Пишувам на стара тема, а исто така ова ми е пишувано пред 2 години но може ке му помогне на некој.
Рутирање (Root)
Рутирањето е процес кој Ви овозможува да добиете привилегирана контрола (која е позната како root пристап) внатре во Линукс подсистемот - Андроид.
Со самото рутирање на Вашиот уред добивате:
1. Целосна контрола на системот.
2. Можност да измените системски фајлови,мегу кои:
-Themes
-Android Core applications (maps,calendar,clock...)
-Recovery Image
-Bootloader
-Custom ROM и друго.
3. Да стартувате специјални апликации кои го контролираат целиот систем
- SuperUser ( Овозможување/Одбивање на root пристап до некоја програма)
- Task Manager For Root ( Убивање (kill) на апликации кои не можат да бидат убиени инаку)
- Tether App's ( Поврзување преку Wi-Fi,Bluetooth,2G/3G)
4. Креирање на бекап (Backup) на целиот систем
5. Преместите кешот од броусерот/мапите/маркетот на мемориската картица.
6. Преместите веке инсталирани апликации на мемориската картица.
7. Лесно да го рестартирате телефонот преку терминал ( su -> reboot )
Маркет (Market)
Маркетот е онлајн продавница за софтвер развиена од Google за Андроид уредите. Апликацијата по име Market е претходно инсталирана на повекето Андроид уреди и им овозможува на корисниците да пребаруваат и превземат апликации објавени од програмерите,хостирани на Андроид Маркетот. Корисниците истотака можат да читаат детални информации за секоја апликација посебно. За да можете да го користите Маркетот потребно е да имате акаунт на Gmail. Откако ке се најавите на акаунтот на Gmail ке можете да го пребарувате Маркетот.
Инсталирање на апликации
За да инсталирате апликации од Маркетот едноставно пронајдете ја апликацијата и одете само на Install. Откако ке заврши превземањето апликацијата автоматски ке се инсталира.
Доколку сакате да инсталирате апликации (.apk фајлови) кои не се од Маркетот: Отворете го фајлот (.apk) и изберете Install. Доколку Ви се појави порака Install Blocked изберете Settings и таму штиклирајте Unknown sources.
За инсталација на апликации од телефонот/мемориската картица потребно е да имате инсталирано File Explorer или Applications Installer. ( ES File Explorer,Astro и други)
Доколку користите Андроид верзија 2.2 ке можете да ги преместувате апликациите од телефонот на мемориската картица. Ова е можно и на Андроид 2.1 но ке треба да инсталирате скрипти и да ја партиционирате картицата.
Кастум РОМ (Custom ROM)
Тоа е "дотерана" верзија на РОМ од некој изработувач. Бидејки Андроид е open-source,изработувачите го земаат фабричкиот РОМ и го модифицираат,оптимизираат и додаваат што можат и сакаат.
Постапката за рутирање/промена на РОМ и сл. е различна за секој модел.