Уште едно возило чија намена не можам да ја разберам, и кое го доживувам ко најпозерско од сите ми е BMW X6.
Зашто некој би купил X6 место X5 Ако веќе му треба практичност?
И зашто некој би купил X6 место 5 -ка, ако веќе сака возни карактеристики?
Шознам? Поаеродинамична е X6-ката и на долги стази има поголем домет? (не знам дали стварно е, тропам на памет)
Јас би направил посебна класа на SHOW OFF CARS каде што припаѓаат ваквите возила
Но во таа „класа“ имаш претставници од сите видови возила. Таа специјална класа никако не е ограничена на „џипови“ (боже колку го мразам овој израз, ќе повратам врз тастатурава)
Зошто некој би купил 3.0 TDI со дупла турбина? Побрзо ќе го извози Скопје - Демир Хисар од 2.0 ТDI со една турбина?
Нема поголем домет во дизелска варијанта, или ако има е нешто смешна разликата и не вреди жртвата на практичност.
И веќе ако му е битен дометот, ќе купи 5 -ка, уште поаеродинамична и уште поголем домет (плус бољи возни карактеристики).
3.0 ТДИ у однос на 2.0 ТДИ сигурно праи ќеиф поголем. Не само побрзо да извози Скопје-Демир Хисар, туку општо можда прави поголем ќеиф самиот осет на снага и торк колку сакаш без граници.
Тука сепак има некоја разлика што можеби вреди или не. И повеќе ценам некој ако купи 3.0 ТДИ во однос на 2.0 , одколку некој што купил кола без поента, освен да покажеш колку имаш пари, и колку немаш стварно стил и ентузијазам за нешто (ко што е X6 )
Башка што не сите возат само Скопје-Демир Хисар, има и што возат Скопје-Минхен или Скопје-Берлин, па таму и има уште поголем ќеиф.
И не реков дека е само за СУВ -ови, ама треба да постои како назив: SHOW OFF CARS
Мене X6 ми е нај таква
Имате идеја за други?