Тоа со просечната плата е нереално,зошто?
Како прво македончето работи по 260 часа месечно а е пријавено дека работи по закон од 180 часа месечно,зборувам во приватниот сектор,ретко која фирма работи по закон.
Па ако за 260 часа зема плата од 300 евра,за 180 часа испаѓа дека зема 200 евра,но во најдобар случај.Повеќето се осигурано на пола работно време а работат по 260 часа.
Комшија мој работи во ИГМ Трејд во Кавадарци,пред 2 часа правев муабет со него и ми вели,брат овој месец што помина имаше 31 ден,сите 31 ден бев на работа работев,немав ниту еден слободен ден,цел месец,секој божји ден бев на работа,од пон до петок по 10 часа за викенд некогаш 10 некогаш 8 часа,за плата од 300 евра од кои 200 преку банка 100 на рака.Па каде живееме,да завршам факсот и бегам од тука,ова е бетер од африка.