Генерално, истиов муабет го теравме вчера во Чилин.
Целата дешавка е сомнителна. Сомнителен е и тајмингот, сомнително е и наглото популаризирање на темата.
1. Првите истражувања се правени пред 16 месеци. Тајмингот (мање-више) се поклопува со летањето на неколку важни фаци од директорски позиции на VW USA заради неуспешно работење. Дали и колку е поврзано, не би можел да шпекулирам.
Не се обвинува туку-така концерн само затоа што првите истражувања покажале нешто. Сигурно имало додатни испитувања и анализи кои траеле подолго време. VW добиле и еден нотис од EPA за отповик (Декември 2014), кој VW го направиле, но не постигнале баш многу-многу, нормално зошто не ги намалиле штетните емисии.
2. Ако ова го прави VW, сигурно го прават и другите со поголем или помал интензитет. Баш споредував бројки на емисија на штетни гасови - и сите се тука некаде со бројките. Не е дека едните имаат нешто-ненормално-поквалитетна-ем-почиста технологија од другите. Да се разбереме, не е ова оправдување за тоа што го прави VW. Само е констатација.
Аман, немој да почнам да звучам ко ФилипВ (нека ми прости што го спомнувам), ова е толку фаличен аргумент, што пука од фаличност!
Mercedes и BMW веќе имаат свои објави дека нивните возила не користат сомнителни методи за прикривање на загадувањето.
http://europe.autonews.com/article/20150921/ANE/150929995/bmw-daimler-say-their-diesels-comply-with-u.s.-clean-air-rulesНекаде прочитав дека тие што откриле, уствари сакале да покажат дека навистина се чисти дизелите, притоа тестот го направиле и со некое од BMW дизел возилата, кое не покажало дискрепанца од ОБД мерењето и мерењето од ауспух.
Пре` би рекол: Еднаш лажговци - Стално лажговци, наместо „ако они лажат сите лажат“.
3. Во Америка има силна пропагандна машинерија во насока на електрични возила и хибриди. Тесла е огромен играч, тука е и Тојота, а и многуте Американски производители кои нудат барем по 5-6 хибридни варијанти на своите возила. Многу е инвестирано во инфраструктура и популаризација/пропаганда на овие возила и технологии. Food for thought.
Има и во Европа. Се инвестира и во Европа. Одамна се зборуваше дека дизелите за да задоволат Euro6 норми ќе станат прилично поскапи и за производство и за одржување.
4. АДАК има правено слични испитувања во Европа. И они имаат заклучено дека има отстапување во емисијата на штетни гасови меѓу декларираното и реалното - ама тука не е никаде блиску до тие 40 пати повеќе што ги декларира EPA.
Линк плис?
Дека направиле огромна глупост во VW, направиле. Ќе има и последици - финансиски сигурно, најверојатно и кривични. За блоубек од купувачи и генерална јавност да не праиме муабет - еве ги, сите хејтери на VW се отворија каде стигнат. Јас сум фан на VW и мене лично ми е криво и се срамам од потегот. Крајно, крајно педерски потег. Само, ќе се стрпам да видам независна истрага и анализа за да знам што и до која мера е правено.
You don`t fuck with the law! Нема што ти да се срамиш, VW треба да се срами. Веќе почнаа (негерманските) новини да ги критикуваат и да кажуваат „Ете, толку вредат дизелите на VW“:
https://www.facebook.com/Quattroruote/posts/10154182462491258--
Едит: Чисто за потсетување, и да ги ставиме работите во контекст - се докажа дека GM е поврзан со најмалку 124 смртни случаи поради проблемите што ги имаа со бравите. Се докажа и дека не реагирале кога веќе знаеле дека постои проблемот и дека е сериозен. Арно ама, добија само 900 милиони долари казна. Honda имаше проблеми со ербегови - преку 30.000.000 (и со зборови - триесет милиони) возила беа викнати за промена на ербегови. Ама кога VW е фатен дека праи нешто погрешно (а погрешно е, без муабет, не се ни дрзнувам да оспорувам бидејќи нема што за оспорување) - одма тука се расфрлаат цифри од 18.000.000.000 (и со зборови - осумнаесет милијарди) долари, сензационализација и уште милион други глупости. Јасно ми е, на сите им е мерак да го напаѓаат тој што е на врвот.
GM лесно ја префрлија вината на добавувачот, така да индиректно ја „истресоа“ вината од нив. Исто и Toyota со добавувачите на воздушни перничиња. Овде се работи за дирекна вина на VW, која и си ја признаа. Стратегиски потег на VW да лаже. Значи не е некоја ненамерна грешка, туку одлука да се прекрши закон намерно. Многу лошо.
Marchionne како директо на Европската Автомобилска Асоцијација (мислам дека така се викаше), одамна укажуваше дека VW игра „прљави“ бизнис игри и дека е нелојална конкуренција, па VW едно време и се заканија ако не си оди тој од таа позиција, дека ќе ја напуштат асоцијацијата... Но големото политичко влијание на VW на европскиот континент може да ги „држи“ во добра позиција. За разлика од Европа, во Америка немаат такво лоби. Затоа и продажбата не им оди добро, и нормално и реално, амриканците ги критикуваат за нерелиабилност на нивните возила:
http://www.businessinsider.com/volkswagen-has-massive-sales-problems-in-america-2015-4Јас би рекол, дека конечно почнува да се покажува вистинското лице на гигантот кој имаше за цел да застане на прво место во свет по произведени возила. Веројатно со многу прљави игри. Се надевам дека ова ќе ги доведе во ред работите на светскиот пазар и ќе се нормализира конкуренцијата во автомобилскиот бизнис.
Се надевам дека казната ќе биде доволно дебела, за да не помисли било кој друг да се заебава битни работи како што е Америка.