156-ка 2.4 е една приказна,166-ка 2.4 е друга приказна.Дали малку или многу различна сепак е друга приказна.Се имам возено во 156-ка 1.9 со 105кс и разликата помеѓу 1.9 и 2.4 е огромна.Плус се мислам и во караван верзија,затоа одлуката падна на 156.Но најпрво е да најдам некоја која мене ке ми се допадне во опременост,ентериер,состојба и сл.Не дека нема шанси за 166-ка но сега прво разгледувам 156-ки.
Значи едно е 105КС ...Друго е 116...а сосема трето е 140/150КС
Јас ја имам 116 верзијата во 147, што во основа е сосема исто со 156. Мислам дека 2.4 е претежок мотор за таа шасија и ќе биди како чекан кога ќе влегуваш во кривини.
Ај мене да не ме слушаш ајде...ама Симо да не го слушаш е тоа е веќе тврдоглавост
Земи си 166 и шо викаме во БТ „Да те види госпо“
Силно, шмеќерско количе! Со 156 2.4JTD нема многу да се издвојуваш. Ние во душата сме кабадаи брат
166 е друга приказна.
Искрено не знам колку троши 2.4JTD од некои слушам дека 10 градска 7 отворена (во 166 шасија) ама искрено не знам.
1.9JTD од мое искуство ти кажувам дека градска е 6-7литри (ако си играш со турбината
) отворено е 4,5-5л/100км со 120. 5,2-5,5 со клима.
Гарантирам со глава за овие податоци