #3999 на: 08 Мај 2021, 16:29:48 pm »
Инаку, во приватен сектор, најчесто, квалитетот доаѓа на израз, тука нема вујко владика.
Ајде, ајде, не ги величи многу приватњаците, и таму има паразитчиња кои квалитетните/вредните мора да ги м'кнат на грб...

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5202
Одг: Вработување
« Одговори #4000 на: 08 Мај 2021, 16:38:10 pm »
Не да има такви фамилијарни фирми со паразити тоа е чудо едно. Ама како се намалува бројот на квалиетен кадар во МК малце забрзано почнуваат до израз да доаѓа квалитетот, а фала богу и платите.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3697
Одг: Вработување
« Одговори #4001 на: 08 Мај 2021, 20:51:01 pm »
Има паразити и по приватните, ама какви неуки, сезнајковци, цицачи и саботери има во државните не сте свесни, конкретно па во ЕЛЕМ да не правам муабет, се ежам и притисокот 200 ми се качува кога помислувам, сеуште мислам среќа што не влегов таму на работа кога имав прилика иако многу луѓе околу мене не се согласуваат, со сигурност на нож ќе имаше дојдено некогаш.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: Вработување
« Одговори #4002 на: 08 Мај 2021, 21:11:43 pm »
Кај приватњаците има дел од вработените кои се газолижачи, кои си го потценуваат сопствениот живот, се откажуваат од истиот само да ќаруваат поенчиња кај газдата.
Заради таквите некои паметни и принципелни вработени не можат да просперираат бидејќи не се послушници на газдите.
Под послушници, зборувам за она ако газдата ти рече да се фрлиш во Вардар, ти да се фрлиш.
Ете такви се тие газолижачи.

Заради такви си заминав од претходната фирма, немам намера да се откажам од својот приватен живот затоа што некои сакајки да се покажат дека ја сакаат фирмата, ми наметнуваат прекувремено работење, работење по 20 дена без слободен ден, 2 недели во месецот втора смена, тоа се 10 дена, плус 2 работни саботи и во овие 14 дена редовно во најмалку 10 дена ќе заглавиш по 1 до 2 часа итн.
Нормално, не се плаќаше сето тоа прекувремено, од љубов бидејќи такви биле моментите, не сакале они така да биде, ама работата налагала.
« Последно менување: 08 Мај 2021, 21:19:29 pm FiLo »

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6434
Одг: Вработување
« Одговори #4003 на: 08 Мај 2021, 21:25:02 pm »
Мене никој не ме тераше да останувам прекувремено, јас останував, пошто знаев дека утре само ќе ми се натрупа работата што пак јас треба да ја завршам.

Па кога кажав дека си одам месец дена унапред, дека најдов ДУПЛО поплатена работа за ДУПЛО помалку работни часови дневно, дури и крив испаднав, ми се налутија, многу касно сум кажал.

Еден месец порано.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: Вработување
« Одговори #4004 на: 08 Мај 2021, 21:37:00 pm »
Се раскинува и спогодбено договорот за вработување. Таму нема отказен рок или слично, само си кажуваш датум до кога сакаш да седиш.
Нема што да се лутат, штом си заминуваш значи имало настани или односи што придонеле да не се гледаш повеќе кај нив.
Требало на време да мислат.