Денеска за малце ке си отворев работа. Одеме со жената до продавница и сакавме малце да прошетаме низ чаршијата, ама падна снег(странција) и заледено и викам ај ке направеме кругче со колата. И така кренавме на едно убаво место за прошетка, стар пат кој води кон едно мало село, помислив да не е претрупано снег и да не е чистено, викам ке провереме на почетокот ако бива ке одеме. Сега на почетокот убаво, има коли возено, во шумата имаше на некои места виснати дрва, прекрасно за око, арно ама патот не бил исчистен и возен до крајот на другото село што ние не знаевме, а и логично е чим коли возеле и прооден е патот до крајот треба да е така. И еве го сценариото. Не знам дали спомнав, тоа е стар пат со една лента што не се користи многу и кадешто на некои места е прошируван за да се разминат 2 коли. Значи има едно место каде прво малце е надолу па потоа е ридче/нагоре(35-40% можда и више угорнина)и патот беше со снег ама лентите кај тркалата чисти, мене ме фати страв таму да не заглавам али добро поминав и таман излезев на ридчето кога одеднаш колата пропадна. До таму било чистено, патот натрупан со снег и мислев сантим два е снег, како што имаше помеѓу лентите(местото каде што се движат тркалата, помеѓу тркалата тој дел). Не беше воопшто прегледно пошто се качував по ридче и силен ветер со снег натрупало цел пат. Заглавивме со жената, ни напред ни назад. Левото тркало напред и задно лево испаднале од пат. Кога отворив вратата, имаше снег височина над прагот, едвај отворив врата. Ѕвонивме прво на пожарна, па не префрлија на полиција а тие не упатија на друго место. Жената излезе, јас копав кај тркалата, од левата страна пошто беше испаднато од патот имаше више снег. Во близина фарми ама никој не живее, плус задна вуча, плус селски пат со една лента... надвор снег ветер на врв на ридче -3 степени... среќа почна малце напред назад, копање кај тркалото и после саат и више излезев на патот али патот назад е долина.... среќа баш близо имаше место каде што беше проширен за да се разминат коли и полека полека ја завртив и ете и тоа искусив, битна лекција и искуство воживотот од цели 2 саата. Не ми текна да сликам ни на крај памет, само чекав дома да си дојдам.... знам и ја сум за ебење, што мајка барав таму, ама како може бре да чистат пат така до пола и више и одеднаш оставиле.... нејсе со малку поминав, мрзнење 2 саата на ветар и снег, и строго се надевам дека не сум направил дополнителна штета на колата, на борд ништо не покажа, па ке видеме и така скоро оде на регистрација