Бетонските автопатишта се прават со одредена намена, а не дека се заборавени од Хитлер. Еве конкретен пример кој возел на меѓу Нирнберг и Лајпциг или Кемниц до Дрезден е бетонски автопат а се реновирани пред неколку години. Исто пред еден месец возев Брно-Прага и таму автопатот беше тежок крш со ненивелирани бетонски плочи, а сега го реновираат и пак го прават бетонски. Со добра кола не се чувствуваат спојките ама мене повеќе ми е језив филингот како да возиш по шини заради надолжните жлебовите. Бетонските се градат побрзо, траат повеќе и се поотпорни на сол и на мраз.