Ви се погодил.
Икејаро пошто не знаеш. Службено имаме 7 комада Поло 1.2, 1 х Поло 1.4, 2 х Туарег 3.0 V6 TDI, 2 х Тигуан 2.0 TDI.
Сите Половци до едно страдаат од сензор на брегаста осовина кој се менува 2-3 пати годишно. Исто така на сите им страдаат предниците, не можат да се ценрираат оти чаурите им откажуваат на 40.000 км. На сите им се расипани бравите за верглање (заглавуваат) па со судни маки можеш да заверглаш. Сите се со поминати најмногу 40.000км освен едно кое има 60.000.
Едниот туарег заврши со заебан диференцијал (4000 евра замена). А двата неколку пати се шлепани од Србија до Скопје. Белград изгледа им е баксуз град.
Единствено Тигуаните немале ниеден дефект. 2.0 TDI моторот им е одличен, затоа во поново време само за нив се вади зелен картон... и за полото со 1.4 мотор, тој не страда од сензор на брегаста

Иначе јас имам Буба 1300 од 73-та година. Хаварисана. Пред кадетот да го наследиме имавме иста таква буба и Голф1 1.1. Постарите Фолксвагени дефинитивно се помалку расипливи, нормално бидејќи се и поедноставни.