Е да прав си...јас до некна имав Еден Ајсер мини за онлајн банкинг и еден ХП Павилион со Виста ОС за работа ама морав да се префрлам на МАЦ, зашто останав црна овца и 3 години давав отпор ама не биваше веќе. Цела фирма работи со МАЦ само јас бев изрод.
Сето тоа што го наведе е точно само заборави да наведеш дека како оперативен систем е многу постабилен од Вин.
Работи перфектно, супер брзо и што е најважно за нас ич не треба да му ја мислиш за вируси.
Не треба ни за бекап да мислиш затоа што ерпорт сам си прави бекап неколку пати дневно.
На ХП-то инсталирав секоја година лиценциран антивирус и пак имав проблеми со гнасотии кои дури ми го окупираа и екстерниот хард па за малку ќе изгубев се живо од податоци и после ќе требаше да се фрлам у Вардар со школка од фичо околу врат.
Како што кажав, позади Епл пред се стои феноменален маркетинг. Потоа се сите останати работи како квалитет, функционалност и слично.
Сите тие работи кои ги кажа не се поврзани со хардверот, т.е. компјутерот физички, туку напротив со софтверот.
На РС кој нема налепница со јаболко можеш да инсталираш Мас ОЅ-Х. Ако те интересираат детали ќе ти кажам како.
Употребата на Мајкрософт-овите оперативни системи не е ниту нужна, ниту морална опција за РС. Значи можеш да инсталираш Линукс базиран оперативен систем, многу подобар од варијантата која ја користи Епл на своите брендирани Мекови.
Понатаму, на Мек можеш да инсталираш Виндоус.
Уште понатаму, софтверот за Линукс е бесплатен. Софтверот за Мас ОЅ-Х не е.
Ботом лајн. Компјутер кој се користи за професионални работи треба да биде токму тоа - компјутер за професионални работи на кои нема да се сурфа по интернет, да се спушта пиратерија и порничи со .ехе наставка. Јас користам Виндоус-и и не ми се случило да се заразам со гадинка во последниве 10 години, но јас не сум џенерал јузер кој лесно може да се зае*е и да активира сра*е и ќе се оградам од статистиката.
Понатаму, ако имаш битни податоци треба да имаш минимум 2 независни бекапи покрај главниот медиум со кој работиш, на пример еден на квалитетни ДВД-а, а друг на екстерен хард-диск. Дополнително можеш да имаш и RAID1 (Mirroring) систем доколку имаш битни софтвери и сетирања на оперативниот систем кои не сакаш да ги изгубиш поради тоа што ќе ти рикне диск.
Уан мор тајм, сори фор хајџекинг д трид. Ај хоуп дет д грасадминистрејт' уил мув д булшит ин анад' трид вери сун.