Автор Тема: MAC vs PC  (Прочитано 51785 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: MAC vs PC
« Одговори #165 на: 18 Декември 2011, 18:06:12 pm »
Огромна е разликата во мониторите, барем како фотограф ако гледам, за фејзбук и Ексел (Нумберс) може и нема голема разлика.
И кај едните и кај другите има варијанти. Има и Асус монитори со екрани подобри од тие на Епл. Од каде што Епл може да ги купи тие екрани можат и други вендори.
Се прашувам на Епл корисник што ќе му е монитор со подобри перформанси од одличен монитор за нормална цена. Полемики за ова има многу по интернетов, точен одговор никој не успал да даде.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: MAC vs PC
« Одговори #166 на: 18 Декември 2011, 18:15:24 pm »
Едно време бев загреан за купување Apple Cinema Display. Скап е, али е најдобриот монитор на планетава во моментот. Како и Дени, и јас ги имам приметено разликите. Кога имав шанса да користам Apple Cinema Display пола саат, све друго у споредба е.. полошо.

Е сега, цената на мониторот (~1100 еура во Македонија), како и политиката на Apple да користи нестандардни конектори, кои повлекуваат и купување соодветна графичка картичка и/или адаптер, ме одврати од намерата.

Затоа купив DELL IPS монитор, кој не е најдобар во светот, али можам комотно да кажам дека нуди ~90% од квалитетот на ACD, по 1/6 од цената на ACD, и работи со стандарден DVI конектор.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: MAC vs PC
« Одговори #167 на: 18 Декември 2011, 18:19:20 pm »
Затоа купив DELL IPS монитор, кој не е најдобар во светот, али можам комотно да кажам дека нуди ~90% од квалитетот на ACD, по 1/6 од цената на ACD, и работи со стандарден DVI конектор.
Добро си направил. Тоа е разумен потег. Мислеше да го користиш Епл мониторот на ПЦ или на МАЦ?

Ако на некого му се чита: http://hardforum.com/showthread.php?t=1464591
Apple Cinema Display panels found in many other monitor vendors.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: MAC vs PC
« Одговори #168 на: 18 Декември 2011, 18:23:50 pm »
На PC, секако.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: MAC vs PC
« Одговори #169 на: 18 Декември 2011, 18:25:28 pm »
Фаланга, За конкретниот пример кој го даде Куоре, мониторот на Асус е дното, а мониторот од Епл е врв. Асус имаат подобри монитори од тој во примерот на Куоре, меѓутоа подобар монитор од конкретниот на ЕПЛ немаат.

Одличен е мониторот на Епл. Тој на Асус не е ниту добар ниту одличен. Само е голем и ефтин. За разлики меѓу TN и S-IPS панели имаш на интернет колку сакаш податоци.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: MAC vs PC
« Одговори #170 на: 18 Декември 2011, 18:30:36 pm »
Се извинувам, мислев Општо за Асус мониторите се зборува. TN и IPS се неспоредливи во поглед на перформанси. Но дали на секој корисник на Епл компјутер му е потребен „најдобриот модел на светот“?

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: MAC vs PC
« Одговори #171 на: 18 Декември 2011, 18:41:14 pm »
Се извинувам, мислев Општо за Асус мониторите се зборува.
Тоа е веќе друг муабет, по првиот твој коментар по споредбата на Куоре мислев дека сакаш да кажеш дека се горе-долу исти мониторите, а се различни како ден и ноќ

Цитат
Но дали на секој корисник на Епл компјутер му е потребен „најдобриот модел на светот“?
Секако дека не. Токму затоа и не ги сакам Епл, не нудат можности за избор туку мора да земеш што ти даваат топтан без разлика дали ти брка работа или не и дали ти треба или не. На крај за компелтот поштено ќе те изрекетираат.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: MAC vs PC
« Одговори #172 на: 18 Декември 2011, 18:51:56 pm »
Споредбата ја најдов на нет, ми се виде интересна. Не е проблем кај процесорот да додадете уште 100 евра за подобар од оној на Аппле, исто не е проблем да додате уште 300 евра за монитор кој ќе биде поголем и подобар од оној на Аппле. Аппле има одлични решениа, дизајн и слично но кога се работи за перформанси едноставно се прескапи.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: MAC vs PC
« Одговори #173 на: 18 Декември 2011, 19:03:44 pm »
Се извинувам, мислев Општо за Асус мониторите се зборува.
Тоа е веќе друг муабет, по првиот твој коментар по споредбата на Куоре мислев дека сакаш да кажеш дека се горе-долу исти мониторите, а се различни како ден и ноќ

Цитат
Но дали на секој корисник на Епл компјутер му е потребен „најдобриот модел на светот“?
Секако дека не. Токму затоа и не ги сакам Епл, не нудат можности за избор туку мора да земеш што ти даваат топтан без разлика дали ти брка работа или не и дали ти треба или не. На крај за компелтот поштено ќе те изрекетираат.
Е тука веќе се сложуваме. На времето го почитував Епл кога беше уникатен и толку различен од ПЦ. Сега многу помалку но сепак го почитувам како бренд. Ценовната политика и тоа како ги третираат купувачите и вработените едноставно ми е одвртно. И да ми дава некој Епл бесплатно нема да го земам знаејќи какви се гомнарии се кријат зад тоа парче бела пластика. Јас мислам дека Епл треба да го смени слоганот во: Вие сте ретардирани идиоти, затоа сме ние да ви кажеме како да живеете.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: MAC vs PC
« Одговори #174 на: 18 Декември 2011, 19:40:47 pm »
Споредбата ја најдов на нет, ми се виде интересна. Не е проблем кај процесорот да додадете уште 100 евра за подобар од оној на Аппле,
200 долари за процесор и за матична.

Цитат
исто не е проблем да додате уште 300 евра за монитор кој ќе биде поголем и подобар од оној на Аппле.
Разликата во цената на мониторите е околу 1000 долари. Едниот е 350, другиот 1300.

Цитат
Аппле има одлични решениа, дизајн и слично но кога се работи за перформанси едноставно се прескапи.
Имаат одлични телефони и одлична шминка. Компјутери немаат, само препродаваат.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: MAC vs PC
« Одговори #175 на: 19 Декември 2011, 12:00:39 pm »
Пошто се изначитав секакви коментари, од паметни и логични, преку бесмислени до глупи како... Ѓубре, лајно што не вереди, снобизам и сл,... ќе наведам неколку причини во корист на Јаболкото.

Доверливост....никогаш компјутерот нема да ти падне поради некој помочан вирус кој колегата го закачил сурфајќи на порно страници па да не дај боже изгубиш важни документи (мене лично ми се случи со ХП-то 2009 година).

Хардвер...работиме во услови кои што не се нималку погодни за електроника а тоа е екстреман жештина и прашина до бесвест. Обичните преносни комјутери не траеја ни по 3 месеца без да изгоре некој дел од електрониката вантре. Најчести дефекти...горење на хард...цркнување на кулер. Од кога сме на Ејп (повеќе од 4 години) фала богу не знам на некој да му цркнал хард или слично а ги знам сите дефекти пошто трошокот мора да помине низ мои раце. Обично се физички повреди настанати по грешка на корисникот и на еден колега не му работеше ЦД ромот ама кога го однесов во Дуна кај нас ми рекоа да му кажам да го чистел од време на време не било лошо.

Прилагодливост....Каде и да одиш, што и да правиш, било каде да се конектираш, било кој штампач или друг уред да сакаш да го инсталираш, се станува со извонредна леснотија и без проблеми.
Природата на работата ни налага да шетаме доста од едно место на друго па ова ни е од исклучително значење. Јас лично имав многу големи проблеми пред тоа, морав да го имам инсталирано секој штампач, секој факс, секој фискален принтер за проверка, секој принтер за налепници за кај и да одам да можам лесно да работам. Сега нема никаков проблем, буцкам УСБ или ако е мрежен го наоѓам само, еден клик и после 1 минута бркаш работа. Исто и за конкеција, ни те праша зошто кој каде, сигурна не сигурна, на работа ли си, дома, кај бабати или кај дедо ти на гости, нема барање конфигурирање параметри, внесување разни лајна и сл. Кабелот го буцкаш и тераш. Ако е вајерлес конекција само лозинка ти треба ако е не е отворена.

Не се разборам до толку и немам намера да пишувам докторски дисертации на тема Оперативните системи и нивната корисност или хардвер и неговите перформанси. Мене како обичен смртен корисник ме интересира да ми биде лесен за работа, да не морам да се замрам со глупости во тек на работа, да бидам сигурен во својот компјутер и лесно да манилуплирам со сите податоци и апликации. Мене мојот комјутер токму тоа и ми го нуди. Да не зборуваме дека како човек што стално работи со финансии бекапот ми е од исклучително големо значење.

Патувам стлано, не дај боже (еднаш ми падна компјутерот па се искриви корпусот, мораше да се менува) нешто ќе се случи, отидоа сите податоци во неповрат.

Користењето на Ер Порт како бек ап машина кој патем служи и за мрежно поврзување на сите бежични уреди (не мора да се ејпл за да се поврзат) и како рутер, е извонредна работа. Се се случува автоматски, се поврзува со компјутерот кога е во негова близина и прави бек ап на последните измени.

Автоматски можеш да синхронизираш уреди врзани во мрежата и да ги имаш сите податоци на секој компјутер без да се мачиш воопшто, само треба да смениш една единствена опција во сетингс и тоа ќе се случува под дефаулт секој пат чим се заедно во мрежа. Нешто како Ајклауд апликацијата сега, само на буткање шо би се рекло.

Пред тоа имав дома 3 екстерни харда (сеуште ги чувам) ги м'кнев секаде со мене и пак заборавав некогаш да направам бекaп. Морав да сетирам разни римајндери за да нe заборавам да го направам тоа барем еднаш неделно иако обемот на работата е доста голем па ми треба бекaп да речам ајде секој втор ден, ако не и секојдневно.

Има уште доста предности, но кога ќе се сретнете со реалните проблеми на работа кои се појавуваат со обичните преносни компјутери и кога ќе имате можност да го имате сето ова по цени пониски дури и за истити конфигурации од сета останата конкуренција, не знам дали некогаш повеќе ќе се вратите назад на ПЦ?

Јас кој бев најголем противник и до вефруари годинава и упорно одбивав да поседувам макар и најмал уред од Апнаттото јаболко, сега да зборувам вака..??..Верувајте тогаш дека дека има многу причини поготово кај оние што комјутерот им е за работа а не за курташак и поготово заради тоа што сум човек кој не го менува лесно своето мислење.

Значи ова е муабет од искуство затоа што скеој ден поминат на работа каде и да сум се среќавам со Ејпл, а не муабет од типот "Баба ми кажа видела некој јадел бурек па да му кажам на синов на внукот да му каже да си купи оти може убаво било".

А за докторските досертации на тема електорника, хардвер и софтвер , баш ме заболе левото маде да ви кажам право затоа што јас како прост корисник кој 10 часови дневно поминува на комјутер, ме интересираат горе наведените работи, а не која плоча била побрза или кој оперативен систем бил пософистициран, или кој процесор каков бил или не знам што?

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: MAC vs PC
« Одговори #176 на: 19 Декември 2011, 12:13:42 pm »
Убаво си кажа, човек кој имал искуство со двата модели на компјутери. А ти Гојдо, имаш до сега во реални услови користено мек, па да споредиш со PC?
Јас имам кратко време и не можам да кажам ништо позитивно или негативно.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: MAC vs PC
« Одговори #177 на: 19 Декември 2011, 12:16:56 pm »
Сергеј другарче постот ти е прекрасен. И се сложувам од А до Ш освен за една работа. Ти никаде не негираш директно дека она што го можеш на твојот Епл компјутер го можеш и на ПЦ со Windows 7. Но индиректно јас добивам впечаток дека негираш, поради она што велиш: претходно не го можев тоа сега го можам.

Јас не знам кое ти е искуството со Windows 7 (а не знам и на многу други корисници на форумов) ама Windows 7 се тоа што ти го баброја може беспрекорно да го изврши. Да не навлегувам дека за сепак помала цена од Епл компјутер ќе си купиш и ПЦ и Home Server и без да се замараш ќе ти прави и бекапи и синхронизации и роаминг профили и дома во мрежата и преку интернет, и ќе се имаш приватен веб сајт, блог, сториџ сервер онлајн во секое време и уште стотици други опции.

Да не не сфатиш погрешно и мене и Гојдо, мекот како компјутер + софтвер си е супер, ама не по цената по која се продава. Истиот квалитет (освен светлата бела пластика и непотребно квалитетниот екран (за 90% од корисниците непотребна)) го добиваш и со ПЦ, дали бренд дали домашно склопено. Она стварно не ти држи вода дека за 3 месеци цркале кулерите и хард дисковите. Абсолутно не е така. Откак осе појави Сокет 478 за Интел пред 6-7 години, фабричките кулери и ден денес си работат среќно и задоволно. Хард дисковите подеднакво цркаат и кај епл и кај ПЦ. Разликата е тоа што кај ПЦ можеш да склопиш денес компјутер и за 100 евра со монитор (токму така, за 100 евра без шега) па макар и ти цркал хард диск еднаш годишно и би можел да работиш колку-толку. Епл е светлосни години далеку од тоа ценовно. Да не должам многу да сумирам, според мене освен во задоволството во работата и себевеличењето дека работам на скап компјутер и сум шема, све свети околу мене па и иконите на екранот ЕПЛ НЕМА НИЕДНА предност повеќе пред ПЦ.

Колку сакате гомна ќе изедам на темава но ова мислење не го менувам само на база на форумски муабети. Ќе мора Епл да излезе од nut shell прво па да ме убеди дека греша.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: MAC vs PC
« Одговори #178 на: 19 Декември 2011, 12:23:02 pm »

Не се разборам до толку и немам намера да пишувам докторски дисертации на тема Оперативните системи и нивната корисност или хардвер и неговите перформанси. Мене како обичен смртен корисник ме интересира да ми биде лесен за работа, да не морам да се замрам со глупости во тек на работа, да бидам сигурен во својот компјутер и лесно да манилуплирам со сите податоци и апликации. Мене мојот комјутер токму тоа и ми го нуди. Да не зборуваме дека како човек што стално работи со финансии бекапот ми е од исклучително големо значење.


А за докторските досертации на тема електорника, хардвер и софтвер , баш ме заболе левото маде да ви кажам право затоа што јас како прост корисник кој 10 часови дневно поминува на комјутер, ме интересираат горе наведените работи, а не која плоча била побрза или кој оперативен систем бил пософистициран, или кој процесор каков бил или не знам што?

Овие два пасуса кажуваат се.
Тоа е тоа што се бара и очекува од еден продукт. Повеќето од нормалните корисници да се задоволни од тоа што го добиваат, без да ги интересира што се крие позади.

Кога ќе купиш Лексус/Мерц и остали очекуваш да стигнеш од точка А до точка Б со најмалце напор, да излезеш одморен, да ти биде тивко во колата, удобно, пријатна температура да има, да не ти се расипува или полурасипува колата секоја недела и да личи на нешто од внатре и надвор. (пријатно да ти биде пред и откако ќе влезеш).
Ниту те занима дали Перо со аутомеханичарот Џоле склопиле Хонда од 96та која е побрза од твојот Мерцедес, ниту те интересира дали Ставре ставил 100кг изолација и потивко му е во Опелот отколку на тебе во Мерцедеост, ниту дали Васко го купил пола ибеј и сеа има повеќе геџети во Голфот отколку ти во Мерцедесот, а тоа го чинело вкупно 300 евра колку што тебе ти чини само пола паркинг сензор :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: MAC vs PC
« Одговори #179 на: 19 Декември 2011, 12:29:43 pm »
Сергеј другарче постот ти е прекрасен. И се сложувам од А до Ш освен за една работа. Ти никаде не негираш директно дека она што го можеш на твојот Епл компјутер го можеш и на ПЦ со Windows 7. Но индиректно јас добивам впечаток дека негираш, поради она што велиш: претходно не го можев тоа сега го можам.


Не сум рекол нигде дека неможе, само реков дека се станува многу полесно. А ние со Виндоус 7 немаме искуство, не стасавме до него. Последна беше Вистата која сме ја корисителе (и јас на ХП-то) како оперативен систем и после тоа и јас преминав на Ејпл како последен мохиканец и со тоа заврши приказната. Сега и никој не ни помислува да се врати на  Виндоус па кој број сака нека биде, па така да немаме ни искуство со него.

Она стварно не ти држи вода дека за 3 месеци цркале кулерите и хард дисковите. Абсолутно не е така. Откак осе појави Сокет 478 за Интел пред 6-7 години, фабричките кулери и ден денес си работат среќно и задоволно. Хард дисковите подеднакво цркаат и кај епл и кај ПЦ. Разликата е тоа што кај ПЦ можеш да склопиш денес компјутер и за 100 евра со монитор (токму така, за 100 евра без шега) па макар и ти цркал хард диск еднаш годишно и би можел да работиш колку-толку.

Каде тоа ? Дома кај тебе на маса? И јас имав ХП и хардверски беше супер, едино што ме нервираше беше глупавата Виста. Ама тоа кај мене дома. Кога заминав АФГ и седев таму на плус милион степени со маска на лице за да не голташ прашина која ја има ненормално сегде, после 15 дена почна да ми бучи кулерот на ХП-то. Иако го дував со компресор од прашината се имаше изглед наполнето и на враќање дома морав да го носам да ми го менуваат. Многу нечисто вика... кај најде волку прашина?


Да не должам многу да сумирам, според мене освен во задоволството во работата и себевеличењето дека работам на скап компјутер и сум шема, све свети околу мене па и иконите на екранот ЕПЛ НЕМА НИЕДНА предност повеќе пред ПЦ.

Причитај убаво шо сум напишал....не сме ни ние од Морж задоени и не ни паѓаат парите од небо!

Има уште доста предности, но кога ќе се сретнете со реалните проблеми на работа кои се појавуваат со обичните преносни компјутери и кога ќе имате можност да го имате сето ова по цени пониски дури и за истити конфигурации од сета останата конкуренција, не знам дали некогаш повеќе ќе се вратите назад на ПЦ?