Се мислам помеѓу 2014 Golf 7 1.2 TSi 86кс или 2010 Golf 6 1.4FSi....Пошто сепак се користени коли, со значителна километража 80-140.000км
повеќе ме влече накај 6ката заради страв од проблемите на 1.2TSi од 6ката ама па турбото е друга кола а цената им е малтене иста на двете понуди.
И читам по нет дека го опраиле во 7цава, место ланче стаиле каиш, подобро турбо, па да си прашам на форумче искуства, препораки, совети.
Специјално за тебе сум се логирал.
Види
@dame што ќе каже, мислам дека истиот беше неговиот...
Никогаш не ми стана јасно зошто мораа да го направат и со 86 коњи, освен за помали давачки за регистрација, ама ете...
Можеби било за инат.
Тоа со ланците - многу пати е пишувано, ама се заборава, сепак е одамна
До 2010 Декември извадените - _многу_ имале проблем, па правеле она recall...
Мојот е Пролет 2011-та. Ланецот го сменив чисто заради тоа што наполни 140.000км.
Видливи проблеми - немаше.
Инаку, со 77kw/105 магариња, максимална брзина (при идеални услови) е 195км/ч.
Мислам дека Голфот е малку полесен... а, постабилен сигурно - така да, лесно ќе вози со културни 150-160км/ч, многу полесно од моево чудо.