Искачам вечерва да ја соберам момата за на состанок, 9:40 тоталка пред градска болница помеѓу такси глобал киа и некоја друга азиска кола од 90тите, ротација се гледа на 100 метра, ербегови имаше пукнати, луѓето стоеа покрај колите. 1:30 на Иво Рибар Лола пред млечен, во трафика сум, прелетува нешто на учица.. ПРЕЛЕТУВА, 4 секунди ми требаа да искочам на улица да видам што се десило, говедото веќе го помина семафорот со рузвелтова, на пола пат до кружниот тек, 180 на саат, девојката ми рече колата се занишала, нормално семафорот црвен а коли имаше доста, немаше сообраќајка. 4 часот, тоталка пред собрание на 25 метри од претходната, една удрена кола стоеше, другиот избегал. На кутрото пежо моторот му се гледаше.
Ах бе македонче бе, куршум у глава само.