Јас не можам да престанам да го фалам Јетито наваму-натаму. Едни пријатели по моја сугестија купија Јети (и тоа малку претераа со опрема, земаа 2.0 TDI 140 4x4 DSG) и ПРЕзадоволни се од колата.
Да имаа Пошре Македонија на лагер верзија што ја сакав (или приближна на неа)
(Елеганс плус додадена опрема, 2.0 ТДИ 170кс, 4x4 со мануелен менувач веројатно ќе ја купев (поготово што имав проблем со Макпетрол, па ме фати сафра веќе). Тоа лето одевме за Австрија на одмор, и пре тргање се јавив уште еднаш да прашам дали имаат, за жал имаа само 2.0 ТДИ 110 кс, со Ambition.
Инаку да купев Јети со таква опрема, свесен сум дека ќе изгубев многу при продавање во иднина, бидејќи кај нас Јети се купува во некое основно ниво, што кошта до 15000 еур. Се над тоа , при препродавање некој ќе го добиеше гратис.
Кај ЦР-В е добро што се продаваа само со многу опрема (Lifestyle), па при препродавање не би изгубил многу ради опремата.
Моето чинеше 22000 еур официјална цена. Сегашната Lifestyle верзија на новиот модел (кој мене лично ми е многу поружен), чини 29000 еур. Ако го продавам , веројатно со малку среќа и упорност не би изгубил премногу.
Да купев Јети со таква опрема ќе ме кошташе 3000 еур повеќе од ЦР-В во, и свесен бев дека при препродажба ќе изгубев многу, ради предрасудата за Јети кај нашиот народ
Во Јети то имав две маани инаку :
Крцкање на сребрените пластични украсни прстени околу брзинометар/обртомер
Ивицата на средната конзола долу, ми притискаше на коленото на начин да ме боли после некое време. Ова веројатно не бев доволно добро наместен