Автор Тема: Квалитетот на VW.  (Прочитано 398337 пати)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #45 на: 20 Септември 2012, 14:19:53 pm »
Ма какво мислење на крајни корисници, каков зголемен квалитет. Ова се однесува на сите производители со масовна продукција. Колите порано и сега немаат врска со издржливост и нерасипливост.

А според логиката за заеднички делови, подвозје и слично VW треба да се најефтини, Хонда на пример многу поскапи. Не ќе да е така во пракса, така да врска нема да крајниот корисник нешто добива, освен ако му се расипе после гаранција па ќе може од Шкода или Ауди дел да бара :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Z128

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 378
  • ? ? ?
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #46 на: 20 Септември 2012, 14:25:14 pm »
@ikeyaro: Не би рекол дека комплицираноста ќе ги направи понеквалитетни, туку големосериското произвоЦтво. Што и да правиш/ произведуваш, потешко и поскапо е да ја задржиш контролата и квалитетот на високо ниво, без разлика колку е едноставо или комплицирано.
А впрочем и статистиката не е на страна на VAG, туку на страната на косооките, кога збориме за квалитет.
Но за многу луѓе секогаш постои она ... something unquantifiable ... што ќе ги натера да купат VAG, и покрај статистиката. Еднаш коментирав за Корола: никогаш нема да се расипе, ама ќејфот никогаш нема да го осетиш со таа кола.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1342
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #47 на: 20 Септември 2012, 14:28:58 pm »
Све што ке напраат германциве мора да е светско, дал је кола дал је рат :)

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #48 на: 20 Септември 2012, 14:30:11 pm »
Со ратовиве, повеќе им иде... ;D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34166
  • Таков е животот... јебига
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #49 на: 20 Септември 2012, 14:43:46 pm »
А со користење на заеднички делови како следното подвозје и цената ќе е поконкутентна. Со што директно добиваат крајните корисници.

Цената нема да е поконкурентна туку профитната маргина на VАG ќе е повисока. А крајните корисници нема да добијат пониска цена зошто овие цената ја држат стабилно високо. Значи VAG ќе стане најголем заради себе а не заради корисниците.

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #50 на: 20 Септември 2012, 14:45:05 pm »
Цената нема да е поконкурентна туку профитната маргина на VАG ќе е повисока. А крајните корисници нема да добијат пониска цена зошто овие цената ја држат стабилно високо.

+1

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29804
    • CARclub.mk
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #51 на: 20 Септември 2012, 14:48:25 pm »
Duh.

Секоја, ама баш секоја компанија сака да го направи тоа. Да ги намали трошоците за производство, за да има поголеми профитни маргини. Не гледам што е тука чудно, нити погрешно?

Не постои една компанија која работи за „доброто на луѓето“. Од друга страна, сите од 500.000-те илјади вработени во VW минатата година добија по 6277 евра бонус. Сите вработени вo Porsche добија по 7600 евра бонус.

Да видам Опел, или некој од Французите да го направи тоа. Ау да, заборавив, не можат пошто кај и да е ќе тропнат.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34166
  • Таков е животот... јебига
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #52 на: 20 Септември 2012, 14:50:12 pm »
Токму така...

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29804
    • CARclub.mk
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #53 на: 20 Септември 2012, 15:00:44 pm »
Од друга страна, сосема е неизбежно со мас-продукција да се стави под прашање квалитетот.

Е сега, една работа која луѓето константно ја прават е да споредуваат со возила произведени пред 20 години. Сосема погрешно, заради тоа што веќе едноставно не се прават возила што траат. Според некоја анализа што ја читав (и треба да ја најдам) возилата се произведуваат со предвиден животен век од 10 години. Сите компоненти што се вградуваат се очекуваат да траат до 10 години. За понатаму не се предвидени. Тие ќе траат, ама не се размишља воопшто.

И тоа е валидно за Европа, каде што луѓето купуваат нова кола, ја возат 3-4-5 години и ја шиткаат во вукојебина као Бугарија, Македонија, Румунија итн, каде што ние се маваме у груди пошто сме купиле BMW 320D за 5000 евра, а после тоа се жалиме дека треба ова да се смени, она да се смени, ова не работело, она не работело, па дека било скапо одржувањето. Извини, ама ако си купил за 5000 евра кола што нова коштала 40000 евра, немој да очекуваш дека одржувањето ќе те кошта исто као за Дачиа Логан или наследеното Југо.

Пак да го спомнам моментот со голфот за 4000 евра. Комедија, никаков репер за квалитет. Тој Голф којзнае што све прошол и издржал, и дошол во Македонија да се продаде за 4000 евра.

Еве, јас имам директно (фамилијарно) искуство со Volkswagen, и освен некои ситници, возилата немале никаков проблем. Фаланга од друга страна зборува за сериозни проблеми со одредена серија возила. Валидно. Во Македонија се носеа возила предвидени за источноевропски пазар, па затоа голем број од туарезите имаа проблеми со електроника, а голем број Q7-ци имаа проблем со замаглување на светлата. Јебига, кај секој производител има добри серии и лоши серии. За мене е (ништо лично Фаланга) многу поголем проблем што на 99% од Спарковите низ градов ради лошиот агол на фаровите и ваљда некоја дизајнерска грешка светлата им светат во небо и заслепуваат.

Од друга страна, Македонија не е репер за квалитет. Имаме ужасни патишта и никакво гориво. Секаде во свет се даваат подолги гаранции од кај нас. И тоа нешто значи.

На крајот на денот, се сведува на личен избор, мерак и задоволство. Во моментов ниедно возило од компактната класа не ми прави толку мерак внатре колку што ми прави Голфот. Да, некој ќе рече досаден бил, оваков бил, онаков бил. Во ред. Кожата на воланот во мојот Голф го оддава чувството на кожа. Кожата на воланот во i30 оддава чувство на пластика. Се си има свое.

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #54 на: 20 Септември 2012, 15:02:36 pm »
Да ги зголеми маргините на профитот ок е, ама да не се претерува во тоа, мое мислење е дека VAG малку претеруваат...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34166
  • Таков е животот... јебига
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #55 на: 20 Септември 2012, 15:06:09 pm »
За мене е (ништо лично Фаланга) многу поголем проблем што на 99% од Спарковите низ градов ради лошиот агол на фаровите и ваљда некоја дизајнерска грешка светлата им светат во небо и заслепуваат.

Нема зошто лично да сфаќам, не сум го дизајнирал јас. А у остало демек до дизајнот на Спаркот било а не било до токмакот кој го вози и знае дека треба фарот да се наштелува да свети како треба. Порано требаше мајстор за тоа ама сега го имаш прекидачот во лева рака. Башка работа е што најстариот Спарк е од 2006-та година и до сега е стар 6 години а да не спомнувам дека бројката е 1% (карикирам) од сите возила во државава од кои најмалку 30% се со расипани или раштелувани фарови.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55054
  • Махер
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #56 на: 20 Септември 2012, 15:08:40 pm »
Sekoj si ima pravo na svoe mislenje. No sepak moze da ispadne deka mnogu drugi preteruvaat desetici pati poveke.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2854
  • Слобода или смрт
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #57 на: 20 Септември 2012, 15:17:57 pm »
голфот од 4000 евра е сосема валиден аргумент. И тоа од два аспекта. Еден е дека постои она верување дека вњ се поквалитетни па народот ги плаќа повеќе. Ова го руши тоа. Плаќаш повеќе за ништо
Ова ни докажува дека квалитетот на голф, мерцедес и секоја кола после 10 години никој не ти го гарантира? Но упорно ќе се најде некој кој ќе каже абе земи вњ мака немаш. И така дадеш чудо пари ама испадне дека имаш мака. Возеш просечно возило со просечни перформанси по висока цена.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29804
    • CARclub.mk
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #58 на: 20 Септември 2012, 15:19:50 pm »
Многу ме интересира, која година е Голфот, колку километри (реално) има поминато и кој мотор го вози?

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9118
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #59 на: 20 Септември 2012, 15:26:38 pm »
голфот од 4000 евра е сосема валиден аргумент. И тоа од два аспекта. Еден е дека постои она верување дека вњ се поквалитетни па народот ги плаќа повеќе. Ова го руши тоа. Плаќаш повеќе за ништо
Ова ни докажува дека квалитетот на голф, мерцедес и секоја кола после 10 години никој не ти го гарантира? Но упорно ќе се најде некој кој ќе каже абе земи вњ мака немаш. И така дадеш чудо пари ама испадне дека имаш мака. Возеш просечно возило со просечни перформанси по висока цена.


Abe, zboruvas za kvalitet na koristeno vozilo. Pa ti aren li si so sakas da pokazes. ja znaes li ti istorijata na toa vozilo pa da tvrdis deka ako ne zapali utre necini bilo koe da e VW, ZASTAVA, MERCEDES

Daj malce razmisli...so sakas da pokazes. Jas ke ti dadam lada samara 15 godini stara pali vozi moja bese i redovno odrzuvana so realna km od 150k kilometri i sea. ladata e pokvalitetna li od golfot podobra e ....