пикапчето што каобајаги го продавав... сепак падна одлука да го извадам моторот од него и да го сместам во ескордот на моја лепша половина... тој нејзиниот се супер, влече како луд арно ама и троши како лудо... башка на гумици на вентили ептен беше ојдено, ребраст каиш не е сменет бајаги време, а и водна пумпа протече... се у свему нејќев тој мотор да го оправам, иако за мали пари се оправа, затоа што за моја лепша половина сепак треба нешто економично, а не нешто што иде 200 ама и троши 12... вака сега дизел ке си тера со 6-6,5 градска...
целата зезанција, заради немањето доволно време во тековниов период ке се одвива во неколку етапи. првата секако е “корнење“ на дизелот од пикапот и негово досредување... ептен греота е кога го имаш на маса пред тебе да не му смениш семеринзи, ребраст каиш, затегачи, лагери ламела, потисна... знаеш средиш сега и мирен си бајаги време...
еве како почнува муабетот: (п.с. со мобилен сликам....)
си седеше така пикапов некое време (а има и регистрација уште 8-9 месеци), качен на оваа бетонскава шахта
и денес конечно го дотркалав (со палење се разбира) пред гаража му отворив хауба за да си евидентирам за последен пат како изгледа тој мотор во оваа школка...
и кога конечно после 2 саати пупење над него (со моите 150- кг не е лесно верујте, кичмата ми ојде) му ги разоткачив сите кабли, црева и цевки од него, пикапот заличе на ова:
секако, 17 години таложење на него прљавштини, веројатно никад до сега не сменет семеринг нитуеден, замастен моторот до коска.. од сите семеринзи по малку капе, од дихтунг на капаче исто така.. иако тоа се смешни пари, јбг... немло кој да ги смени... полесно е да фркнеш литро уље кога ке осетиш дека нема одколку да се зезаш со семеринзи...
и мајстор боро, зеде низ гаража, прибра нешто фамин, нешто нафта и нешто бензин, го измучка во за него познат состав и количина, клекна до него, и почна да прска:
после прскањето, следеше плакнење со вода (на некоја слика и се гледа зеленото црево, цело испокрпено со селотејпи, јбг, мајсторска работа), па одкако одстои околу 15-20 минути, повторно нов микс на хемикалии, од пак само за боро познат состав и количин... пак беше фамин, бензин и овој пат концентриран сјај... овој пат јас прскав... убаво се изнаголтав прашина од хемиклијата... ама кога на крај го прснав со црево моторот излезе како нов... јас сум трљал до сега со четка со бензин или нафта, ама вака чисто ебаго, не сум знаел дека може...
после тоа следеше вадење и промена на ребраст каиш, семеринзи, затегачи, лагерчиња и греачи. секако ако приметивте капакот од главата на моторот има еден црн круг од десна страна.. круг, кој што не треба да го има... во меѓувреме набавив и друг капак, со нов дихтунг и секако и тој беше заменет... вечерва машината е комплетирана... само од целиот замор и трчања по делови лево десно не успеав да го документирам тој момент... утре вфетувам неколку слики од него до сите страни...
патем речено утре “би требло“ од ескордот да го вадиме бензинецот... и тоа ке го докуметирам...
за денес толку...