Многу фактори влијаат тука. Факт е дека квалитетот од минатиот век и сега од 21век нее ист, за се, не само во автоиндустрија, туку општо во било кој индустриски сегмент, од храната да тргнеме еве. Пред 30години производителите се бореја да бидат препознатливи и да изградат имиџ на квалитет, иновација, 90% од компонентите беа од домашните добавувачи, возилата прпизведени во матичните земји, за разлика од денеска каде со целокупниов технолошки напредок се гледа само на масивно производство и штедење на квалитет, за 90секундк излегува по едно возило од производствена лента, брзање, типичен капитализам за побрзо печалење пари. Во Македонија која нема абер од индустрија се произведуваат инсталации за возила од 20.000 евра па до до преку 200.000 евра, во Кромберг секој ден пристигнувале жалби од погонот на Мерцедес во Шпнија за не до врзани кабли, не изолирани, покусо исечени. А БМВ го премести проектот од Македонија во Холандија. Секој ден вакви пропусти има, на секаде во светот каде се произведуваат компоненти и делови за големи гиганти и корпорации.
Добро, факт е дека азиските производители, јапонските и корејските брендови по сите статистики а и искуства држат уште на квалитетот иако се произведуваат надвор од Јапонија и Кореја.Во видеово имаше коментар: "Јас сум Германец и потврдувам дека 20 години не возам од нашите коли, 20 години возам Тојота или Мазда, мојата последна кола е Мазда".
Тојота е огромен гигант, исто се произведува ширум светот, но како им успева да го задржат квалитетот, сега испаѓа дека Тојота Корола произведена во Турција има подобар квалитет од возило произведено во Германија, а и скоро сите брендови набавуваат компоненти и делови од исти добавувачи, ама сепак едните плаќаат повеќе за квалитет. Очигледно дека Европскиве брендови потфрлуваат тука, на штедење е удрено најмногу. Од метални хауби, врати, сега имаме пластични, ама важно немаат шуплив звук, тоа е битното, за разлика од Тојота каде се уште употребува лим, ама лимот вадел шуплив звук на затварање врата, како тоа да е ептен важно. Капитализмот е удрен на најјако! Штедење и само штедење! Некогаш синоним за квалитет беа сите производители, а сега кој од кој ветар во магла.
Само, без разлика на се, кај нас на балканов, без разлика во кој правец оди автоиндустријата, нашиов народ ќе вози половни германски коли. За подалечен видик да се смени друго, тешко. Секош ќе има стереотипи и предрасуди.