Автор Тема: Квалитетот на VW.  (Прочитано 397036 пати)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #540 на: 22 Септември 2015, 14:46:43 pm »
Замислете ден без VW на улици, па па па ...

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1305
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #541 на: 22 Септември 2015, 14:51:14 pm »
VW е машина за правење пари а не коли. То е моја констатација одамна. Екстремно добар и агресивен маркетинг, арогантен настап во секоја прилика, и на секој пазар, страшна корупција при флотна продажба, ептен вешти при мешетаренје со акции итн, итн....
Сетете се само кој кого требаше да купи, VW да го купи Porsche, или Porsche  да го купи  VW? Али “вистината е како шило“,  како што не просветли еден наш политичар пред некоја година. Во секој случај ќе биде забавно да се гледа размотувањето на приказната.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6504
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #542 на: 22 Септември 2015, 15:03:23 pm »
Ова што го опиша е пример за тоа како се води една успешна компанија во глобални рамки. Кога се десија проблемите со Тојота и сите експерти станаа како Тојота ќе оди банкрот, па еве гледаме сега кај е Тојота. Истото ќе биде и со VW, ќе си платат казни и ќе си продолжат како што си знаат најдобро а експертите и сеирџиите наеднаш ќе ги снема.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29794
    • CARclub.mk
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #543 на: 22 Септември 2015, 15:19:28 pm »
Генерално, истиов муабет го теравме вчера во Чилин.

Целата дешавка е сомнителна. Сомнителен е и тајмингот, сомнително е и наглото популаризирање на темата.

1. Првите истражувања се правени пред 16 месеци. Тајмингот (мање-више) се поклопува со летањето на неколку важни фаци од директорски позиции на VW USA заради неуспешно работење. Дали и колку е поврзано, не би можел да шпекулирам.

2. Ако ова го прави VW, сигурно го прават и другите со поголем или помал интензитет. Баш споредував бројки на емисија на штетни гасови - и сите се тука некаде со бројките. Не е дека едните имаат нешто-ненормално-поквалитетна-ем-почиста технологија од другите. Да се разбереме, не е ова оправдување за тоа што го прави VW. Само е констатација.

3. Во Америка има силна пропагандна машинерија во насока на електрични возила и хибриди. Тесла е огромен играч, тука е и Тојота, а и многуте Американски производители кои нудат барем по 5-6 хибридни варијанти на своите возила. Многу е инвестирано во инфраструктура и популаризација/пропаганда на овие возила и технологии. Food for thought.

4. АДАК има правено слични испитувања во Европа. И они имаат заклучено дека има отстапување во емисијата на штетни гасови меѓу декларираното и реалното - ама тука не е никаде блиску до тие 40 пати повеќе што ги декларира EPA.

Дека направиле огромна глупост во VW, направиле. Ќе има и последици - финансиски сигурно, најверојатно и кривични. За блоубек од купувачи и генерална јавност да не праиме муабет - еве ги, сите хејтери на VW се отворија каде стигнат. Јас сум фан на VW и мене лично ми е криво и се срамам од потегот. Крајно, крајно педерски потег. Само, ќе се стрпам да видам независна истрага и анализа за да знам што и до која мера е правено.

--

Едит: Чисто за потсетување, и да ги ставиме работите во контекст - се докажа дека GM е поврзан со најмалку 124 смртни случаи поради проблемите што ги имаа со бравите. Се докажа и дека не реагирале кога веќе знаеле дека постои проблемот и дека е сериозен. Арно ама, добија само 900 милиони долари казна. Honda имаше проблеми со ербегови - преку 30.000.000 (и со зборови - триесет милиони) возила беа викнати за промена на ербегови. Ама кога VW е фатен дека праи нешто погрешно (а погрешно е, без муабет, не се ни дрзнувам да оспорувам бидејќи нема што за оспорување) - одма тука се расфрлаат цифри од 18.000.000.000 (и со зборови - осумнаесет милијарди) долари, сензационализација и уште милион други глупости. Јасно ми е, на сите им е мерак да го напаѓаат тој што е на врвот.
« Последно менување: 22 Септември 2015, 15:24:35 pm zeroSignal »

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3937
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #544 на: 22 Септември 2015, 15:53:35 pm »
Целото „страње“ со регулацијата на емисија на гасови (вклучувајќи ги о оние алтернативни извори на чиста енергија) заслужуваат еден серијал на епизоди од Penn & Teller - Bullshit! (Страње).

Ако добро се сеќавам (не сум од оние хронолошки прецизните), уште од фамозниот договор во Кјото каде што се обидува да се стави регулатива на емисија на CO2 па навака сите воведени регулативи се употребувани повеќе во било која друга цел (највеќе во воја на еконмиите) а не во насока на вистинска заштита на околината и здравјето.

Да беа искрени регулаторите и производителите ќе ги тртнат колите на дино, гас до патос 20 мин во секоја брзина ќе наполнат одреден волумен гас издувен и ќе видат колку максимум може да загадува колата за поминат километар. После тоа пердашење на максимална можна емисија, па да видиме кој е јунак.

Сеуште не можам да ги разберам оние мерки како во Британија кога ти го одмеруваат степенот на емисија на издувни гасови по км. Па сега дали поминуваш 1000 км или 100000 км исто си плаќаш „казна“.

 

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55051
  • Махер
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #545 на: 22 Септември 2015, 15:59:30 pm »
Поентата со GM е што е нивна марка. Не се ненормални да си го таксаат својот граѓанин. Од друга страна Тојота и VW се големи и преуспешни надворешни марки кои ем им влечат пари ем им влагаат и парче им го прават пазарот.

Вака поентата е да се истргаат Приусите колку што може. Зошто беа успешни. Сега завлече TDI па ќе се такса тој. Еголф или Пасат ГТЕ

Пазари се во игра. :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14176
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #546 на: 22 Септември 2015, 16:01:26 pm »
Како било откриено дека лажат...

Тестирањата беа извршени на три возила, користејќи преносни системи за мерење на емисијата: Volkswagen Jetta, Volkswagen Passat и BMW X5.

Пет претходно одредени рути се возеа на тестирањето, вклучувајќи ги најчестите услови на секојдневна експлоатација, односно возење по автопат, во град, по спореден пат и возење по нагорнина и надолнина на локални патишта. Мерењата за Volkswagen Jetta покажаа вредности на емисија на азотни оксиди за 15 до 35 пати над дозволените стандарди (US-EPA Tier2-Bin5). Оние на Passat биле за 5 до 20 пати над стандардот, додека кај BMW во целина биле регистрирани вредности во границите на дозволените стандарди, со исклучок на вредностите при возење по нагорнина по локален пат. Според Франциско Посада, раководител на проектот „технологијата што е потребна за исполнување на стандардите на емисија на штетни гасови кај дизел моторите е достапна и тоа се докажува со вредностите кај возилото на BMW.“

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16734
  • Keep it 100
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #547 на: 22 Септември 2015, 16:20:56 pm »


Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #548 на: 22 Септември 2015, 16:22:24 pm »
Да не случајно некој ми избришал пост од неколку страни поназад?

Eдит: Во друга тема се водела иста дискусија, таму бил. Мојата прва реакција на темава,

Ова само VW или и другите производители на ваков начин лажеле? Џабе е се, никој не одговара за вакви масовни превари.

Koга ќе се знае одговорот на ова прашање клопчето понатаму само ќе се разврзе.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20700
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #549 на: 22 Септември 2015, 16:31:48 pm »
Едит: Чисто за потсетување, и да ги ставиме работите во контекст - се докажа дека GM е поврзан со најмалку 124 смртни случаи поради проблемите што ги имаа со бравите. Се докажа и дека не реагирале кога веќе знаеле дека постои проблемот и дека е сериозен. Арно ама, добија само 900 милиони долари казна. Honda имаше проблеми со ербегови - преку 30.000.000 (и со зборови - триесет милиони) возила беа викнати за промена на ербегови. Ама кога VW е фатен дека праи нешто погрешно (а погрешно е, без муабет, не се ни дрзнувам да оспорувам бидејќи нема што за оспорување) - одма тука се расфрлаат цифри од 18.000.000.000 (и со зборови - осумнаесет милијарди) долари, сензационализација и уште милион други глупости. Јасно ми е, на сите им е мерак да го напаѓаат тој што е на врвот.

Мала дигресија...
GM не ги прави бравите на колите и претпоставувам дека имало recall за замена на истите и имало и парична казна (мада да бидам искрен не сум запознаен со случајов).
Honda не ги прави ербезите, туку добавувач ги прави и ги доставува на монтажа. Honda прави recall за замена на фаличните ербези.
VW (наводно) лажира резултати од тестирање за емисија на штетни гасови.

Голема разлика има помеѓу recall (и причините за истиот) и лажење (со Бог те пита која цел).
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #550 на: 22 Септември 2015, 16:31:54 pm »
Споредбата со ГМ и Хонда нема везе. Во ниеден момент немаше индиции дека Хонда намерно ги расипала или на било кој начин делувала на функционирањето на аир-беговите.

Можеби веќе знаете, ама сепак да ја појаснам целата историја со лаширањето на податоците за емисија на издувни гасови од VW.

VW имал два мода на ЕКУ-то:
- dyno calibration - автоматски се активирал кога колата била тестирана за емисија на издувни гасови. Вградениот “прекидач“ чувствувал дека колата е на Дино и го вклучувала сетапот кој ги држел штетните емисии во дозволени граници.

- road calibration - кога прекидачот осетел дека колата е во нормална експлоатација се вклучувал овој мод и емисијата на NOx се зголемувала за 10-40 пати !

Заклучокот на ЕПА (Environmental Protection Agency) е:
"Due to the existence of the defeat devices in these vehicles, the affected Volkswagen vehicles do not conform in all material respects to the vehicle specifications described in the applications for the certificates of conformity that purportedly cover them..."

а историјата со овој проблем оди вака:

Maј 2014 The West Virginia University’s (WVU) Centre for Alternative Fuels, Engines and Emissions публикува студија во која се објавени многу повисоки од декларираните вредности за загадување на Џета 2012 и Пасат 2013. БМВ Х5 е исто така тестирано но ги поминало тестовите. Информирани се California Air Resources Board (CARB) и the Environmental Protection Agency (EPA) .

Лето 2014 WV се правда пред EPA дека зголемените емисии може да се резултат на технички неисправности и неочекувани услови при експлоатација.

December 2014 VW iдоброволно повикува на преглед 500,000 возила за проблемот

6 Maј 2015 CARB, во содејство со EPA, спроведува тестирање на овие возила во лабараторија и при нормална експлоатација на отворен патза да ја потврди ефикасноста на преземените мерки од повикот на VW. Тестирањата покажалњ минимални придобивки.
Ниту еден од посочените технички проблеми сугестирани од VW не можел да ги објасни повисоките тест резултати во добиени во реалност.

Лето 2015 CARB и EPA јасно му даваат на знаење дека нема да ги одобрат сертификатите за конформност за 2016 за моделите на VW’s 2016 се додека производителот адекватно не се изјасни за абнормалните аномалии при емисијата на издувни гасови.

3 Септември 2015 За време на средбата VW признава дека дизајнирал и инсталирал уред за модификација во овие уреди во форма на софистициран софтверски алгоритам кој детектира кога возилото е на тестирање за емисија на издувни гасови !!!

18 Септември 2015 CARB и EPA го обелоденуваат нивните откритија, тврдејќи дека Volkswagen прекршил 2 оддели на Clean Air Act, прво со понуда и продазба fна возила кои не се во согласност со сертификатот за конформност, и второ со производство и инсталирање на модул со способност на превклучување за да ги победат тестовите за емисија на издувни гасови.

И не гледам тука некоја причина за да се турни од пазарот или било како нечесно му се наштети на Фолксваген.
СИ го барале, си го добиле.

Америка и демократија на дело.
А вие правдајте го VW колку сакате.
« Последно менување: 22 Септември 2015, 16:44:51 pm ZokiPet »

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29794
    • CARclub.mk
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #551 на: 22 Септември 2015, 16:48:47 pm »
Мала дигресија...
GM не ги прави бравите на колите и претпоставувам дека имало recall за замена на истите и имало и парична казна (мада да бидам искрен не сум запознаен со случајов).
Honda не ги прави ербезите, туку добавувач ги прави и ги доставува на монтажа. Honda прави recall за замена на фаличните ербези.
VW (наводно) лажира резултати од тестирање за емисија на штетни гасови.

Голема разлика има помеѓу recall (и причините за истиот) и лажење (со Бог те пита која цел).

Точно, VW лажеле. И тоа е крајно некоректно. Треба да си ги сносат последиците, и ќе си ги сносат. Хауевер, за GM -

"People were hurt and people died in our cars," GM CEO Mary Barra told employees Thursday afternoon. "That's why we're here today."

GM had already admitted that its employees were aware of the problem nearly a decade before it started to recall millions of the cars early last year. That delay is the basis behind the criminal charges.

Од: http://money.cnn.com/2015/09/17/news/companies/gm-recall-ignition-switch/

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #552 на: 22 Септември 2015, 16:52:57 pm »
Не го мешајте ГМ сега...

Ако е точна констатацијата дека не се работи за пола милион возила во САД туку за 11 милиони возила низ светот и ако за сите се бара приближно иста казна од 30.000 евра по возило..тогаш..може да почне да се свири реквиемот на Моцарт.


Лично мислам дека ова нема да се заврши бргу, ќе се развлече во една долга милионска судска постапка од неколку години каде на крај се ќе се заврши со спогодба и во најмала рака преполовена казна за Фолксваген од причини познати само на страните во спорот и некаква си кавер верзија за пошироката јавност.









Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55051
  • Махер
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #553 на: 22 Септември 2015, 16:55:16 pm »
Лично мислам дека ова нема да се заврши бргу, ќе се развлече во една долга милионска судска постапка од неколку години каде на крај се ќе се заврши со спогодба и во најмала рака преполовена казна за Фолксваген од причини познати само на страните во спорот и некаква си кавер верзија за пошироката јавност.

Приватен чат:
Цитат
Denny 15:38
Се знае како одат тие казни. Ќе треба да платите 18 милијарди казна. (или да почастите 1 милијарда, и да платите казна 2 милијарди)

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #554 на: 22 Септември 2015, 17:01:02 pm »
Наместо да се врти се околу казната треба под хитно да се повлечат сите коли пошто едно срање загадува колку 50 други коли заедно.