@osmica9
Активно ја пратам сцената на цивилни компјутери 20 години. Низ раце ми има поминато буквално се од компјутери што има брендирано Епл, се што е x86, x87 и нивни деривати, се од аудио, графички процесори. Не само за тие 20 години туку и постари. И тоа не како спакувани продукти и компјутери туку на ниво на марко и микро архитектура, нивен развој, раѓање и умирање. Исто така и летечки компјутери како Спектрум, Комодоре, Атари, Амига и тн. Буквано сето тоа ми поминало низ раце, сум го проучил, сум програмирал, сум си играл со нивен хардвер и софтвер и тн.
За некого дострелот на сваќањето на Епл е како елегантен компјутер кој е доверлив и кај кој работите функционираат. Моето проучувања и сваќања на хардверот и софтверот се на многу подлабоки и во ситници.
И тоа од аспект на хардвер на ниво на познавање на микро-архитектурата на процесроите, т.е. детално како функционира секоја од нив, кои се нивните можности, предности и недостатоци. Па и подлабоко во самата логика, т.е. како се изведени некои логички кола за да можат да извршуваат одредени инструкциски сетови или операции. Или уште подлабоко, групирање на логиката во групи и стејџови за постигнување на повисоки фреквенции, ефектите од од должината на стејџовите и изведбата на логиката. И од друга страна типовите на транзситори, нивните карактеристики и перформанси при различни услови, литографските процеси, нивниот развој, подобрувања и еволуција.
Од страна на софтвер, програмирање од најниско ниво на јаици до највисоко, т.е. од гол асемблер, па макро-асемблер, па интерпретери, компајлери, објектно ориентирани јазици и тоа за различни процесори и опреативни системи. Па изучување на разно-разни математички модели, алгоритми и нивна примена во секојдневниот живот. На пример магистерската ми е „Напредни компјутерски методи за проектирање на надземни водови“, каде објаснувам како се применуваат генетските алгоритми, фази-логиката и методот на растење на кристали заедно за изнаоѓање на технички и финансиски оптимално решение на надземен вод во било каков терен и со секакви материјали на располагање, покрај стандардните математички модели за пресметка на системите какви што се њутн-рафсоно и гаус-зејдел.
Значи, нивото на кое ги користам и сум ги користел компјутерите е многу дачеку од нивото да правам табела со материјали кои треба да ги набави мојата компанија во Ексел, да слушам музика во Винамп и да сурфам, а притоа да не се плашам дека ќе фатам вирус. А во старите добри времиња на ДОС имам направено и вирус кој не правеше ништо туку само се ширеше.
Да не ти раскажувам што се од апликативен софтвер и програмски јазици имам изучено.
Е сега, ти види колку сум компетентен.
Понатаму, нема да влегувам во расправија, само некој кој не разликува хардвер од софтвер неможе да знае што се компјутерите со налепница на Јаболко. Порано, кога користеа IBM-ови Power процесори беа сосема поразнични од „обичните“ ПЦ-а, друга приказна. Денес го користат истиот хардвер и се исти во целост, не постојат разлики. Софтверот кој го користат е ист и компатибилен и за „обичните“ и за „јаболко“. Ако некој мисли дека компјутерот му е сигурен и не му фаќа вирус затоа што е „јаболко“ тоа е само неговото незнавање. Може да го искорне јаболкото од куќиштето, а компјутерот исто ќе му работи. Може и да си купи друг компјутер не жигосан со „јаболко“ и со иста конфигурација и софтвер. Нема да постои разлика во работата на компјутерот со и без „јаболко“.
Ако не ме свати што ти зборам тогаш една пластична компарација: Aко на твојот Лансер му зелпиш налепница 2.0 турбо, му залепиш украсни лајсни, му ставиш лед диоди на регистрацијата и пониклован украс на ауспухот, дали со тоа ќе се сменат перформансите и возните својства, животниот век и безбедноста? НЕ! Или ако земеш џемперче од Тетекс и му сошиеш амблем Дизел и му ја дуплираш цената дали тоа ќе го направи поквалитетен, потопол, пошик и поелегантен? НЕ!
Епа исто ако на еден „обичен“ компјутер му ги извадиш сите делови и ги туриш во куќиште со лого на Епл, нема да му се сменат перформансите, животниот век и безбедноста.