Се дискутира за квалитетот на ВЊ

Колку што не држи вода примерот со Голфот од 2001 од увоз уште повеќе не држи вода говорењето за успешноста во менаџирањето на марката и нивното успешно интегрирање на девизата една платформа за сите класи ( која за жал ја прифатија сите поголеми производители).
Денес фолксваген е надминат кога е во прашање квалитетот на производот но исто така е надминат кога се во прашање стилот ( доколку некогаш го имал), возните својства, чувството кое го има возачот зад воланот и.т.н. Фолксваген е добра инвестиција за некој кој си ги цени парите и внимава како ги троши. Тоа е неговата единствена особина која може да ја окарактеризираме како најдобра. Кога ќе купите ВЊ знаете дека лесно може да го продадете и да земете солидна сума пари за него. Новите коли се многу скапи но и многу брзо ја губат вредноста. Без разлика во која средина се живее секој сака да изгуби што помалце. За луѓе кој очекуваат малце повеќе од своето ауто никогаш не купуваат ВЊ без разлика за која класа се работи. Во светски размери такви луѓе се мањина и тоа резултира со подем на марки како ВЊ Хјундаи, Тојота, Киа и слични. Од друга страна, со чест на искључоци, еден човек во својот живот менува/купува 2-3 автомобила, зашто наместо да мислам колку евра ќе ми изгуби да не уживам во него.
