Автор Тема: Root,Overclock,Custom ROM,Jailbreak itn.  (Прочитано 13383 пати)

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Root,Overclock,Custom ROM,Jailbreak itn.
« Одговори #15 на: 16 Септември 2012, 16:05:38 pm »
Права ствар ! кастм ромче рутиран телефон! Имав едно андроидче со 2.1 го средив за саат време, со Cyanogen 2.3.5 изглеа беше, телефонот беше нов! леташе у секој можен поглед! прекрасно нешто :) малце гугл поише и се се наоѓа!

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Root,Overclock,Custom ROM,Jailbreak itn.
« Одговори #16 на: 16 Септември 2012, 18:22:30 pm »
@zile

со рутот ќе можеш сите апликации да ги ставиш на мемориска па дури и самиот софтвер ;)
не треба додатни програми

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Re: Root,Overclock,Custom ROM,Jailbreak itn.
« Одговори #17 на: 16 Септември 2012, 18:47:28 pm »
Епа чим е така, супер. Само уште да најдам начин како да го рутнам

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Root,Overclock,Custom ROM,Jailbreak itn.
« Одговори #18 на: 16 Септември 2012, 19:05:31 pm »
на youtube?

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Root,Overclock,Custom ROM,Jailbreak itn.
« Одговори #19 на: 16 Септември 2012, 19:06:07 pm »
ZilePunto што телефон имаш?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Root,Overclock,Custom ROM,Jailbreak itn.
« Одговори #20 на: 16 Септември 2012, 19:18:39 pm »
јас го рутирав со z4root,лесно и едноставно само стискаш root и завршена работа,башка и има опција un-root така да го препорачувам,али да се користи само до 2.1 андроид на понов на хтц десире(андроид 2.2) не фати

Оверклок на лаптопи не само што не е препорачливо туку е и невозможно од сам старт...

поради загревањето?

Загревањето е една од причините. Втора причина е што ќе троши повеќе струја а напојувањата на лаптопите се многу нежни, минијатурни и правени едвај да ги задоволат потребите на лаптопот со фабричлки брзини. И како последно лаптопските процесори и така и така имаат незавидни перформанси. Што ако добиеш уште само мал процент и на онака слабата процесирачка моќ.... за тоа служат десктоп компјутери.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Root,Overclock,Custom ROM,Jailbreak itn.
« Одговори #21 на: 16 Септември 2012, 22:28:10 pm »
@zile

со рутот ќе можеш сите апликации да ги ставиш на мемориска па дури и самиот софтвер ;)
не треба додатни програми

Ova mi treba za x8-ca.

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Одг: Root,Overclock,Custom ROM,Jailbreak itn.
« Одговори #22 на: 17 Септември 2012, 11:04:15 am »
za x8-ca celioot proces od pocetok do nov rom trae 30 munuti. prvun treba da se nadogradi na posledniot baseband pa posle drugute raboti po red, root, kopiranje na fajlovi, unstaluranje na nov bootloader i na kraj romot.

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5193
  • Пиши лаже
Одг: Root,Overclock,Custom ROM,Jailbreak itn.
« Одговори #23 на: 09 Јуни 2013, 19:54:58 pm »
Пишувам на стара тема, а исто така ова ми е пишувано пред 2 години но може ке му помогне на некој.

Рутирање (Root)
Рутирањето е процес кој Ви овозможува да добиете привилегирана контрола (која е позната како root пристап) внатре во Линукс подсистемот - Андроид.
Со самото рутирање на Вашиот уред добивате:
1. Целосна контрола на системот.
2. Можност да измените системски фајлови,мегу кои:
-Themes
-Android Core applications (maps,calendar,clock...)
-Recovery Image
-Bootloader
-Custom ROM и друго.

3. Да стартувате специјални апликации кои го контролираат целиот систем
- SuperUser ( Овозможување/Одбивање на root пристап до некоја програма)
- Task Manager For Root ( Убивање (kill) на апликации кои не можат да бидат убиени инаку)
- Tether App's ( Поврзување преку Wi-Fi,Bluetooth,2G/3G)

4. Креирање на бекап (Backup) на целиот систем
5. Преместите кешот од броусерот/мапите/маркетот на мемориската картица.
6. Преместите веке инсталирани апликации на мемориската картица.
7. Лесно да го рестартирате телефонот преку терминал ( su -> reboot )


Маркет (Market)
Маркетот е онлајн продавница за софтвер развиена од Google за Андроид уредите. Апликацијата по име Market е претходно инсталирана на повекето Андроид уреди и им овозможува на корисниците да пребаруваат и превземат апликации објавени од програмерите,хостирани на Андроид Маркетот. Корисниците истотака можат да читаат детални информации за секоја апликација посебно. За да можете да го користите Маркетот потребно е да имате акаунт на Gmail. Откако ке се најавите на акаунтот на Gmail ке можете да го пребарувате Маркетот.

Инсталирање на апликации
За да инсталирате апликации од Маркетот едноставно пронајдете ја апликацијата и одете само на Install. Откако ке заврши превземањето апликацијата автоматски ке се инсталира.

Доколку сакате да инсталирате апликации (.apk фајлови) кои не се од Маркетот: Отворете го фајлот (.apk) и изберете Install. Доколку Ви се појави порака Install Blocked изберете Settings и таму штиклирајте Unknown sources.

За инсталација на апликации од телефонот/мемориската картица потребно е да имате инсталирано File Explorer или Applications Installer. ( ES File Explorer,Astro и други)

Доколку користите Андроид верзија 2.2 ке можете да ги преместувате апликациите од телефонот на мемориската картица. Ова е можно и на Андроид 2.1 но ке треба да инсталирате скрипти и да ја партиционирате картицата.


Кастум РОМ (Custom ROM)
Тоа е "дотерана" верзија на РОМ од некој изработувач. Бидејки Андроид е open-source,изработувачите го земаат фабричкиот РОМ и го модифицираат,оптимизираат и додаваат што можат и сакаат.


Постапката за рутирање/промена на РОМ и сл. е различна за секој модел.
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7385
Одг: Root,Overclock,Custom ROM,Jailbreak itn.
« Одговори #24 на: 12 Јуни 2013, 15:50:12 pm »
Сакам да го рутирам мојот HTC desire X. Што може да заебам и колку ќе ме чини оправка ? ;D

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Re: Root,Overclock,Custom ROM,Jailbreak itn.
« Одговори #25 на: 12 Јуни 2013, 15:59:36 pm »
Мали се шансите нешто да заебеш со рут, треба да си ептен баксуз :)

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7385
Одг: Root,Overclock,Custom ROM,Jailbreak itn.
« Одговори #26 на: 12 Јуни 2013, 16:08:09 pm »
Дообро, значи да барам туторијал и да отпочнам постапка :)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Root,Overclock,Custom ROM,Jailbreak itn.
« Одговори #27 на: 12 Јуни 2013, 16:10:14 pm »
Дообро, значи да барам туторијал и да отпочнам постапка :)

Пиши ко ќе завршиш :D

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Root,Overclock,Custom ROM,Jailbreak itn.
« Одговори #28 на: 12 Јуни 2013, 16:19:52 pm »
Спенсер ако не ти се брза, причекај ќе побарам испробани инструкции покасно па ќе ти ги пишам по пп, или овде.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7385
Одг: Root,Overclock,Custom ROM,Jailbreak itn.
« Одговори #29 на: 12 Јуни 2013, 16:21:00 pm »
Епа ајде :) Јас на гугл најдов, ама ајде ќе те почекам/