Дечки, пред некој ден имав непријатно искуство на Тетово -Скопје со пежото удрив куче, поголемо, на првиот мост после угорницата. Жив и здрав сум. Ама 207-чето е ко паднат војник. Имам скршен браник, фар со се моторче, долна пластика за заштита на мотор. Другите делови не знам, возилото го кренав, сликав(ми беше шубе да го возам да не има проблем со моторот нешо, да не капе уље и слично), и префрлено пред сервис во Олимпиа. Песот е исто сликан. Возилото не е каско осигурано, па кави ми се шансите со добар адвокат да ги тужам Македонија пат и агенција за патишта. Или да не си трошам време.