Ефектот од војната што Америка ја стартуваше за ослабнување на глобалниот моќник Volkswagen е спротивен. Продажбата на германската марка врви одлично и меѓу другото забележа пораст и во земјата на пропаднатите General Motors и Chrysler.
Марката Volkswagen во првите девет месеци од годинава испорача 4,3 милиони возила. Најголем раст во продажбата е постигнат во европските држави, а пораст е забележан дури и на пазарот во САД. Единствено Русија и Бразил, како најголеми пазари во своите региони, моментно стагнираат. Стабилна е и продажбата во Кина. Само во септември Volkswagen испорача 513.500 возила на клиентите.
На целиот европски пазар, Volkswagen во првите три квартали продаде 1,3 милион возила, што е зголемување од 3,1 проценти. Заслуга за позитивниот резултат има првенствено регионот на Западна Европа, со плус од 6,3 проценти, односно со 1,15 милион продадени возила. Речиси половината од оваа продажба е постигната на домашниот пазар (448.500 возила, +4,3%). Најголем пораст имаат Велика Британија и Шпанија, со 6,9 проценти, односно 15,3 проценти.
Може да му го лапнат на Волксваген, американци глупи.