А кај татко ми визуелно колата ќе биде стакло значи нема да има ни една гребаница ама за тековно одржување знае да менува само масло се друго кога ќе се расипе ама не полурасипано туку дефинитивно да откаже. А додека може да тера па макар работело сосема лошо нејќе да менува.
Потполно иста ситуација и кај мене
Пред неколку дена ме носи таткоми на работа, и сијаличката за уље трепкаше по малку. Се вратил дома, нит проверил уље ни ништо. Утредента ја прва смена, ај да идам на работа, коа и таткоми станува, синкоо земи од подрум уље дотури пола литро, ја не турив вчера. Отворам, проверувам уље, ни 300 грама немаше, само една капка на самиот врв од шипката.
А што е најтрагично, пред 1 месец има купено 4 литра уље, а летоска јас земав и филтер и ете сеа 10 години ке му треба да го смени. Башка што едно 3 години нема сменето уље и филтер, само се дотура. Му викам значи кога ке го зарибаме, цацко е крив што не си сменил уље, за 10 минути работа, и таткоми, ај доста, иди дотури пола кило и вози
невозможни се ова постариве луге што поседуваат кадети
А најтрагично е што по занимање е автомеханичар, ама како рекле, кондураџијата оди бос