Брендот го плаќаш дополнително, можеби и прескапо, меѓутоа, што е тоа поразлично од било која друга индустрија?
Токму така, покрај производот го плаќаш и логото залепено на производот. Кај останатите е поразлично тоа што го плаќаш само производот, ама буквално истиот тој производ без фенси лого на грицнато јаболче.
Кој колку сака нека мудрува, ама би било идиотски да се рече дека дизајнот, оптимизираноста и мање-више перфектноста со која работат уредите на Apple не се на апсолутно врвно ниво.
Кога станува збор за компјутери на Епл, тие се на високо ниво, но никогаш не се на врвно. И тоа е така од кога почнаа да користат конвенционален хардвер за масовна употреба, т.е. Intel-ови x86 процесори и ATI/nVidia/AMD графички картички. Значи од кога е така, а така е речиси една деценија, Apple никогаш не биле во тек со најновите хардверски достигнувања кои се нудат на пазарот. Од секогаш каснеле со по една генерација или еден тик. Па така е и во конкретниов случај, во нивната понуда за десктоп работни станици недостасува понуда на LGA 2011 која во моментов е врв и е премиум. Здравје догодина ќе ја стават во понуда, ама тогаш ќе излезе нешто друго поново кое ќе го немаат и така.
Во однос на перфектноста и оптимизираноста и сите технички решенија пофалните зборови треба да ги искажете на Intel, AMD, nVidia и други фирми чиј хардвер се вградува во конфигурациите кои ги продава Apple. Притоа Apple нема буквално ников уддел во ништо од хардверот внатре. Единствено има уддел во дизајнот на тенекијата во кој е сместен хардверот и шминкање на интерфејсот и конфигурирање на оперативниот систем Linux (во случајот на Apple наречен OS-X).
Мала аналогија, што гОЈДО ја започна, ама ја малце ќе ја извртам... Ај да ги земеме Шкода и Ауди... Се базираат врз истата технологија и платформа, арно ама, Аудито е подобро, и порадо би земал Ауди, него ли Шкода, така? (реторичко прашање) Не дека Шкодата е лоша, или нешто и’ фали, ама не е тоа тоа
Не, не, не! Да ги земеме Шкода и Шкода, двете идентични ист модел со иста опрема, ист мотор од иста серија. На едната Шкода да и ги откорнеш амблемите и да и ставиш Амблеми од Ауди. Ама еве направи и некој фејслифт, стави и спортски браници, спојлер и издув. И стави и цена малтене дупло!
Ај сега пошто се разбираш од автомобили кажи ми дали Шкодата со браници и амблеми на Ауди ќе биде подобра од технички аспект? Ќе биде ли побрза? Ќе биде ли постабилна? Ќе биде подоверлива? Ќе троши ли помалку?
И сега пази која ситуација, ти цел живот пратиш авто индустрија и ти доаѓа некој кој во живот се возел во 20 коли вкупно и те подучува дека таа накинџурената кола е неспоредливо побезбедна, дека е побрза, дека никогаш нема да ти откаже, дека со исто гориво ќе поминеш дупло километри и други дрнданици. Која би била твојата реакција на муабетот?
А после откако ќе нацрташ ко на мало дете дека и едното и другото е Шкода, друг кој нема некои познавања од автомобили ти улетува со муабет дека е презадоволен од „Ауди“-то дека тоа врвни оптимизации претрпело поради промената на браниците и заварување на украсот на издувот. Дека он секогаш ќе вози „Ауди“ баш поради тоа што е презадоволен од „Ауди“ и никогаш нема да купи Шкода.
Тоа е моето размислување на темава... Да имам пари и/или можност, би земал МАС, особено поради областа во која професионално работам.
Ако имаш пари и можност ќе земеш нешто помоќно од понудата на Епл. Од компјутерска техника единствено кое го признавам како добар производ на Епл се мониторите, но како и се нивно останато не вредат за цената за која се продаваат.
А ако сакаш да си работиш под OS-x, не е проблем да склопиме конфигурација за 1/2 од цената по која се продава Епл-от и ќе инсталираме OS-x. Или пак кажи што конфигурација имаш и ќе видиме дали треба да се промени некоја компонента за да можеш да работиш OS-x како втор или трет ОС.