Досеа доби 6 фактори ресети, ама ради мене. Мислам дека најголем бенефит добив од преработениот кернел и switch-от на интерната меморија и СД картицата.
Сега фактички сите апликации се складираат на картичка наместо во меморијата на телефонот, а меморијата на телефонот е послободна за мултитаскинг и слично.
Го користев Gimlo ROM од чиста причина што е базиран на самиот Xperia оперативен систем и според мене побезбеден за инсталирање. Има 3 launcher опции за бирање, покрај фабричкиот, и има многу други подесувања, кои после 4 фактори ресети сфатив дека не ги бива, и си се задржав на се фабричко, освен статус менито кое е исто фабричко, само ги има алатките за WiFi, Bluetooth, Data traffic и слично (што досега ги имав како виџети на хоумскрин и ми јадеа батерија).
Сега откако видов дека не е ништо страшно, ќе одам на Cyanogenmod, кој е комплетно независен од Xperia OS и нема допирни точки со ова што го имам сега. Cyanogen би требало да биде 2 пати побрз од ова сега, затоа што многу позадински процеси кои воопшто не се користат таму ги нема.