Вечерва, возејќи покрај Собрание во правец накај Кисела Вода, пред мене во средна лента вози мерцедес, кој полека се престројува на десно. Како стига до раскрсницата, одеднаш застанува во место и почнува од средна лента да врти лево. За малку ќе го удрев, успеав да закочам на неколку метри од него.
На Партизанска, кај пешачкиот семафор кај Сити Мол имаше еден искршен мотор на земја, друг потрпен на жардињерите, а со Брза Помош собираа човек во моментот. Не знам што-како се има случено, ама ќе земам за право да претпоставам дека улавеењето по улиците си го зема својот данок. Се надевам дека е добар и дека ќе му дојде паметот.
Ова само дел од мал милион поситни и поголеми прекршоци вечерва. Скопје станува неподнослив град за возење навечер.