И јас би сакал да го рутирам и апдејтувам ромот на Sony Xperia Tipo (S21i), како и од 800 mHz да го оверклокнам на 900, на 1000 читав дека може да е нестабилен системот. Терминологијата и процесите за рутирање, апдејтирање и оверклок не ми се познати (не сум ги вршел претходно) па ако се вртка некој туторијал за апсолутни почетници, би сакал да ми го доставите во ПП.
Мартин, не знам дали е дозволено да ставам тука линкови, имаш ПП за рутирањето на Типо - то.
знаеш што ќе добиеш со 100 мегахерци повеќе на процесорот ?
НИШТО!
Јас на X8 мицата порано оверклокував и добив доста на брзина како и на перформанси при играње. 600 има фабрички, го клокнав на 728 и ја осетив таа разлика во брзината. Особено во играњето, како што реков.
А за пократок век на батеријата, тоа е точно. Сепак, јас не би препорачувал оверклокување процесор летно време, бидејќи ќе загрева многу. Со играње (со оверклокуван) батеријата знаела да стигне и до 49 степени. Телефонот едвај се држеше.
@Спенсер
Нема што да не си сигурен, нема нешто што би те предомислило.